Број 3655  сабота, 13 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Мислења

Мислења

За менталното здравје на нацијата?

Ѓорѓи Спасов

Владата најавува комфорни затвори, бројот на самоубиствата и разводите расте, кризата била далеку – една чиста среќа

На самиот почеток од новиот мандат, Владата најави две големи инвестиции. Првата е дека ќе се проширува капацитетот на затворот во Шуто Оризари и ќе има речиси двојно повеќе простор за ставање лица во притвор. Според информациите од Министерството за правда по најновата инвестиција на владата, во затворот Шуто Оризари ќе можат да бидат притворени истовремено наместо досегашните 450, дури 700 лица. Со најновото реновирање на овој затвор ќе се обезбедело во секоја ќелија да има телевизор, ќе биле вградени и нови телефонски говорници, а затворениците ќе добивале посебни картички со чиј чип ќе можеле да вртат на броеви за кои дозвола дал истражниот судија. Од озлогласена установа трвдат од Минстерството за правда И потоа нека каже некој дека власта во Македонија не се грижи за опозицијата. Ме чуди само зошто оваа Влада веќе не го смени името на затворот познат како „Шутка“. Така се вика населбата на Ромите и не е фер кога некој ќе каже одам во Шутка, да не знаеш дали оди кај синот на Амди Бајрам на гости или оди во затвор. На еден ваков затвор му одговара името „Преродба“. Тоа име асоцира на она што нашиот систем сака да го постигне кај луѓето со затворските казни. Всушност, нафтените печки што ги произведуваа затворениците во Идризово до неодамна беа познати под името „Препород“ (Преродба) а исто име имаше и весникот што го издаваа затворениците во кои објавуваа свои стихови за значењето на слободата. Промената на името би имала своја предност. Така, на пример, ако некој биде осуден на 20 години затвор, судијата може да соопшти дека е осуден на „преродба во 20 чекори“, а наместо поимот затвореници, власта во иднина ќе може слободно да го користи зборот „преродбеници“. Само погребалното претпријатие од Скопје ќе има и натаму поубаво име од затворот. Тоа се вика „Нов живот“.

Втората голема инвестиција што ја најави Владата ќе биде во здравството. Ќе се реновира болницата за душевни болести во Бардовци. Во неа ќе биле инвестирани 13 милини евра. Ќе се размисли и за проширување на капацитетот, бидејќи како што информираат од Владата, од 450 места со кои располага болницата, постојано се пополнети над 430. Со проширувањето на капацитетот, ова изгледа како добра идеја. Според податоци објавено од Фондот за здравство, во 2008. година граѓаните на Македонија имале потреба од 500 илјади (или половина милион) рецепти за подигнување лекови што се нарекуваат антидепресиви, односно „лексилиуми“, „дијазепами“, „валиуми“ и сл. Истовремено, таа година на граѓаните им биле препишани еден милион и триста илјади рецепти за подигнување лекови за лекување на централниот нервен систем. Веројатно, како резултат на преродбата, односно само две години подоцна, во 2010 година, според истите податоци од Фондот, потрошувачката на антидепресиви во Македонија била зголемена за 50%, односно биле издадени околу 800 илјади рецепти. Бројот на потребните рецепти за лекување на централниот нервен систем на граѓаните од еден милион и триста илјади во 2008 година бил зголемен на два милиони и триста или речиси за 100 отсто. Со други зборови, народот или е побудален или е под терапија да не побудали. Но, и кај оваа институција имаме проблем со името. Зошто селото Бардовци да биде идентификувано со лудница. Може, на пример, во духот на патриотизмот на Владата по оваа голема инвестиција, болницата за душевни болести да го добие името „Македонија“. И тоа за инает на Грците. И кога некој ќе каже дека бил во Македонија или оди во Македонија, се' ќе ти биде јасно. А на Грците ќе можеме да им викаме: „Вие сте за во Македонија“.

Некои луѓе во Македонија нервозата ја изразуваат на чуден начин. Тие се разведуваат. Според податоците од Државниот завод за статистика, бројот на разводите во Македонија во 2010 година бил зголемен за 33,6% во однос на 2009 година. Наспроти кампањата на Владата за трето дете, за забрана на абортусот и рекламите за вредноста на семејството, лани се развеле 1.720 брачни парови, а бројот на склучените бракови бил намален за 5,1%. Според експертите, ,,партнерите што се разведуваат како никогаш досега се агресивни, а голем број од партнерите се дури и за психијатар“.

Според евиденцијата на Клиниката за кардиологија во Скопје, бројот на инфарктите во овој период, исто така, бил двојно поголем споредено со истиот период од лани и одговара на двојно зголемниот број блокирани кредитни картички на граѓаните поради нивната презадолженост.

Медиумите блиски до власта информираат дека „светската криза е далеку од Македонија“, Грција и Америка се задолжени до гуша, Англија се распаѓа, но нас мува не не' лази. Секој ден во секој поглед се' повеќе и повеќе напредуваме, што се гледа во големата изборна поддршка за власта.

Според податоците од Државниот завод за статистика, оваа година некои луѓе немале среќа повторно да гласаат за власта. Тие уште пред последните избори извршиле самоубиство. Според тие податоци, само до крајот на јуни во Македонија 77 лица извршиле самоуобиство, а во изминатите пет години, според истите извори, бројот на самоубиствата во Македонија изнесува околу 600 лица.

Анализата на оние што решиле да си го одземат животот и да не дочекаат Македонија да влезе во НАТО и во ЕУ покажува дека меѓу нив доминираат повеќе мажи во поодминати години од животот. Психијатрите посочуваат дека се работи за луѓе кои обично останале без работа, без приход, без достоинство и едноставно без желба за живот. Тие како некогашните херои избираат „ужасен крај наместо ужас без крај“. А општествата со толку голем процент на самоубиства Ерих Фром во своето дело „Здраво општество“ ги нарекува општества со нарушено ментално здравје.

Некои луѓе од таквите општетства се обидуваат да побегнат во друга земја и таму да си ја побараат среќата. Но, денес во Македонија, којa со години важела како земја на печалбари, и тоа не е едноставно.

Нашата полиција по поплаките од некои земји за зголемениот број лица кои од Македонија барале азил реагираше многу ефикасно. Таа само во првите шест месеци од оваа годин, на 850 граѓани, кои биле сомнителни дека при излегувањето од Македонија немаат намера да се вратат, им изрекла казна „забрана за напуштање на земјата“. Тоа е еден вид домашен притвор. Со тоа Македонија како кандидат за член на ЕУ и по 20 години независност, за голем број свои граѓани станува „земја зад железната завеса“.

Сепак, не се сите без шанса да добијат можност за вработување во странство. Еве, на пример, Македонците кои учествуваа минатата година во спасувањето на бугарските туристи кога потона бродот „Илинден“. Тие горди Македонци за награда од бугарската држава го добија она што најмногу го посакувале - бугарско државјанство и можност ако заминат на работа во странство да не бидат веднаш депртирани назад. До минатата година и САД организираа лотарија за зелена карта, па некои што имаа среќа добиваа на лотарија можност како и нивните татковци и дедовци да ја напуштат својата богата татковина засекогаш. Бидејќи таа можност од годинава веќе не постои, на заинтерсираните им останува да дежураат покрај брегот на Охридското Езеро и ако спасат некој странец што се дави, а тој да ти биде од земја на ЕУ неговата држава да ги награди со право на азил.

Во меѓувреме, нека ги гледаат прекрасните спотови на националната телевизија за Македонија како земја на вредни работници, среќни луѓе и добри домаќини. И нека не ја критикуваат Владата. Може лесно да се открие дека биле кодоши, дека направиле некој криминал или почнале некоја дивоградба.

(Авторот е универзитетски професор)


#
Статијата е прочитана 1953 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 13.08.2011 00:30:40
Kaj nas deneska vladee gluposta.Gluposti gledame sekade okolu nas.Gluposta duri stanuva i potreba.Seto ova e posledica na toa sto vo drzavava odamna veke ne se ceni znaenjeto,iskustvoto,moralot.Glaven kriterijum e partiskata pripadnost.Sekoj i so gram intelegencija go znae ova.Najtaznoto e toa sto stana veke nevozmozno da se boris protiv gluposta i glupacite.Gluposta i glupacite se proglasija za pametni, a pameta za niv e glupost.Za pametnite seto ova e glupo, no koj gi prasuva niv sto mislat bidejki tie se glupi sto se pametni.Nekoj sepak ke mora da pocne da se sprotistavuva na vakviot mentalitet koj ni se nametnuva.Krajno vreme e.
Од: Spirindon
Датум: 13.08.2011 07:03:33
Kako perfidno probisvetovite koga ke dojdat do vlastuspevaat da ja iskradat i drzavata i narodot a pri toa da ostanat nevini i graganite da gi obozuvaat:Vo imena partijata vrabotuvas 2 luge vo drzavnite institucii,prodolzuvas so svote bliski do cetvrto koleno bezrazlika na soodvetnost gi instaliras vo direktori i sefovi na JP i drzavni institucii.prodolzuvas so novi 70 tina -koi se isklucivo drzavni sluzbenici.Na niv im zemas vo prosek 4.000 evra.280.000 evra stavs vo gepceto. Vo meguvreme gi krades narodnite pari po site osnovi ,do koi imas dostap.Na izborite vece imas prednost so minimum 800 glasa i pobeduvas.I taka site srecni prodolzuvame do krajot na nasite zivoti.Nemojte da mislite deka e izmislica-toa e realna prikazna na eden od probisvetovite vo politikata.
Од: Коста Стоименовски
Датум: 13.08.2011 07:41:59
Во Извештајот на Меѓународната кризна група е наведено дека Македонија е заложник на Груевски. Ваквата оценка на МКГ е потполно точна и прецизна! Човекот решил државата да си ја уредува по свој кејф и свој мерак и мисли дека ќе ја осреќи нацијата (читај македонските граѓани)! Искуството покажува дека ваквите амбициозни „проекти“ за осреќување на нацијата се својствени на диктаторите, кои, по правило, завршуваат трагично!
Од: bitola
Датум: 13.08.2011 07:50:31
Gledam prema tekstot Spasov MENTALNO ozdravil.DIJAGNOZA;cim gi sogleduva greskite na vladata znaci ozdravil,bideki vo minato blisko vreme ko se ubivaja za TAT,brkanje od rabota i .......sl.ovaj bese totalno mentalno bolen pod nadzor na b.c.i nisto ne svakase....
Од: mene
Датум: 13.08.2011 08:48:54
Pozdrav do Gjorgi za ubavata kolumna i do Jovan za komentarot.Nemam sto drugo da kazam.
Од: Tina
Датум: 13.08.2011 09:30:40
I kuceto ke pobesni ako nema rabota a e vrzano vo kose. Zatvorenicite treba da se farmeri, i da si ja rastat svojata ishrana. Mentalnite bolki doagat od depresija i bezvrednost na komunalnata zaednica. A decata rastat kao i tie kucinja oti nema koj da gi uci sto da pravat za podobar mentalni razvoj, oti mozokot mu treba sekoj den korisni sugestiji. statistikata pokazuva sto e po dobro da se razviva i po koj pat da se odi.
Од: Meto
Датум: 13.08.2011 10:00:50
Одлична колумна. Изборот на релевантни показатели и нивно презентирање со факти упатува на можност за коректна дијаноза на состојбите и наведува на размислување за барање решенија за нашата болна сегашност. Лечењето на општествените проблеми ќе биде долго, но прв чекор мора да биде квалитетна анализа на состојбите и препознавање на трендовите.
Од: студент
Датум: 13.08.2011 11:01:16
Една од најубавите колумни што сум ја прочитал во последно време. Професорот потврдува преку својот уникатен стил да ги кажува состојбите во државата. Колумна која ќе ве насмее до солзи но и сериозно ќе ве замисли,
Од: goran
Датум: 13.08.2011 14:22:30
se invenstira samo vo zatvori i vo policija, Drugite ministerstva se zapostaveni, Gasot i gasovodite se nekade 100 godini pozadi Republika Ceska , Zeleznicata e katastrofa, Nema Nacionalen Avio Prevoznik, Nikogas ne sum videl konkrus za skoluvanje na Masinovozaci, Piloti, Nema skoli za Meteorolozi
Од: MILKO
Датум: 13.08.2011 14:40:44
PROFESORE:POSLE VASIOT TEKST MOJOT EDINSTVEN ZAKLUCOK E DEKA [vie i vasite ja donesovte makedonija na ova deregje],BARAJTEGI PRICINITE VO VASATA PARTIJA.vie go donesovte branko,vie vrsevte privatizacija vie go ostadovte narodot na ulica i bez pari i zatoa sega se razveduva[NARODOT VELI PRAZEN KOS GOTOV NOZ]vie aboliravte luge,vie zapocnavte so reketarsvo i lihvarstvo, i sto e naj loso povtorno sakate da go pravite istoto.SITE TIE RABOTI KOJ GI NABROJAVTE KE BEA MNOGU POMALI AKO NE BESE VASATA ALCNOST ZA VLAST I VASATA PARTISKA SAMOBENDISANOST. sega nekoj mora da cisti posle vas. a dali moze e drugo prasanje.ISTURENA MRSNA BOJA NA KILIM TEZKO ILI NIKAKO NE SE CISTI.pozrav
Од: goce
Датум: 14.08.2011 09:27:30
Mniogu podobar naslov bi bil " za mentalnoto zdravje na nacionalnite politicari " bidejki so niv se zapocnuva i zavrsuva!!

Најди! во Утрински
Мислења

"""