Број 3514  среда, 23 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Втора страница

Поглед

Историската 1.000-ка

Тамара Грнчароска

Грците сто пати, ние ним илјада пати. Да не останеме покусо. И така во недоглед. На секој нивен „црвен“ збор, десет наши. Или... ние се' уште не си ги кажавме црвените линии? Не е ни тајна дека повеќе од една година ни се заглавени преговорите за името. Но, нема врска, важно е дека им возвраќаме на Грците, како што им возврати вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски. „Тие можат уште стопати да ја повторат таа нивна црвена линија, а ние ако треба, уште илјада пати ќе повториме дека Македонија никогаш нема да прифати уцени и дека поминаа времињата кога за Македонците и за сите граѓани што живеат на оваа територија се одлучуваше без нивно учество“, рече Наумовски, иако прашањето беше како предвремените избори би влијаеле врз евроинтегрирањето на земјава и преговорите за името. Или „преведено“, колку евентуалните избори би и' одзеле на земјава од скапоценото време за двата процеса, детерминирани како наши врвни приоритети.

И оставајќи не' без одговор ��али изборите ќе и' ја запечатат судбината на Македонија за оваа година, ако се знае во вакви периоди единствено редовно функционираат автобускиот превоз, погребалните претпријатија и гранапчиња, Наумовски, наместо прагматично објаснување за тоа, не' пренесе жедни преку вода. Но, мора да се признае, патриотски не' воздигна.

И додека Европејците почнаа отворено да кажуваат дека се заситуваат од грчките црвени линии и да признаваат дека ова што и' се случува на Македонија е ненормално, на нас никако да ни текне дека прашање е на време кога ќе им здодее и нашата „патриотска“ - само за домашна употреба - реторика. Ако „фрижидерот“ за евроамбасадорот Ерван Фуере не' замисли, последната изјава на Наумовски, дефинитивно, кажува дека нашите претставници немаат ни „д“ од дипломатија.


#
Статијата е прочитана 1641 пати.

Испрати коментар

Од: Едно име имаме
Датум: 23.02.2011 12:34:27
Браво за вицепремиерот Наумовски. Не треба да прифаќаме никакви уцени. Особено кога се работи за нашето опстојување. Ако г-ѓата Грнчароска тоа не може да го разбере, тогаш таа нема ни „п“ од патриотизам.
Од: Blue fighter: Ne slucaen,tuku patriot po poracka
Датум: 23.02.2011 12:53:36
Kolku li samo bilo srekjen covekov ocekuvajkji ja pofalbata od Velestrumfot na patriotite vo drzavava !? Da kazes tolku patriostka misla,pandan na kletite Grci teza,e navistina nesto sto se ocekuva i posakuva o0d sekoj funkcioner,osobeno vo predizboren period.Dodusa,nagradata si ja primi predvreme (profesorska titula na Praven so protekcija i partiska promocija),no sepak denes e najkurentno da se obleces vo kozata na patriot i da bildas gordost kaj Makedoncite(ne e vazno sto nemaat za leb).Toa e ona sto (ke) ne napravi srekjni.- se peese vo ex-YU.Denes vo MKD treba da te uverat deka srekjata ti zavisi od dozata na patriotizam po glava na zitel ,kreirana i vsadena od ministrite ,PR-te i ubedenite vo toa od Grujo.Od nivnava patetika glava boli,stomak se kreva,no prodolzuvcaat ponatamu,kako da ne im e dovolno sto sme vo kal do gusa so nivna sesrdna pomos i trud 24/7.Ima li nekoj vo drzavata "Danska sto ke vikne "dosta e trulez" ili "dosta ne truevte".Molkot na intelektualcite prodozuva.
Од: јас (Прилеп)
Датум: 23.02.2011 13:16:59
Овие наши портокалови „патриоти “ , кои патем мислат дека светот почнува и завршува со нив, се врвот на балканскиот менталитет на недоделканост и примитивизам.Прво почнаа со оној со репчето во Брисел , па продолжија со селските финти за одбегнување на проштални средби со Фуере...Мислат дека со тоа го зае***е , ама ние остануваме трудни од тоа...
Од: oliver
Датум: 23.02.2011 13:22:45
eh g-gjo Grncarovska ido koga ke se napagjame na smetka na nasite nacionalni interesi. sega vice premierot bil kriv zatoa sto gi navredil Grcite- A koj e vasiot predlog. Za zal ima lugje kako vas na koj ne im e bitno dali ke bidat makedonci ili ne. Kade e vaseto custvo za pripadnost ili samo da se kritikuva nekoj deka e od sprotivnata partija pa i za smetka na znameto imeto itn.
Од: deli
Датум: 23.02.2011 13:27:34
Dolce et decorum est pro patria mori (se izvinuvam za možna greška, latinski nee moj majčin jazik) - Slatko i česno e da se umre za tatkovinata. Patriotizam - ljubov kon tatkovina, za mene znači, ednostavno rečeno: da se pravi sé što e možno za tatkovinata da prosperira, da opstanuva, da cveta - znači, na site vo tatkovinata da im e što podobro. Toa po moe e PATRIOTIZAM. Bienje v gradi, kako Makedonija e sveta zemja!, prosvetitelka na Evropa! (ili - duri i na cel svet!), nešto posebno, što nema ravenka ne na planetata nego vo svemir, deka site okolu se loši i neprijateli, samo vo nejzini granici e sve OK, i mnogu drugi besmisleni raboti, toa za mene nee patriotizam, nego potkopuvanje na ugled na država, koja što pripagja na ogromna grupa državi vo Evropa i na svet. MK nee ništo posebno, e edna od mnogu. Što se odnesuva do sporot za imeto: toa e vo racete na diplomati. Se prašuvam: dali do sega, posle tolku mnogu godini, rešenie stvarno ne se našlo - ili "ne se sakalo" da se najde!
Од: prijatel
Датум: 23.02.2011 13:46:39
Јаден е овој Грујов полтрон,кога ќе го погледнеш,каква само фаца има доволно зборува за неговиот политички капацитет.Замислите 1000 пати тоа е говор на обичен граѓанин ,а не на униферзитетски професор,но на Грујо такви му требат,а жал за македонија,со таквите ке тапкаме во место уште долго.
Од: Itar Pejo
Датум: 23.02.2011 13:48:28
Ako grcite liznat sol, nie cela grutka ce izedeme !!! Pa neka puknat od maka. So toa dokazuvame deka nasite argumenti se pojaki.
Од: Adostoinstvoto?
Датум: 23.02.2011 14:44:02
G-djo Grncarovska, Neznam sto vi e, demek ako sme globalisti, internacionalisti, evropejci i neznam sto uste ne, a neznam sto podrazbirate pod seto toa, demek europa ce ne saka i vednas ce ne primat vo eu. E, se lazete. Pogolemi patrioti i protivnbici na EU od Hrvatite nema, ama tie eve vece gi zaklucuvaat pregovorite i za godina dve se ramniopravni clenki. I ne samo toa, tuku gi cenat vo Ev ropa [poradi bivniot patriotizam. A nie makedoncinjata, demak ako sme mirnicki i ne tupkaat po ramo kako dobri deca, taka ce sme se dodvoruvale. Mnogu se lazete. Nikoj ne go ceni onoj koj e bez dostoinstvo, koj e lizavko, denes se cenat jakite, onie koi imaat hrabrost, koi se cenat samite sebe i koi na nikogo bne mu se dodvoruvaat, Ama tija pusti pari sto preku Soros se isplacaat na nasite globalisti, tie se vo prasanje.
Од: cvete
Датум: 23.02.2011 14:48:09
Eve madam Grcarovska, ke imame izbori, pa vie so vasiot vesnik i ureduvackata politika prodolzete da podrzuvate promena na imeto(kako da toa ne e ama bas nisto) i podrzuvajte ja opcijata na SDSM, pa ete tie da pobedat i vednas da se odblokira ovoj pregovaracki proces i site srekni i veseli da se neli spasime. I nie taka podnoveni srekni i veseli da zamineme vo svetla EU idnina. Proctajtesamo stopisuva vasiot kolega Chulev idali promena na naseto vekovno ime vo vakvi uslovi vo svetoto ke ni donese srekja.
Од: Jован АН
Датум: 23.02.2011 15:07:55
Им се чудам и на авторката и на некои коментатори.Не можат да се ослободат од партиската или фабричката матрица ни кога е во прашање и името на нашата држава,а од името произлегува и идентитетот на Македонскиот народ.Сите релевантни институции во Европа и Америка признаваат дека Македонија ги исполни политичките услови за почеток(!) на преговори за ЕУ и НАТО:Сите тврдат дека останува само прашањето за името.А Грција тука е децидна - поставува нацифашистички услови кои Македонија,а особено Македонскиот народ не може (и НЕ СМЕЕ) да ги прифати за да не изврши самоубиство.Кому му пречи името Република Македонија,кој друг се нарекува така,кој друг зборува на македонски јазик?Да ли новинарката и (некои од) коментаторите не го знаат тоа или ги обработуваат нечии агенди(партиски или соседски)?Срамно е за нас да ги прифатиме барањата на Грција и да подлегнеме на притисоците од “нашите пријатели“!И тоа само за почеток(!?) на преговори!А после постојат уште повеќе од дваесет одредници !?!
Од: Caki
Датум: 23.02.2011 15:28:58
Za zhal nie nemame izbor osven ovaa politika...SAD Kina,Rusija i ushte 130 zemji ne priznale!!!!!!I shto sega, da im kazheme na site se predomislivme........pak ke kazam.."Podobro lazhen patriot odkolku VISTINSKI predavnik!!!!!
Од: В. Кратовалиев
Датум: 23.02.2011 17:43:41
До кога ке постапуваме по онаа народната: Наведната глава секира не ја сече?! Но за жал, ваквото однесување на многумина им е начин на однесување.
Од: EU i NATO= Lanski sneg
Датум: 24.02.2011 10:19:18
Koga vodeckata licnost vo vlasta zadolzena za evrointegrativnite procesi , dava vakvi neodmereni i sarlatanski izjavi, togas znaeme kolku voopsto ovaaa vlast ja interesira evrointegracijata i zaclenuvanje vo NATO. Isto kolku lanskiot svet. Zacuduva faktot sto sme mnogu osetlivfi na izrazenite nacionalisticki odnesuvanja na sosedite i drugite narodi, a ne go gledame toj nacionalizam kaj nas, Eve procitajte gi samo komentarite pod tekstot i se ce vi bide jasno, kolku sme zaslepeni so kvazipatriotizam i nacionalizam..

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим