Хороскоп
Овен
Бурата се стивнува, а вие потрудете се да се смирите. Доколку никој не успее да го загрози вашиот идентитет, ќе успеете. Нема да бидете во ситуација да ги провоцирате другите, но затоа тие можат да си играат со вашето трпение. Не очајувајте, до вас не допираат нивните неосновани тужби.
Бик
Припадниците на овој знак доживуваат незаборавни моменти со саканото лице. Се наоѓате во ситуација кога фантазијата и идеалистичките склоности ги прават луѓето подобри отколку што се. Кога ќе излезете од оваа фаза, ќе ви биде тешко да се привикнете на реалноста, сепак, уживајте додека трае.
Близнаци
Доколку ги совладавте пречките, очекувајте вообичаен ден. Бидејќи сте глуви за совети од други, најдобро е да учите на сопствените грешки. Се трудите да функционирате во партнерско-брачните односи, но имате впечаток дека не е се сјајно: другата страна е посилна.
Рак
Во елемент сте. Вредно работите, но резултатите се уште не се видливи, барем кога се парите во прашање. Па, затоа како по обичај ве фаќа паника. Што се однесува до нервниот систем, не вознемирувајте се - се е во најдобар ред. Повеќе движење.
Лав
Лавовите продолжуваат со имиџ - љубовник со голем стил. Но, се трудите, а спротивната страна ве презира. Ќе бидете во ситуација да се возбудувате не само на планот на емотивните вредности, туку на вредностите, воопшто. Малку сте комплицирани.
Девица
Им подарувате внимание на погрешни луѓе. Нешто чудно се случува со вас. Како да ве напуштил разумот, па им се препуштате на чувствата, кои моментално се погрешни. Нервниот систем е во криза. Се прашувате поради што ви се случуваат непредвидливи настани, кога се убаво сте испланирале. Па, тоа е животот.
Терезија
Свртени сте кон убавите работи. Имаше застој на сите страни, но нешто ветува дека се добро ќе се заврши. Овие денови можете да се надевате на поволен исход од еден исклучително важен настан. Проблемите наскоро ќе бидат минато. Дотогаш обидете се да ги намалите издатоците. Тоа е лесно да се каже, но тешко да се направи.
Скорпија
Тамам помисливте дека сте ја уловиле жртвата, кога ништо од тоа. Мора да ја менувате јадицата или мамецот, зашто нешто не штима. Стрпете се до летото кога решението за емотивните недоразбирања ќе дојде само по себе. Не претерувајте во меѓучовечките односи и донесувањето одлуки во врска со партнерот.
Стрелец
Се е во знакот на деловните успеси, признанија и подобрување на материјалната ситуација. Полека се смирувате. Кога подобро ќе размислите, немате причина за нервоза. Тоа што не знаете што да правите сами со себе, не е причина да гледате во една точка. Преземете нешто конкретно за недостижното да стане стварност. Вие го можете тоа.
Јарец
Благ пад на имунитетот е еден од причинителите на вирусна инфекција, а тоа ги мачи некои Јарци. Можеби поради тоа сте непријатни, затворени и студени спрема околината, особено спрема партнерот. Понекогаш е пожелно отворено да се каже дека не ви се посветува доволно внимание. Околината не е свесна за тоа. Одморајте се!
Водолија
Кај вас љубовта се случува спонтано, зашто умеете да уживате во неа. Партнерот прави се за да се чувствувате фантастично. Надевајте се дека нема да претера со нежностите, зашто можете да дојдете во незавидна ситуација. Ќе се чувствувате закочено и ќе посакате да побегнете од кафезот за да се вратите подоцна.
Риби
Мора смирено да анализирате многу планови и задачи што сте си ги задале себеси. Потсетникот е одлична работа. Бидејќи повеќе ви годи да слушате музика и да водите празни муабети, може да се случи од сите понудени можности да ја изберете најлошата - одложување.
|