АМБЕР ЛЕ БОН
Од грдо пајче до убавината на мајка си
Јасмин Ле Бон, сопруга на фронтменот на групата „Дјуран Дјуран“, Сајмон Ле Бон, некогаш претставуваше една од најпосакуваните манекенки на светот. Денес нејзината помлада копија, ќерката Амбер Ле Бон, оди по стапките на својата мајка и се труди да го освои модниот свет.
Амбер е најстарата ќерка на Јасмин и Сајмон и, според коментарите на модните експерти, таа е новата модна икона која сигурно во скоро време ќе го освои модното царство. Доказ за тоа се бројните милионски договори кои ги потпишала досега со познати модни брендови.
Најновите информации говорат дека 19-годишната Амбер станала заштитно лице на британската модна марка „Ривер ајланд“, а деновиве на својата сметка го додала и хонорарот од договорот со модната куќа „Мила“ за реклама за долна облека.
Но, Амбер не е единствена која заработува од манекенството, бидејќи и нејзината мајка Јасмин, која има 45 години, се' уште е атрактивна за модниот свет, па затоа ангажманите се' уште стигнуваат на нејзината адреса. |