Штипјанка пронајдена премрзната и во кома
Четириесет и петгодишна штипјанка е пронајдена полугола, премрзната и во бессознание во близина на полициската станица во Штип. Случајни минувачи ја забележале премрзнатата Т.М. завчера изутрина околу 5 часот, а отпрвин мислеле дека е мртва.
Веднаш биле повикани екипи на Брзата помош и на полицијата, а на жената во бессознание веднаш и' е дадена медицинска помош. Како што информираат од штипската полиција, крај нејзиното тело е пронајдено шише со отворена материја, кое допрва ќе се вештачи. Но, првично, случајот во полиција е заведен како труење, а жената е хоспитализирана на Клиниката за токсикологија во Скопје. На нејзиното тело не се пронајдени траги на насилство. Случајот се испитува. (Х.Р.) |