Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Мислења

Мислења

Незнаењето е моќ!

 Стојанче Манев

Образованието забрзано почнува да ја маргинализира и да се оддалечува од својата примарна функција

Гордо посветен на мобилизација и освојување на медиумските симпатии, не со успешни проекти и конкретни идеи, туку со купување рекламен простор за своите „чекори“, премиерот немајќи конкретно што да понуди и соочен со сопствената немоќ за решавање на проблемите, доследен на своите манири, со посредство на медиумски конструкции континуирано се обидува да го компензира отсуството на реални резултати и да ги напаѓа нашите сетила. Соочени со губење на сопствената внатрешна динамика и креативна енергија, на владејачките структури не им остана ништо друго освен да пласираат медиумски слики за себе, за своето „чекорење“, кои во контактот со напластените реални проблеми ја манифестираат сопствената дисторзија на реалните состојби. Стоте чекори наместо движење напред се манифестираат како одење во круг или, пак, ако сакате, како тапкање во место. Се добива впечаток како ова „движење“ да е главна спортска активност во вмровските партиски структури.

Водена од желбата за воспоставување на целосна контрола на тековите на информациите и комуникациските канали, како и „заштита“ на јавноста од „непријатните вистини“ и нејзино држење во состојба на блажено и „моќно“ незнаење за многуте работи кои се случуваат кај неа и околу неа, Владата го препозна изворот на својата постојаност и цврстина во обидот граѓаните да се држат во магичниот круг на незнаењето и неинформираноста. Но, во обидите да се затскријат зад убавите реторички конструкции, ќе ни порачаат знаењето е моќ, знаењето е сила. Се прашувам од каде и зошто токму оваа формулација, знаењето е моќ, знаењето е сила? Кога ќе е потсетам на проширените овластувања на полицијата, да следи, да прислушува, тајно да снима, на милионските буџетски трансфери во тајната полицијата, медиумски покриените спектукуларни апсења, политички мотивираните чистки во некои медиуми... одговорот ме насочува кон Орвеловото општество, во кое Големиот брат ќе ни порача дека незнаењето е сила, незнаењето е моќ. Иако во „прирачникот“ за водење држава, формално, пораката на премиерот му е запишана во делот посветен на образованието, се плашам дека таа реферира кон состојб��, кон една реалност во која незнаењето и неинформираноста на граѓаните ќе треба да ги зароби во исцрпувачките и рутинизирани секојдневни активности, во која не смее да им се дозволи хоризонтот на сопствената мисла да го прошират подалеку од тоа што ќе се јаде, што ќе се облече, каде ќе се излегува... Доведувањето во состојба на отсуство на свест за сопствената положба или на какви било можности за нејзино создавање, е токму она од што произлегува силата на авоторитарните владејачки елити.

Помислувам дека овие перцепции се само производ на мојата фантазија. Но, оваа помисла ми поминува кога ќе го погледнам реформираниот образовен систем во кој Владата ни ја спакува пораката за тоа дека знаењето е моќ. Почетокот на учебната и на академската година го покажа лицето на образовниот систем. Веронауката и дисперзираните студии се покажаа како кулминација во реформираното образование.



Водени од желбата за еманципација на индивидуите и достигнување на нивните гранични способности преку слободниот развој на индивидуалноста, секоја нормална влада која се води од долгорочните интереси на своите граѓани, ги препознава социјализаторските функции на сопственото образование преку кои се промовираат заедничките вредности и норми на системот, кои во себе ги апсорбираат, но не ги поларизираат и поништуваат различностите, кои на крајот резултираат со јакнење на социјалната кохезија во општеството. Наспроти тоа, нашата владејачка гарнитура, веројатно презафатена со стилиски и козметички подготовки за своите медиумски настапи ја заборави нагласената културна хетерогеност и мултиконфесионална конфигурација на македонското општество, и како од ракав ја истресе веронауката во основните училиште, се разбира, како изборен предмет, за на крајот самата како олицетворени на демократските вредности и почитување на слободната волја и правото на избор на граѓаните,да го изврши изборот. Проблемот не е во нарушувањето на уставно утврдениот секуларен карактер на државата, бидејќи и уставните одредби отстапуваат и се модифиираат кога ќе се судрат со намерите на премерот, туку наместо да се надминуваат линиите на расцеп, повлечени помеѓу различните религиозни припадности, тие се поддржуваат и продлабочуваат, и тоа во една осетлива возраст, кога учениците се' уште се далеку од тоа да имаат изграден критички пристап и однос кон религиите.

Неоспорна е потребата од создавање на високообразовен кадар, но спорен е начинот на кој се изведува. Без почитување на какви било елементарни критериуми и принципи, високото образование се втурна во популистичката матрица на размислување во бројки и желби за освојување на медиумските симпатии на вмровска политичка котерија. Бројот стана се', квалитетот се заборави. Бројот на новоотворените дисперзирани студии и факултети секојдневно се зголемуваше и „навиено“ се повторуваше. Но, интересите на матурантите како да не ги препознаа „потенцијалите“ на новите „високо“ образовни институции да им излезат во пресрет на стремежот кон знаење, учење, проучување, кон занимавање со наука или уметност. Сосема очекувана реакција, кога ќе знаеме дека кадровската политика на овие образовни институции се спроведуваше под покровителство на една група од раководството на ВМРО-ДПМНЕ (Ставрески, Јанкулоска, Протоѓер) која, колку што ми е познато, никогаш досега не е била дел од образовниот систем, но сепак е доволно вмровски образована и подобна да ја следи логиката на политизација и партизација на сите сегменти од општеството и да се фокусира на задоволување на академските амбиции на заслужните партиски кадри со отворање нови декански, професорски и асистентски места. Партиската лојалност се преточи во основен критериум на академската вредност. Тотално фијаско!



Образованието забрзано почнува да ја маргинализира и да се оддалечува од својата примарна функција и цел на градење можности и услови за стекнување нови знаења и вештини, создавање слободни индивидуи кои низ образовниот систем ќе изградат капацитети да го користат сопствениот интелект и иновативност, да размислуваат и разговараат и сето тоа да биде исполнето со доза на прагматична вредност и можност да се стави во функција на социјалниот, економскиот и културниот развој на земјата, односно да се позиционира меѓу потребата за техничко-технолошкиот, социјално-економскиот и индивдуалниот развој. Но, критичноста како да е непожелна, а градењето образовни институции и кадровски потенцијали, втемелени на објективни и непристрасни мерила на вреднување на способностите и достигнувањето на поединецот, како да се непознати во кадровскиот систем на владејачката партија.

На крајот, кога сме кај образованието, за да не се доведеме во ситуација на интелектуално осакатување на младите генерации, затскриено зад пораката – „знаењето е моќ“, но и за доброто на демократијата и нејзините вредности, во духот на американскиот педагог Роберт Хичинс, кој ќе рече „секогаш кога ќе помислам на вежбање, легнувам и останувам да лежам се' додека мислата не ми помине“, би сакал на нашиот премиер да му порачам кога ќе има екстатични напади на идеи, желби и соништа, да остане дома и да полежи додека не му поминат.

(Авторот е политиколог)


Статијата е прочитана 1960 пати.

Испрати коментар

Од: Маријан Николов
Датум: 29.09.2008 01:10:51
Чук,чук,чукни си ја главата Стојанче ! На сликава те гледам дека си детенце односно со наивна детска насмевка.Не дозволувај друг да управува со твоите мисли! Мисли со своја глава ! Не пишувај глупости по нарачка без разлика дали си вистински симпатизер на СДС или не ! Ако сакаш да бидеш еден ден добар новинар не се затрескувај по никого а најмалку по оние кој Македонија ја донесоа до бездната !
Од: Delco
Датум: 29.09.2008 05:08:26
Mislite tvoi inspiriraat, so nadez.
Од: Slavco
Датум: 29.09.2008 05:48:57
Bravo za statijava Stojane!Ama ti ja napisha ili taka ti narachaa tvoite sefovi???Eve preku tebe ja gledam"Udarnata mlada intelegencija na SDSM".Samo vaka prodolzi i ke mu stanes portparol belkim na nasiot Pretsedatel Crvenkovski eden den!P.S-plukanjeto i "pozitivnoto rezoniranje-kako tvoevo"ja donese SDSM do ovoj "najvisok"rejting dosega.Samo taka Stojance-napred so novi sili i novi plukanja!!!Trebaat idei momce-svezi idei a ne vakvi evtini plukacki statii.Ama odi izladi si ja malku glavata so ladna vodicka i sledniot pat daj nekoja nova ideja.Vprocem so noviot zakon-plukanjeto na javni mesta e zabraneto-pa taka i so ovaa tvoja statija!!!
Од: patorot
Датум: 29.09.2008 08:23:18
Napisov e odlicen,samo vmro-ovcite toa ne go dledaat i ne go svakaat. Uste koga ke slusnam vo reklamite na tv za nekoja si Akademija za politicki menadzment, za koja uslov e mladite koi ke konkuriraat da se clenovi na vmro,jasno e deka kvalitetot ne e biten, a da ne zborime za ednakvosta na graganite koja so ustav e zagarantirana.
Од: Зоран од Велес
Датум: 29.09.2008 08:27:01
Чукнете си ја вие главата слепи следбеници на власта. Па вие цело време овие години транзициони ја спомнувате демократијата, а ни малку неможете да се однесувате така, па зарем не смее да постои критика во оваа држава, веднаш му лепите на човек етикети дека е од опозиција ако се обиде да даде критика на владеењето на моменталната владеачка гарнитура. Чукнете си малку повеќе главата ако треба и малку погледнете подалеку од Балканот за да видите како тоа изгледа едно вистинско демократско општество.
Од: jas
Датум: 29.09.2008 09:19:15
Isto takvo detence ni ja "vodi" drzavata. A kade?!Toa jas najdobro si znam po se' poprazniot paricnik, a onie so vmroski kniski se poveke azdisuvaat so koli,pari i gluposti.
Од: Nikola
Датум: 29.09.2008 09:38:21
Spored komentarot od pocetokot, bi preporacal: Vnimavajte i od kogo primate soveti! Spored recnikot i stilot, ovoj MARIJAN ne e kvalifikuvan da bide sovetnik.
Од: To.St.
Датум: 29.09.2008 09:40:52
G-dine Nikolov. Makedonija e veke pred bezdna. Novinarov koj poveke vi lici na detence ima mnogu posofisticiran i poizgraden mentalen sklop odosto vie nekogas ke go imate. haosot vo makedonija zapocna i e vo tek ne samo vo skolstvoto tuku i vo site drugi pori na opstestvoto koi vie i takvite kako vas gi gledate no se plasite da gi kazete. Jas glasav za ovaa vlada mislejki deka navistina ke napravi pomak vo ekonomijata stopanstvoto i celokupniot zivot na narodot. Toa, sega gledam deka nikogas nema da se sluci. Zatoa za vakva diletantska vlada i za vakvi vodaci nikogas i ni vo son nema da go dadam svojot glas.
Од: Bitola
Датум: 29.09.2008 09:48:22
Г-дине М.Николов,Вашата реакција која е насочена кон авторот на овој текст,а не кон неговата содржина,најдобро зборува за неговата вистинитост и за забрзаното претворување на Македонија во "Орвеловска држава".Господ нека ни е на помош.
Од: Ико
Датум: 29.09.2008 10:02:26
Една од најдобрите статии што сум ги прочитал годинава. Како независен гласач кој се определува политички неколку часа пред избори после долготрајно размислување и анализирање на програмите и политиките на кандидатите и партиите, се срамам од коментарите како оној на Маријан Николов. Ако некој има аргументи фактички да го оспори текстов тогаш нека повели и напише корисен и критички коментар. А ако единствениот аргумент е дека секој што ја критикува владата е СДСМовец тогаш имаме сериозен проблем на едноумие и слепо верување во власта, што не е добро макар и за најзакоравениот партиски војник, и е дефиниција за неразмислување со сопствената глава.
Од: Risto Andov
Датум: 29.09.2008 10:08:07
Факт е дека најголе дострел на Премиерот е цинизамот упатен до Преседателот. Народски речено, взаемното плукање на очиглед пред светот. Додека за состојбата во нашево македонско стопанстви и никаквиот стандард на граѓаните, виновни се сите политиканти без исклучок. Ете тој факт не се во состојба да го сватат се помалиот број партиски војници на ДПМНЕ, па за да остане на влас Груевски, еве ќе го намалува изборниот цензус, кој изгледа совреме ќе се сведе на стрини и тетки!
Од: Pero
Датум: 29.09.2008 10:09:49
Bravo za hrabrosta vlice na vladata da i se kaze deka vo ovaa drzava ne moze sekoj da se vlece za nos.Ima obrazovani lujge koi gi voocuvaat greskite i mozat vlice da im gi kazat.Komu mu kazuvaat deka znaejneto e sila koga tie si otvorija fakulteti za da kutrite posle 10 god.studirajne konecno diplomiraat.Vo prviot red od pratenickata grupa imaat veciti studenti koi vodat drzavni komisii t.e. ni ja vodat drzavata.Gospod da ni e na pomos!
Од: КИ-В
Датум: 29.09.2008 10:21:27
Стојанче баш размислува со своја глава,и ке стане добар европски граѓанин, за разлика од партиските војници на било која од водечките партии во Македонија.Да не смее кај нас да се промени мислењето,а како да не се промени кога во изборните кампањи кажуваат едно,а после прават друго.Кога ке се увериш дека секој сака да се само збогати себеси и своите партиски војници,ги окупира сите весници,блогови,ЦИА не им е рамна.Кое право по блоговите да се открива нечии идентитет,кога веке се користиме со посебен ник,кој може да си го менуваме по потреба,бидејки тоа е дозволено.Ова го кажувам затоа што и секаде е навлезено шпионирањето,а вовлечени се доста младите од кој сум разочарана.....Вместо да се залагаат за европска Македонија,се залагаат со непотребни работи,лажен патриотизам,комунизам и било што...Не дозволувај никој да делува на Вас со оглед да сте доста млад и просперитетен.Вакви како вас треба да промовираат и дадат иницијатива за граѓански европски развој на МК.позз.
Од: magde
Датум: 29.09.2008 11:39:25
Statijata e na mesto navistina Grujo&company ne nudat nisto naprotiv status qvo demek svetski trendovi nese oni krivi iako znaeme deka samo EU e idninata i trteba da se najde kompromis bidejki mak nee samo budzetari tuku od milion sposobno naselenie za rabota ima samo 300000(160000 koi ziveat na selo se vmetnati kako vraboteni od str na vmro pa lazat demek imalo 555ooovrabiteni)znaci 700000 se nevraboteni iljadnici nese ni prijavuvat zatoa sto dignale race od zavodot.
Од: detence2
Датум: 29.09.2008 11:40:23
Jas nikade vo tekstot ne gledam deka novinarot se povikuva ili gae simpatii kon SDS. Predhodniot komentator verojatno si ja ishka muvata od kapata. Nejse.Tekstot e odlicen, nekoi postari kolegi bi mozele da naucat kako se pisuva i razmisluva (so svoja glava) objektivno. Bravo detence, samo napred.
Од: jass
Датум: 29.09.2008 11:43:55
Стојанче, се што пишуваш е ОК. Не знам некои од читателиве што СДС-овско пронајдоа во текстов. То ќто си младо детенце е само твоја предност, а не хендикеп. Јас сум од постарите, ама ги охрабрувам младите да се погласни
Од: Real
Датум: 29.09.2008 11:50:34
Токму така. Коментар на место Стојане. Друга работа е тоа што на Марјанчо од погоре, и таквите слични ко него, не им одговара објективниот осврт на настаните. Во последно време изместени се критериумите за објективно гледање на работите, па доколку не ги воздигнуваш "успесите" на владава, кои се невидливи за обичниот народ, но се многу добро менаџирани маркетиншки..тиогаш вмровците веднаш те сместуваат во некој непријателски кош. Затоа треба јасно и гласно да им се каже, во кој правец се движат работите. А на нив ако не денес, ќе им текне утре или задутре ,кога ќе им се излиже бојата од нивните наочари портокалови.
Од: Pero
Датум: 29.09.2008 12:50:37
Mislam, neverojatno e kako sekoja analiza, misla ili tekst vo koj e sodrzana kritika za aktuelnite potezi i proekti na vladata na Gruevski, se nacekuvaaat na noz i se etiketiraat kako sds-ovski i ne znam kakvi...preku glava mi e od tesnopartiski komentatori
Од: Cuk Cuk
Датум: 29.09.2008 12:51:17
Neverojatni se vmrovcite.Ne podnesuvaat ni edna kritika.Kriticarite na "vozdeto" sekogas se predavnici,sto li ne.A za toa koj kade ja odnel zalna Makedonija setete se na vladata na prethodniot vi vozd(sto raboti toj,znae li nekoj)Nekolku mandati trebaat za da se otstranat stetite sto ni se slucija.A so ovaa vlada doprva ke go zneeme.I drugo,vmro e na vlast vo Makedonija osum i kusur godini,ne pravete se neudreni.
Од: Strana Gledano
Датум: 29.09.2008 13:55:16
Marijan Niklov napishal ona sto jas pomisliv da go iskomentiram! Pa Stojance ako ne gi razbirash cekorite vo obrazovanieto, razgovaraj so decata od ftoro odelenie na Angliski, ce ti stane jasno koi i kakvi se cekorite!
Од: jas i samo jas
Датум: 29.09.2008 14:11:53
Lele kolku dobar tekst! Se nadevam deka tie od gore ke go procitat i ke im se otvorat ocite i ke razberat deka narodot pocnuva da znae sto ne/pravat !
Од: sara
Датум: 29.09.2008 16:08:30
bravo za statijata , tesko deka ke ja svatat platenite deca sot pisat komentari po vesnici od stabovi
Од: jimmy1
Датум: 29.09.2008 17:00:58
Tekstot e odlicen, samo VMRO-Ovcite ni se slepi pa nemozat da progledaat do koj stepen ni dojde obrazovanieto a i drugite strukturi. Po se izgleda slepo se zabludeni ili VMRO im ima napraveno nekakva magija pa nemozat da e svatat realnosta.
Од: Dr Stojadin Naumovski-Coci/SAD
Датум: 29.09.2008 17:02:42
Avtorot na tekstot poka`uva deka znae da pi{uva. Toj se slu`i so “peroto” so iskustvo karakteristi~no za poiskusnite. Sepak prepoznatliva e namerata da se kritikuva, da se napa|a vladea~kata garnitura i nejzinata politika. Tekstot, iako dobro sostaven spa|a vo grupata “destruktivni” tekstovi zatoa {to vo nego ima samo negativni konotacii. Ako saka da mu fati mesto kritikata, kriti~arot treba da ka`e barem ne{to pozitivno ( mo`ebi vo uvodniot del na tekstot), a na krajot na kritikata istata da ja zavr{I so nekolku negativnosti koi gi zabele`al sporedeni so “svoi” pozitivnosti koi {to toj bi gi predlo`il za realizacija, namesto “lo{oto” koe {to go kritikuva. Vaka, nara~an ili ne, tekstot spa|a vo kategorijata “provokativni” i negativni tekstovi kakvi do sega se izna~itavme, a na koi m,o`e “ da im blagodarime” za podelenosta i partiziranosta na dr`avadta i derexeto do koe istite ne dovedoa site.
Од: марија
Датум: 29.09.2008 17:23:04
А од каде идејата дека станува збор за „детенце“? Стојанче мава во сржта. Метании за текстот.
Од: natasa
Датум: 29.09.2008 21:33:45
statijata e odlicna. Samo se nadevam deka novinarite mnogu mocesto i poobjektivno ke gi prenesuvaat informaciite i ke bidat vo sluzba na narodot i vistinata a ne na toa sto go saka segasnata vlada. Apel do novinarite. Razbudete se i kazete mu na narodot sto navistina se slucuva vo zemjata.
Од: devicanecot
Датум: 29.09.2008 23:32:52
Na maliot prva preporaka e da si gi izvadi melnite. A potoa da prasa dali negoviot tatko, a ako ne toj, negoviot dedo, ucele veronauka vo skolo. I toa od prvo do cetvrto oddlenie. I dali toa im posmetalo vo novnoto oformuvanje na licnosta i vospituvanjeto na svoite potomci....

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Мислења