Број 3450  понеделник, 06 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Економија

Секој клиент му е пријател на „Кадис“

Ексклузивниот увозник на возилата на „Сеат“ прославува 20 години работа и градење успех и доверба на пазар

Под мотото „Секој наш клиент е и наш пријател“, фирмата „Кадис“, која е ексклузивен увозник на возилата „сеат“, прославува 20 години работа, период во кој се градел успехот и довербата на македонскиот пазар.

„Да се направи вистински добра приказна, потребно е многу време, огромен труд, квалитетен тим и многу пријатели. Во овие 20 години, заедно со ’Сеат‘, создаваме емоции, а денес сме дел од ’Фолксваген‘, една од најголемите групации на автомобилската индустрија во светот“, велат од оваа фирма. Како горд член на оваа групација, во последните петнаесет години од своето работење, „Кадис“ продаде над 6.000 автомобили, остварувајќи 4,7 отсто од вкупната продажба на возила на пазарот во Македонија и освојувајќи го третото место во Европа со 6,5 отсто. Тоа ги прави да бидат на врвот на листата на дистрибутери, како и една од најпродаваните марки автомобили во Македонија.

Приказната започнува во 1990 година како семеен бизнис на семејството Каленикови, а се крунисала со потпишувањето на договорот со „Сеат С.А.“ во 1999 година, со што фирмата стана официјален увозник на возилата „сеат“. Од „Кадис“ велат дека без добар тим, нема успех.

„Тука се и човечките ресурси, без кои не би можеле да постоиме. Квалитетниот тим секогаш им нуди максимално добра услуга на клиентите. Секогаш сме подготвени за потребите на потрошувачите, нудејќи им беспрекорна услуга. Сите клиенти се наши пријатели. На тој начин тие секогаш се чувствуваат како дома“, велат од „Кадис“.

Пред пет години се изгради новиот изложбен салон во Скопје во кој се сместени административниот центар на фирмата, сервисниот центар и лимаро-фарбарскиот погон. Изминатите години фирмата освои многу награди, возилата на „Сеат“ често се прогласувани за автомобили на годината, а се инвестираше во спортот, науката, културата. Од „Кадис“ потенцираат дека не запираат и ќе продолжат со исто темпо. „Ќе продолжиме и понатаму да градиме пријателства, но и да ги одржуваме веќе стекнатите. Сакаме да бидеме секогаш близу до вас. Секој клиент е наш пријател, останува нашето мото“, ветуваат од тимот на „Кадис“. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 1078 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
ХЕЦ „Света Петка“ никако да мрдне од првата фаза
ММФ неделава пак доаѓа на преговори
Низ Словачка ќе минуваат два коридора
Десет земји од ЕУ ќе градат електрани
„Фолксваген“ сака да го купи „Алфа Ромео“
 

Dutch clear path for Montenegro's EU candidacy
Bulgaria to issue up to €1.2b in sovereign debt
Macedonia makes controversial African and Middle Eastern links