Број 2869  вторник, 23 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Мислења

Контрапункт

Запуштено до запустеност

Никола Гелевски

Што би станало од општеството кога сите би почнале да се фалат на начин на кој го прават тоа Груевски и целиот гротескен естаблишмент околу своето кралче Сонце!?

Фалбаџиството на Никола Груевски ги преминува сите граници на пристојноста и добриот вкус. Постојат десетици причини зошто арогантното фалбаџиство на актуелниот македонски премиер е неумесно и вулгарно. Најмалата причина е прекршувањето на темелната човечка доблест: скромноста. Најстрашното, пак, во самобендисаноста на првиот министер е злоупотребата на врвната функција.

Што би станало од општеството кога сите би почнале себеси да се фалат на истиот начин на кој го прават тоа Груевски и неговата приватна (т.е. партиска, при што и партијата е приватна) влада!? Груевски (што е типично за сосема незрели - интелектуално, морално и емотивно - јавни работници) се однесува како светот да почнува од него. За бришење на гадно извалканите вмровски чевли не служат само последните 18 години, туку последните 70 години на јасно профилираната македонска самосвест. Дали стварно се' во овие 18 години беше чиста катастрофа, како што секојдневно не' убедуваат главно голобрадите агитпроповски болшевици на Партијата (т.е. Фамилијата)!? Белки некој нешто работел и овие 18 години, а богами и овие 70 години! (на пример, создавал народноослободително движење, се борел против фашизмот, направил држава и 50 години макотрпно ја градел почнувајќи речиси од нула)



Наспроти насекаде раструбената способност на Груевски за една година да потроши речиси три милијарди евра (патем купувајќи многу, многу љубов од своите поданици), нели е поважна способноста да се создадат тие три милијарди евра!? И кој ги создал и ги создавал сите македонски буџети изминатите 18 години и изминатите 63 години, колку што постои македонската држава? Нели се тие луѓе (а тоа сме сите ние, граѓаните на оваа земја) неспоредливо поважни, токму како градители на минатото и иднината, од еден самозаљубен политички манипулатор!?

Повторувам: што би станало од општеството кога сите би почнале себеси да се фалат на истиот начин на кој го прават тоа Груевски и целиот гротескен естаблишмент што гравитира околу своето кралче Сонце!? Еве, да се задржиме само на овие 18 години, и тоа само на политичките аспекти, да го занемариме трудот на цели генерации кои ја создале оваа каква-таква држава: зарем не треба да се маваат по гради до помодрување и левите и десните кои во периодот 1989-1993 ги удрија темелите на независна Македонија? Зарем не треба да чекорат со круни на главите (како што денес необјасниво чекори Груевски, а богами и добар дел од неговата свита) Киро Глигоров, Стојан Андов и Бранко Црвенковски, кои го водеа кревкиот државен брод низ реално многу тешкиот период 1993-1998?! И баш ме интересира: колкав бил државниот буџет во тие шест години кои ги прогласува за мрак и пропаст мизерната пропаганда на Груевски? (замислете го тој фронтменски капацитет: Неделко, Латас, Томиќ и Јади бурек! Чудесновишно! Зајакнато со Рамковски, Ѕинго, Стојменов... Чудесновишно - немам друг збор!) Колку даночни пари потрошил монструозниот Бранко Црвенковски во тие шест години? И колку народни пари потрошил и допрва ќе потроши Груевски во своите шест години владеење!?



Деструктивниот политички нарцизам на Груевски зачудува и зашто самиот играл и се' уште игра мошне значајна улога во невеселото скорешно македонско минато. Да потсетам: од „катастрофалните“ 18 години кои ни ги исцицаа душите, ВМРО беше на власт - осум години. Лично Груевски седум години извршува највисоки можни политички функции и веќе сега е еден од функционерите со најголем стаж во самостојна Македонија. За само три години ВМРО ќе го престигне СДСМ по бројот на години на владеење. И што ќе велиме 2011? Дека изминатите 20 години сосема не' уништи Никола Груевски со својата партија на термити и скакулци кои како мушмула ја исцицаа акумулацијата на македонската економија доведувајќи ја (доведувајќи го општеството) до ниво на зомби!? Целава оваа лудачка напаленост во однос на злотворите од минатото на Груевски ќе му се врати врз неговата сопствена глава. Јавноста и историјата нема да го заобиколат неговиот огромен придонес за македонската запустеност и запуштеност.

Во случајот со нашата влада, таа ќе беше на висина на својата историска задача само ако беше поскромна и поотворена за реално да го обедини запуштеното општество; а не да му фрла националистички отрови и пуфки од кои се трудат да се ослободат дури и најзабеганите европски режими, од проста причина што кавгаџиството (кое Груевски го сее на големо) е тотално назадна и политичка и менаџерска стратегија.



Најпосле, кај е натпреварувачкиот дух кај владејачката партија? Каков е тој (да речеме, боксерски) натпревар, пред кој противникот е маван до бесвест (лидерите на опозицијата со кривични пријави, а сите опозициони гласови изложени на закани)? Притоа, дотаму оди фанатично неспортскиот карактер на власта, се купуваат и судиите и публиката. Но - тоа не е се'! Низ оние десетици милиони евра наменети за себерекламирање доктор Франкенштајн додава скриен челик во ракавиците на својот пулен! Па, каква е тоа борба, до бога!? Имате 30 отсто гласови, стварно!? Каков прекрасен успех! Колку возљубена народна власт!

За среќа, точно е она што папагалски го повторуваат и Груевски и неговите дворјани: историјата навистина ќе ни пресуди, на сите нас, и на нашите дедовци и нам самите. За жал, пак, додека дојдат вистинските историски оценки, нашите животи отидоа јабана, згмечени во страсните пеливански клинчови на таа сурија селски борци...

(Авторот е издавач)


Статијата е прочитана 1526 пати.

Испрати коментар

Од: ljupco,bitola
Датум: 23.12.2008 01:03:08
Текстот мо личи на записник од тренинг на плукање во далечина.Авторот е очигледно шампион во таа атлетска дисциплина.Пцости, навреди,кокофонија од висок ранг,се и сешто,само не издржана анализа за темата,која и не постои.
Од: Itar Pejo
Датум: 23.12.2008 01:19:17
Avtorov ne go vadat ni 300 000 evra. Taka mi se gleda rabotata. Nema kaenje!
Од: alal ti vera koljo
Датум: 23.12.2008 01:45:14
sekoja cest kolja samo se plasham da ne ti fuknat i tebe edna tuzba sega za omalavazavanje na nivnata visost. a zamisli sega se falat i se reklamiraat sto sekoja idiotska inicijativa kako patriotski smetski, dzemaili i sl im ispadna jalova rabota. zamisli oni da donesea kandidatski status kako branko, ili priznavanje od sad na imeto i megunaroden repekt kako sto imavme vo vreme na sdsm - sto pufki ke imase togas. ne sakam da mi perat mozak so spomenici na varvari , da mi mknat hunzi vo poseti na moj racun i nejkam da plakam advokati za egejcite koi se po svetot i ziveat posredeno od mene. ama koj ne eprasuva. rm se poveke nalikuva na titanik koj tone li tone a pacovite prvi ke go napustat brodot
Од: t24
Датум: 23.12.2008 01:56:50
toa ne e falenje toa e del od sekoja normalna zemja----a nasite zivoti i makedonija otide jabana koga branko crvenkoski go smeni imeto i ja napravi najkriminalnata privatizacija--zosto toa nikogas ne go spomnuvate
Од: Vistinski patriot
Датум: 23.12.2008 02:16:14
Ovie GRESKI od ministri vo ovaa vlada se samobendisani i isfrustirani decista koi svoite frustrecii mislat deka ke gi izlecat vrz grbot na narodot i koi vo svojot zivot nisto drugo ne rabotele osven sto seele magla i kobajagi nesto rabotat za dobroto na narodot. Pocnuva da ni se slucuva "Matrix" vo edno ne ubeduvaat a a drugo ni pravat. Ova vaka ne ke e na arno, pa da imaat i 102,93% rejting. PS. Vo pocetok stvarno im veruvaav no ne sum zemjodelec i malku mislam so svoja glava da vidam deka rabotite ne se onakvi kako na reklamite od Vladata. Mislam deka vi snemuva municija, snemuva veke lazgi,sto potoa.
Од: Darko
Датум: 23.12.2008 02:58:11
Ќе се задржам на одговарање на твоето основно прашање: Повторувам: што би станало од општеството кога сите би почнале себеси да се фалат на истиот начин на кој го прават тоа Груевски и ВМРО? Прво, споредуваш рекламирање на Партија и обични луѓе. Зошто би имало потреба јас да се фалам на истиот начин како што се фали Груевски преку реклами? Следниот пат базирај ги твоите статии повеќе на логична отколку емоционална основа и жалења. Второ, луѓето на Груевски продолжуваат со оние тактики кои работат кај граѓаните тоа е повеќе од очигледно...а консистентно рекламирање за време на владеењето а не кампањско трошење на реклами пред избори досега се покажа клучно за нивниот успех. Едноставно е: Што сакаат луѓето? Влада која ќе го исполнува она што го ветила. Што прави Груевски? Откако ќе исполнат нешто пуштаат одма реклама: ГО ИСПОЛНИВМЕ ОВА...индирекна порака до граѓаните дека сме влада од доверба (не е ни чудо што Груевски има толку висок рејтинг).
Од: Gogo
Датум: 23.12.2008 04:38:16
VMRO partijata kako partija e sosema vo red shto postoi i treba da postoi no kako sto go kaza LJube Boskovski katastrofalna i pogubna greshka e shto partijata ja vodat GILIPTERI na chelo so alibaba Nikola Gruevski.
Од: ljupco,bitola
Датум: 23.12.2008 07:08:25
Skromnosta e najcest izgovor za nesposobnost.
Од: Грујо Николовски
Датум: 23.12.2008 07:58:09
Геле, одлично срочено! Само, сега спремај едно 30-40.000 евра отштета за навреда, клевета, понижување, грицкање нокти, губење самодоверба, кавги со жената, губење на пријателите, лекување комплекси и слични тракатанци... Оствалуваме!
Од: Prof.Dusko
Датум: 23.12.2008 08:52:32
ne sakav da pisuvav ama isproviciran bev od edna Tv koj kazuvat sto ke napravat,da se otvarat fabriki sto napravil Crvenkovski Branko.Gelevski se slozuvam so tebe do nekade.Crvenkovski sto napravi ke kazava nisto ne napravil jas ke kazam edno.Ako ne bese Crvenkovski,Gruevski ke nemase ni 300mil.evra budet.Najgolemite polnaci Cimentara,KB,Pivara,Evropa,Fersped,Mak.Petrol,Mak Stil,Mital,Briljant,Kozjak,IMB i Era e na Branko vremeto samo kocese eden Gradonac.od VMRO, i da ne gi vbrojuvam se delo privitizirani od strana na Crvenkovski.ne go branam Crvenk.ama prikocete malce ima raboti i Gruevski sto se ok,ama ajde da ne piseme uste,treba da se istrazi poveke.No sepak ke kazam steta zastavme premnogu i ke ni treba mnogu vreme da se konsulidacija da napravime.Za Mepso eden komentar na Altan glasese i sve kaza 150 firma po profitibilnost vo Jug.Ist.evropa a kade se parite gi nema dalekovodi od 50te god.E sega razlikata e ova i tova vreme ostavam na vas,a jas pak nema da glasam za nikoj
Од: Iko
Датум: 23.12.2008 08:55:46
Bravo! Cudesnovisen tekst! Avtorot e izdavac!? Sto izdava - knigi, vesnici..., crkva, drzava, narod...??!!??
Од: Trajko
Датум: 23.12.2008 09:12:20
Toa e normalno ,za deca koi rastele sami bez konkurencija na brat(braka) ili sestra(sestri) .Vnimanieto vo familijata bilo posveteno samo nimi.Shto ke posakale ,se im se ispolnuvalo.A da ne stane zbor i za deca koi rastele samo so eden roditel.Toa se samobendisani razgaleni deca.Mnogu ubavo mozat da go objasnat decata od sosedstvoto koi morale da gi pochituvat semejnite pravila.
Од: andrej
Датум: 23.12.2008 09:34:08
Ova e vistinata!Gruevski e najlosiot diktator!Sram, beda, primitivizam!ke se srami ovoj narod koga ke vidi koj go vodel tolku dolgo!
Од: Andon sto molci
Датум: 23.12.2008 09:34:11
Po eden tvoj tekst napisav deka ona sto go mislam i znam nemam hrabrost da go napisam, da bide del od slikata na naseto sekojdnevie. Po vcerasnata presuda za prof. Frckovski, hrabrosta sosema me izdade, a imav namera da prozboram kako se raskrcmuvaat parite od pacientite vo Klinickiot centar... podobro za mene sega da si molcam, ama covek taka ke se razboli. Alal da ti e coveku na tvojata hrabrost i dostoinstvo.
Од: zoki
Датум: 23.12.2008 09:49:31
Народна поговорка: Ако легнеш да спиеш со деца, че се разбудиш помочан. Некако ми примирисува Македонија на уреа.
Од: anonimen
Датум: 23.12.2008 09:53:39
Sekoja cest na novinarot za tekstov.Se shto e napisano e tocno i na mesto a sega od druga strana odma se javuvaat ovie goli podanici na golemiot vozd.Se znae deka vistina boli no do tolku da boli ne e vozmozno, a pogotovo na toj ljupco od b.t kade sto tolku go brani svojot diktator,slepo i poslusno da toa ne e normalno.Ocigledno na covekot mu e izvaden maliot mozok.
Од: do koga
Датум: 23.12.2008 11:02:34
Cestitam Nikola!Retko koj makedonski intelektualec ce se drzne da im ja kaze vistinata vo lice na ovie samobendisani azdisani i arogantni vlastodrzci.Samo da znaat deka istorijata i svetot ne pocnuvaat so niv.Imala ovaa zemja i pogolemi i popametni i narodni sinovi.No tragedijata e sto nema vece mislecki lujde sto ce im go kaze toa.
Од: астерикс
Датум: 23.12.2008 11:16:50
Среќа што нема смртна казна, инаку отиде јабана. Во секој случај текстов е ГОЛА ВИСТИНА!!!! А таа знае да боли,
Од: Petar
Датум: 23.12.2008 11:36:58
Bravo majstore.
Од: Pavle
Датум: 23.12.2008 11:37:20
Bravo Kolja, se nadevam ke isprovociras barem malku poveke glasnost megu nasata elita. I pokraj opasnosta od zatvor, parici kazni, itn... Krajno vreme e da se digne glas! ne moze veke drzavata i idninata da ni ja unistuvaat svesno shaka partijasi na koi ne im e gajle za ovaa zemja bidejki ne ja ni cuvstvuvaat kako tatkovina. Narode makedonski pocni da mislis!!!! Ova ne moze da prodolzi ponatamu vaka - ke ne unistat!
Од: aleksandar sv.nikole
Датум: 23.12.2008 12:17:23
Gospodine Gelevski,razbiram deka vo ova demokratsko opstestvo sekoj ima pravo na svoe mislenje i navistina go pocituvam seto toa,no ova vaseto ne mi lici na mislenje tuku na teska propaganda na SDSM!!dosega najpopularniot premier vo Makedonija i covekot koj e edinstvenata svetla tocka vo site ovie minati godini go karakterizirate i obelezuvate kako da e zlostornik broj 1 i neviden rasipnik!!!sramota!!edinstveniot covek koj ima srce i doblest da se sprotivstavi na nacionalnoto predavstvo sto go podbucnuva SDSM site ovie godini go napravivte olos...alal neka vi e gospodine,samo se prasuvam zosto ne ve stavat portparol na SDSM-imate prekrasen recnik,poln so bezobrazluk,pa ke vi lici taa funkcija!!
Од: браво!
Датум: 23.12.2008 12:29:28
ЧУДЕСЕН текст!
Од: Vladimir
Датум: 23.12.2008 12:40:07
Vaka se umira maski, a ne so dodvoruvanje kon nasive pseudopoliticari.Vo normalni opstestveni odnosi na Gruevski ne bi mu dozvolile da ja gleda zgradata na Vladata a ne . . . Site se vo pravo i tie sto go branat i tie sto ja kazuvaat vistinata za rabotata i rezultatite od taa rabota i toa uspesnite dobrite rezultati a ne utkite na Gruevski.Bidejki gledam deka ste pijani bez da pomirisate alkohol koj Vi e toj Gruevski sto tolku ste zapnale za nego.Udrite po mediumite tie gi velicaat ili gi unistuvaat politicarite a ne obratno. Nie uporno gi birame pogresnite lugje i pak i pak ipak se do izumiranje.Sega koga narodot e vo koshmar ovaa vlada poentira i go nateruva narodot da veruvaat oti demek ako ne bile tie situacijata ke ni bila katastrofalna.Oti tie ja pronasle dupkata na saksijata.Definitivno denes nie ziveeme vo neistovremenost - anahronizam.Nim im e super zgodno zgodno gi vozat so avioni, maskite imaat shvaleri, zenskite imaat shvalerki uf se zbuniv e pa sega koj ke brise, jas ne zn
Од: Реалност
Датум: 23.12.2008 12:41:29
За ваков текст во денешно време е потребна хрброст , меѓутоа и интелектуален капацитет и секако најважното "ИНСПИРАЦИЈА".Имајќи во предвид дека денешната власт е непресушен извор за вакви написи, се надевам дека ќе се јават и други талентирани и пред се некорумпирани новинари од помладата генерација кои ќе му помогнат на народот да ги тргне портокаловите очила од очите за да можат да ја видат реалноста таква каква што е. Честитки за авторот,одличен текст.
Од: vera
Датум: 23.12.2008 12:58:35
АХ тешко тебе, сега ти си на ред да ти судат, само дали ке бидат 32 000 евра ???
Од: Adelaid
Датум: 23.12.2008 13:02:36
Veruvam deka dezurniot branitel na salabajzerite od vlasta,edikojsi od Bitola,a mnogu mi mirisa na nivniot gradonacalnik ili nepismenata svita okolu nego,se poveke si ja trosat i onaka minornata siva masa vo glavata za da dokazat deka Premierot i amaterskata mu druzina,"mnogu dobro i cinele na Makedonija".No,poveke nema sto da kazat."Kazano e",sto velat stipjani.Propadnata i izolirana drzava vo koja sto nikoj ne doagja,a onie sto doagaat si igraat drndupka so nas,dodeka vlasta potvrdno mafta so glavata.Vo sekoj narod ima curuk lugje,no,kako e mozno site tie da bidat pribrani od Grujo and company!?Iako isturija stotici milioni evra za propaganda,za nevidlivite pari ke kazuvaat koga ke gi vleckaat po sokaci so lisici,za niv ke glasale vo ovoj moment samo 30 nasto gragani!Golemi investicii-mali efekti.I dali ke bide taka-ke se vidi doprva!
Од: Apostol
Датум: 23.12.2008 13:36:04
Ne e nisto novo ako se kaze deka niedna vlada vo niedna drzava ne e celosno prifatena i popularna.Vladite dobivaat podrska od narodot vo taa golemina vo koja tie gi ispolnile svoite predizborni vetuvanja. Dali segasnava vlada na RM ima nesto ostvareno od nejzinata programa treba empirickite pokazateli i momentalnata sostojba na vnatresnite i nadvoresnite odnosi toa da go pokazat. Koga premierot veli deka dobrite vreminja ce dojdat, me potseca na poranesniot komunisticki lider na Albanija, koj sekogas na gradjanite im velel deka treba sega da se zrtvuvaat za posvetlata idnina koja doadja. Apsurdno. Pogolemiot del od gradjanite na RM dovolno cekaa podobri vreminja.Zivotot e eden i treba ubavo da se zivee, dostoinstveno. Ili pak da se trpi za poubav "zadgroben zivot". Mi se cini deka i na avtorot na gorniov tekst mu "puknal filmot" ne mozejki da gi izdrzi sodrzinite i metodite na rabotata na vladata koja ocigledno i na vnatresen i na nadvoresen plan mnogu potfrlila.
Од: Brian, Canada
Датум: 23.12.2008 14:32:42
G-dine gelevski ubavo e sto otvorate interesni temi, vo koi vasite tvrdenjamnogu lesno moze da se pobijat. Da ja vidime genezata na nasata nezavisnost, koja se nadevam ja znaete kako i citatelite. Prvo Crvenkovski niokogas ne mu prosti na Gosev za izleguvanjeto ma SKM zaedno so komunistite na Slovenija i Hrvatska od pregratkite na Molosevic, setete se na posledniot kongres na SKJ. Vtoro na intoniranjeto na himnata na Makedonija Crvenkovski sedese, toj insistirase na intoniranje pred se na jugoslovenskata himna. Setete se na anahroniot referendum na Kiro Gligorov i Alija Izetbegovic. Vo toa vreme postoese MAAK i VMRO koj edinstveno bea za nezavisna Makedonija. Nacionalnoto cuvstvo na Makedoncite sistematski bese pogazuvane tokmu od komunistite. Postoenjeto na kriticna masa, (pogolema od neokomunistite), za nezavisnosta na Makedonija dovede do formiranje na nasata drzava. I sega mislite deka se e zaboraveno, ke se ubeduvame deka Crvenkovski i SDSM bile za nezavisnost na Makedonija!!!
Од: andre
Датум: 23.12.2008 14:59:03
a sto ce kritikuvate koga grujo so voveduvanje fiskalna na pazar ce napolni budzetot ne 2 tuku 10milijardi evra.....
Од: zelezara
Датум: 23.12.2008 16:26:03
DO T24.Abe tebe Makedonija ti lici na normalna zemja?Branko go smenil imeto daj ne tresi gluposti.Znae sli kolku godini vmro e na vlast?Najmatnite privatizacii se slucija vo vremeto na Ljubco i Gruevski a ti mi zboris Branko,daj ostavete go covekot na mira kamo da se site kako nego.
Од: Саве -Милано
Датум: 23.12.2008 16:32:57
Кољо ти не си дијамантот туку алтанот , разбудиго овој заспан народ додека не е касно ,и ич не им се плаши, туку пишувај и твори и знај дека еден ден ке сватиш дека си се обидел да го кажеш тоа што го мислиш и дека не се плашиш ,за јанзата, да не ти ја јаде душата.Гооооооооолем поздрав!
Од: strumicanec
Датум: 23.12.2008 16:36:23
ti dete si eden od retkite sto ima "muda" , ostatokot od novinarite imaat samo g'z za tepanje , .... makedonija ne pocna so gruevski nitu ke zavrsi so nego , ama se prasuvam toj kade ke zavrsi ... bravo
Од: jas
Датум: 23.12.2008 16:53:25
Fala bogu uste ima "normalni" vo drzavickava nasa. Bravo majstore!
Од: TIMEO DANAO....
Датум: 23.12.2008 17:50:38
Naj svetoto vo edna demokratija e pravoto na slobodno izrazuvanje,pravoto na slobodno novinarstvo ! Pa kaj nas pocna da ”vrie”od politicki procesi ! Na sekoj mu e jasno deka kaj nas vlasta i sudstvoto odat ”raka za raka” a toa nee demokratija ! Kolja dokumentirano, sega i vo poranesni kolumni i ja prezentira losata politika na denesnata vlast koja neprimetno gradi klanovi kako vo starite poznati diktaturi i sto e naj tragicno narodot nema ni najmala sansa da reagira ida gi nasoci rabotite vo pozitivna nasoka,zatoa sto site demokratski kanali se kontrolirani od klanovi na vlasta.Na narcisoidniot premier bi sakal da muja kazam ovaa sentencija :O SUPERBE CUR SUPRBIS , TUA SUPERBIA TE SUPERABILIT !(O GORDELIVCE ZOSTO SE GORDEES TVOJATA GORDELIVOST KE TE POGUBI. Bi dodal dodeka tvojot narod pati.
Од: petko
Датум: 23.12.2008 19:01:40
Abre momce makedonce ne li ti doagja umot , da go vregjas Kralceto so dvorskite sutovi , ke te kosta najmalku 32000 Evrinja , cekaj da ti dojde na poseta dedo Manevski zaedno so baba Manevica i da ti ja skrojat kapata .

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Мислења