Министрите на ДУИ одбија да присуствуваат на обраќањето на премиерот за четирите години од неговата Влада
Светлана Унковска
Министрите на ДУИ вчера се заканија дека нема да застанат зад премиерот Никола Груевски доколку тој остане на ставот најавеното обраќање да биде за активностите на Владата во изминатите четири години. Интегративците со ова му ги поматија сметките на Груевски, а скандалот што изби меѓу владините партнери се закануваше да добие поголеми размери.
Во сценариото било предвидено премиерот да и' се обрати на јавноста, при што ќе зборува за четиригодишното владеење, а на говорницата да излезе заедно со целата министерска свита. Токму овој момент го разлути коалицискиот партнер ДУИ, која смета дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нема четиригодишно владеење туку само двегодишно. Предлогот бил изнесен на владина седница, а за него жестоко реагирал вицепремиерот Абдулаќим Адеми и барал од премиерот своето обраќање да го сконцентрира само на двегодишната коалициска Влада, а доколку Груевски сака да зборува за четирите години власт на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш тоа да го направи само од позиција на лидер на партијата, а не на актуелната власт.
Интегративците велат дека несогласувањето и револтот меѓу раководството и функционерите вчера пораснало до загрижувачки размери, поради што некои од нив децидно одбиле да присуствуваат на пресот заедно со премиерот и министрите на ВМРО-ДПМНЕ. Вчера доцна попладне високото раководство на ДУИ донесе начелна одлука, доколку Груевски, сепак, реши да говори за четири години власт министрите од редовите на интегративците да не се појават, но ако добијат уверување дека тоа нема да се случи, тогаш ќе излезат со комплетниот владин кабинет. Од партијата на Али Ахмети неофицијално велат дека нивната забелешка е принципиелна, бидејќи има разлика меѓу Влада и владеење.
„Владата се менува кога има избори, а последните беа пред две години, а не пред четири. ДУИ е дел од власта по последните избори во 2008 година, што значи дека оваа коалиција има двегодишно владеење, а не четиригодишно. Ние никако не можеме да прифатиме нашите министри да застанат зад премиерот Груевски, а тој да зборува за четири години во Владата. Не можеме да преземаме одговорност за целосното владеење на Груевски. Ако тој сака да зборува за четири години тоа нека го направи на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, а не на владина“, велат извори од партијата на Али Ахмети.
Иако се ближеше закажаниот термин за 13,30 часот, сепак, траеше неизвесноста дали воопшто ќе има обраќање на Груевски или не. Дилемата беше дали тој, сепак, ќе говори како што планирал за четиригодишното владеење или, пак, како што во еден момент брифираа партиски извори дека е договорено премиерот да одржи прес-конференција, но на неа да се задржи на излагањето на лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски, од претходниот ден. Во последен момент од Секторот за односи со јавност на Владата информираа дека пресот на Груевски се презакажува и тоа за денеска во 14 часот, затоа што премиерот имал обврски, за потоа да го сменат оправдувањето дека тоа е поради „технички причини“. Но, за какви технички причини од владиниот сектор не сакаа да прецизираат.
Од ВМРО-ДПМНЕ не сакаа да го коментираат настанот, а единствено пратеникот Влатко Ѓорчев вчера само кратко одговори дека нема никакви меѓукоалициски проблеми.
„Коалицијата со ДУИ функционира коректно, имаме дневна комуникација и мислам дека во таа смисла нема некакви спектакуларни новости, туку имаме тековно коалициско функционирање“, рече Ѓорчев.
Дека ДУИ му го „скрши филмот“ на Груевски говори фактот дека, покрај големата најава, беше планирано неговото обраќање директно да се пренесува на Македонската радиотелевизија. Во Владата вчера со наместени камери и линкови на МРТ се чекаше да почне преносот, а веднаш по обраќањето во отворена емисија на МТВ да се отвори дебата во која новинари и експерти ќе ги анализираат поентите на неговиот говор. Но, сето ова мораше да се откаже. (Св.У.)
Im davate mnogu prostor na *vladatelite* na DUI, nie Albancite velime koga covek ke se davi, togas bi se fatel i za slamka! DUI so negovoto vladeenje go kaza svoeto, na Albancite im e preku glava od niv. Mislam deka zreli se za vo penzia ovie od DUI, a sto se odnesuva na gragjaninot Gruevski (jas ne sum go glasal, zatoa za mene e obicen gragjanin) i negovata organizacija, ako em prasat mene Albancite, so niv nikogas koalicija ne bi pravel, pod nikakov uslov, pa makar se da privatat.
Од: мириса на избори
Датум: 03.09.2010 07:39:15
мириса на избори од авион се гледа и многу е јасно дека ова коалиција е на стаклени ноџе и од тука може да се заклучи дека за свое добро груевски ќе распише предвремени избори но како минатиот пат никогаш повеќе нема да освои гласови како тогаш
Од: забеган.
Датум: 03.09.2010 08:07:45
Не џабе рекол НАРОДОТ една кучка што јаде мас јаде и стап.Што размислува Грујо до толку се прости Дујците.Посе изгледа ќе има избори.
Од: politicar, Aalbance
Датум: 03.09.2010 08:26:16
Vreme e za novi izbori se istrosivte,vi blagodarimeme na katastrofalnite,neuspesi na site polinja
Da dade gospot nikogas hajr da ne vidi ova Koalicjona Vlada?????
Од: neron
Датум: 03.09.2010 08:55:52
иако министрите од ДУИ му откажа на грујо, сепак резултатот е 10:1 за вмро... јас сега го чекам следниот потег на ДУИ а тоа ќе донесе до резултат 10:50 за ДУИ,,, изгледа ќе го видиме грујо расплакан пред медиумите.,,, ќе биде ставан во цедило... токму пред самитот на НАТО.. тогаш кога најмногу му требат фигурите на ДУИ, за неговиот рејтинг за фалц патриотизам да му расте да добие позитивно мислење од ЕУ..за најнегативната политика на министрите на вмро спрема албанците или кадрите на ДУИ.. мислам дека е време ДУИ да му се одмазди на вмро и да го стави на цедило кога најмногу им е потребна... па . мириса на техничка влада а не на избори....
Од: db
Датум: 03.09.2010 09:48:01
DUI treba da si odat od vlast, a DPMNE u istorijata
Од: Komentator
Датум: 03.09.2010 09:53:34
Сосема нормално е да се даде отчет од изборите од 2008год. до сега ,а тоа се само две години. За претходните две години е даден отчет токму на изборите во 2008 година и за успешната работата во тие две години ги добија последните избори , и толку.Меѓутоа ние го знаеме кој е Грујо кројачот на кој ��ако му одговара така и ги крои годините на владеење.Ако некаде имало успех си гиприпишува на себе ,а каде има катастрофални потези(земајќи го и министерското место за финансии) едноставно тие години ги сече.Целата негова политика е замајување на народот преку лаги и дезинформации кои се пласират по неколку пати во 24 часа преку неговите вувузелски медиуми . Меѓутоа му се гледа крајот и затоа сега бега од предвремени избори.
Од: od citatel
Датум: 03.09.2010 09:55:38
Deka koalicijata VMRO i DUI e koalicija na stakleni noze odamna e jasno. Mislam deka e prezreano za predvremeni izbori.
Од: Mbiguri
Датум: 03.09.2010 09:59:14
Grujo se plasi od novi izbori.
Znae deka ke dobie no ne ke moze da naparavi vlada.
Vlada ke pravi SDSM so albanskiot blok parti.
Na gruevski ke mu se vrati, i toa na nos - duplo.
Од: Do albanec
Датум: 03.09.2010 10:10:42
E,moj Albanec e vo toa e problemot ,sto ti ne si go glasal premierot (neka bide od bilo koja partija) koga toj stanal premier toj e premier na site gragani i toj treba odnosno mora da bide pocituvan kako premier od site gragani.Samo so takva mentalna matrica vo glavata ovaa drzava ke odi napred.
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 03.09.2010 11:15:32
Jas ne sum Albanec, pa pak ne go esapam Grujo kako Premier....ne deka ne sum glasal za nego, tuku deka toj licno ne se odnesuva kako premier na site gragjani....za portokalite majka, za site drugi makjea....
E so takva mentalna premierska matrica vo glavata ovaa drzava ke odi samo nazad....
Од: ја
Датум: 03.09.2010 12:56:20
Му ги поматиле сметките но сепак фирерчето не се откажува од она народното „Фалиме усто оти ќе те раскинам“ ама „ѓупката што го фалеше умрела“. Доста му е време му е да си оди СИКТЕЕЕЕР !
Од: terezija - Najgolemata IRONIJA ... Otkako dojde Ekonomist (?!) za Premier -Drzavata ni BANKROTIRA. Iskren i dobronameren pozdrav do G-din.N.Guevski
Датум: 03.09.2010 13:03:40
Vo takvi priliki, Bitolchani imaat svoe viduvanje i se razbira neizostavno pogovorka : "Ne se igra so gjaolo balo - ke te turni vo Dragoro (rek.Dragor)..." Neka Premiere, neli dodeka e ziv chovek se uchi...?! Ili pak Vie imate premnogu dinamichen zivot, shto od pregolema brzina ne stignuvate da gi prelistate site stranici na "zivotniot uchebnik"(itoa kako po pravilo - najvaznite lekcii), ama koj kabaet Narodot da strada i go plaka cehot na Vashata nesoodvetna edukacija ilipak nesposobnost.Mi ostavate vpechatok deka posakuvate da Ve velichaat, da stanete NAJgolemiot patriot (neznam dali ima formula za takvo neshto...) Ako ja imalo mnogu dr."velikani" ke ja (zlo)upotrebele... NAJVELIK e onoj koj go znae momentot koga treba da si zamine... Vreme Vi e - veruvajte mi. Doblest e koga ste na vrvot, ili arhaichno kazano vo najubavite momenti (jadenje, vladeenje, uzivanje...)od karierata ili zivotot SAMI da zaminete nechekajki drug da go napravi toa : Velikanite si zaminuvaat a malite gi nabrku
Од: b
Датум: 03.09.2010 13:54:21
Влатко Ѓорчев, чувениот средношколец го спомна ДУИ, со име и презиме? Пред да се во ,,љубов,, , за него беа крвниците и крвникот Али Ахмети.
Од: vaga957
Датум: 03.09.2010 14:43:59
Ке има ли спас фалати Боже.Само кој ке дојде да ни понуди подобар живот или пак да не доуништи?
Што среќа имаме леле мори мајко уф.....
Од: алек
Датум: 03.09.2010 21:48:12
Избори нема да има ,но и ако случајно има Вмро-Дпмне остануваат на власт !!!
Од: mimi
Датум: 03.09.2010 22:26:04
NEplaci gospodine premiere plati go grozjetu so dobra cena glasovite od lozarite se tvoi pozzz tikvecija i povardarie