Број 2845  понеделник, 24 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Кризата го намали кредитирањето на возила на лизинг

Во просек, секоја лизинг-компанија одзема по десет возила годишно

Соња Маџовска

И лизинг-компаниите стануваат многу попретпазливи во склучувањето договори за купување автомобил. Недисциплината во плаќањето на ратите, а потоа и долгата постапка при одземањето на возилата, и фирмите што нудат вакви услуги ги направи многу поконзервативни. Во просек, се одземаат по десет возила годишно. Лизинг-компаниите во овој период ги зголемија и каматите во просек до 1 отсто, а е зголемено и учеството што се бара уште при склучувањето на договорот. Наместо досегашните 5 отсто, сега се бара учество од 15 отсто од вредноста на автомобилот.

Недисциплината во плаќањето на ратите е редовна појава, хронично се соочуваме со непочитување на договорите, велат од „Еуролизинг“. „Кога е неизбежно, одиме на раскинување на договорите. Но, затоа сме многу внимателни при одобрувањето. Годинава се склучени само 210 договори за купување автомобили на лизинг, а десет од нив се одземени. Можеби требало и повеќе, но долга е постапката при одземањето на автомобилите. Некои од нив не сме ги ни нашле. Тоа за нас го спроведуваат специјализирани агенции“, велат од „Еуролизинг“.

Од лизинг-компаниите признаваат дека опадната е флексибилноста при склучувањето на договорите по настанувањето на кризата, затоа се заострени и критериумите, меѓутоа доколку клиентот ги исполнува сите услови, брзината на одобрувањето е останата иста, за еден-два дена се одобрува финансирањето.

„Затегнувањето на условите најмногу е во поглед на учеството, кое е зголемено на 15 проценти. Пред еден месец ги зголемивме и каматите во просек од 0,5 до 1 отсто и сега тие изнесуваат околу 10 отсто за возила. Раскинувањето на договорите се' уште може да кажеме дека е на ниско ниво, односно 0,5 отсто од вкупните одобрени договори - 1.225 склучени годинава, главно, за купување автомобили. Доколку клиентот не плати најмногу две рати, се презема постапка за раскинување на договорот“, објаснува Љупка Наумовска, одговорна за маркетинг во „Хипо Алпе Адрија лизинг“. Таа вели дека немаат проблеми при раскинувањето на договорите, поголема толерантност има спрема оние клиенти кои се достапни и кои ветуваат дека ќе ја исполнат обврската за плаќање на ратите.

„Засега не е зголемен процентот на одземени возила. Може да се очекува тоа во иднина во контекст на општата финансиска ситуација. Од почетокот на функционирање на „НЛБ лизинг“ од 2000 година, па до денес одземени се вкупно сто возила. Евентуални проблеми со плаќање и одз��мање на предметот на лизинг се случуваат во определени фази од траењето на договорот, најчесто по две-три години“, истакнува Маја Лапе, директор на „НЛБ лизинг“.


Статијата е прочитана 693 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
„Окта“ блокирана, се цедат последните капки бензин
Пораст на конфискациите во Англија до 12 проценти
Закрепнување на акциите на светските берзи