Број 2854  четврток, 04 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Овен

Средба или некоја расправа ви влијае заморно. Чувствувате благ застој, бидејќи работните случувања не одат во саканиот правец. Сепак, не треба да дозволите во вас да преовладаат несигурност и депресивно расположение. Ќе ви годи средба со една блиско лице. Некој ви буди позитивни вибрации и нови емотивни желби.



Бик

Бидете пристојни пред лицето што ве воодушевило со својата појава или, пак, во зборувањето за работно-финансиската соработка. Консултирајте се со своите соработници пред да донесете некоја конечна одлука. Повеќе глави можат да смислат подобро решение. На средбата со саканото лице нема потреба упорно да дискутирате за некои споредни случувања. Имате различни гледишта за тоа.



Близнаци

Оптимисти сте и очекувате позитивни одговори. Меѓутоа, моменталната ситуација на работната сцена не зависи од вашата желба или влијание. Правилно проценете ги чекорите по редослед и немојте да дозволите некој да ве пристигне. Важно е претпазливо да ги бирате зборовите пред својот партнер. Се' може да се реши на добар начин.



Рак

Доколку сакате да ги разрешите работните несогласувања со едно лице, бидете доволно ефикасни и одлучни. Покажете им на вашите соработници кои сметаат на вашата неинформираност за работните прилики. Важно е јасно да ги дефинирате своите цели. Имате чувство дека љубовниот живот не ви е доволно интересен и возбудлив, објаснете му на саканото лице што точно ве привлекува.



Лав

Некој има добри намери, договор со едно лице ви гарантира заедничка корист или работно-финансиска добивка. Задржете ги самодовербата и оптимизмот, понекогаш се од пресудно значење за одвивањето на работните задачи. Лицето што го привлекува вашето емотивно интересирање ќе докаже дека е во најдобро издание. Одговорете на ист начин со убави манири.



Девица

Некој не ги разбира вашите идеи и тоа влијае на работно-финансиската соработка. Мора да имате доволно разбирање за својата околина, затоа избегнувајте ја варијантата казнување или деструктивно однесување. Меѓу вас и саканото лице некои работи ќе останат недоречени, размислете дали постои начин за прикривање важни детали.



Вага

Имате добро идејно решение, но некој се обидува да ги ограничи вашата улога и влијание на понатамошниот тек на работните договори. Немојте да дозволите недоразбирањето негативно да се одрази на вашата концентрација или некој да ве улови во своја замка. Важно е да се наоѓате во позитивно опкружување.



Скорпија

Нечии намери не звучат доволно искрено, затоа претпазливо анализирајте го лицето што пласира необична приказна. Кога ситуацијата на работната сцена ја посматрате од различни аспекти, ќе ви биде јасно на кој начин треба да ја решите својата дилема. Коментарите што ќе ги чуете од блиски лица влијаат позитивно на вашата самодоверба и на доброто расположение.



Стрелец

Некој се сомнева во вашите практични способности и работниот исход, но низа предности се на ваша страна. Никого не треба да го убедувате во својата добра намера или, пак, во работните способности, почекајте на завршницата која носи успешни резултати. Доколку сакате да привлечете нечие внимание, употребете ги своите главни адути.



Јарец

Од вас се очекува да одиграте брилијантна улога на работните средби. Тоа што околината ��ерува во вашите способности претставува доволен повод да го прикажете својот максимум во онаа област за која имате најголем интерес или афинитети. Важно е некој да ве забележува со топол и заљубен поглед. Чувствувате емотивна инспирација и потреба да уживате во нечие друштво.



Водолија

Ви недостасува основно интересирање за да се посветите на некои работни теми на кои им треба дополнителен напор. Немојте да ги преценувате своите професионални можности. Месечината влијае на емотивната несигурност, затоа избегнувајте расправии или сомнително друштво. Бидете искрени спрема вашето семејство и пред лицето што ги познава вашите слабости.



Риби

Имате чувство дека претпоставените ви ги ограничуваат работните можности или дека ви наметнуваат правила на однесување. Добро размислете на кој начин треба да се изборите за подобра работна позиција, немојте да ги потценувате туѓите улоги. На емотивно поле не ви дозволено се' што посакувате, но не се предавате лесно и затоа размислете на кој начин да ги остварите своите намери.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ