Брoj 2780  петок, 05 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Поглед

Наметната фотелја

Билјана Ангеловска

Веќе нема дилема. Владата отворено почна да ги презема ингеренциите во Скопје. Назначувајќи свои луѓе за претседатели на управните одбори, практично, засега стави рака врз работата на три градски претпријатија: „Водовод“, „Комунална“ и ЈСП. И тоа, без да ги праша луѓето и без воопшто да ги информира дека има таква намера. Па, сега, новименуваните функционери се најдоа затечени, да ја прифатат понудата или не. Не е важно дали се компетентни за дејноста во која ќе треба да креираат политика на работење, не е важно ни дали можат и дали смеат да седат на две фотелји, со оглед на тоа што сите тројца веќе раководат со државни институции. Не е важно дали постои конфликт на интереси дали е во согласност со законот.

Претстојат локални избори за кои се потребни пари. А, градските јавни претпријатија се повеќе од солиден и сигурен извор. Особено кога нивната работа ќе ја контролираат луѓе блиски на власта. Костовски лани ја заврши работата со тоа што издејствува 100 процентно поскапување на водата, па со оглед на трошоците на „Водовод“, повеќе од сигурно е дека има пари во неговата каса. Впрочем, на Владата многу добро и' е познат принципот на работа на ова претпријатие, бидејќи само до вчера таму директор беше сегашниот министер за транспорт. „Комунална“ очекува деновиве да добие зелено светло и да ја поскапи ѓубрарината за повеќе од 32 отсто. Владата ќе даде многу пари во ЈСП за набавка на нови автобуси. За колку средства станува збор, сите кријат, но некој во претпријатието ќе мора да контролира колку и каде ќе се насочуваат парите. Тоа, секако, најдобро ќе може да го прават доверливи луѓе. Оттаму, тешко е да се очекува ќе ја одбијат понудата. Барем се' додека со случајот не се зафати Антикорупциска.


Статијата е прочитана 1150 пати.

Испрати коментар

Од: Nikola
Датум: 05.09.2008 09:56:05
Tocno e scenarioto. Da se sprotistavime na ova! Placam skapa voda, delumno i zaradi neplacacite, no ne placam za partijata na vlast.
Од: zabegan
Датум: 05.09.2008 12:02:19
e sto bil budala ovoj narod od ko se osamostoi makedonia drzavnite firmi bea samo da im gi pokrivat izbornite trosoci na politicarite.i osakatie firmite i gi prodadoa za dzabe .ama eden den ce gi fati kletva od rabotnicite koi ostanae bez parce leb.a nekoj neznae kolku pari ima.neka ne mislat gospod e macka i odma ce im izvadi oci.ako ne tie ce im sradat deca,vnuci aramot ce izleze koga toga.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Големи лузни од кусата војна
Вербатим

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.