Број 3530  понеделник, 14 март 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Политика

Филип Петровски на чело на Демократска десница

Демократската десница на своето основачко собрание за претседател на партијата го избра Филип Петровски, а беше усвоен и партискиот статут. Во своето обраќање пред присутните претседателот на новоформираната партија истакна дека новиот политички субјект ќе ги решава проблемите на граѓаните наместо како што е практика од големите партии да се плука врз секакво решение. Петровски сепак се пожали, дека при формирањето на партијата биле изложени на притисоци, а голем дел од оние кои сакале да се зачленат страхувале да не ги изгубат работните места.

„Голем дел од граѓаните ни велеа со вас сме, но се плашиме да не се дознае за да не ги изгубиме работните места во админситрацијата, да не им бидат пратени инспекции на оние во приватниот сектор. Но ние велиме дека е време да се престане со притисоците и ние немаме намера да се повлечеме од оваа борба. Време е граѓаните да го заземат почесното место и да се чувствуваат слободни“, истакна Петровски, кој со критички осврт говореше за вкупните актуелни состојби во државава.

Според него Македонија може да тргне напред само со нов политички субјект кој ќе се залага за доследна примена на човековите права, владеењето на правото, подобрување на економијата, социјалата, екологијата и друго. Партискиот грб на Демократска десница е составен од два триаголника кои ги претставуваат буквите ДД и се свртени една кон друга, а нивното возвишување претставува прогрес. Во долниот дел има пресечен дијамант кој ги обиколува двете букви со што се означува цврстината. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 1186 пати.

Испрати коментар

Од: ilija
Датум: 14.03.2011 13:09:32
kakov luzer nema da osvoi ni 0,1 pratenik
Од: mk
Датум: 14.03.2011 13:37:26
ne go biva
Од: Kocin- Sydney
Датум: 14.03.2011 13:39:52
Do Ilija: Bez javni navredi i prognozi pochituvan Ilija. Dozvolete mu na chovekot, nie sme demokratska i pravna drzava, barem jas taka mislam. Pozdrav !!!
Од: zrak
Датум: 14.03.2011 17:45:15
NIGDE NE GO SOBRA sega i toj ke bide lider,pa ke sedi na liderski sredbi,airo go vidovme od ovie pa sega i ovaj politicar kolekcioner na part...kniski kako so prikaznata od pritrup patriarh ke bide.
Од: kire.m-usa
Датум: 15.03.2011 02:49:54
aman bre luge-braka makedonci do koga kese delime;dali uste ova ni trebase,nova partija na celo so proveren i neuspesen lider,bez nikakvo politicko iskustvo,ajde decko pocekaj i porasti malce,se uste netije dojdeno vremeto.

Најди! во Утрински
Политика
Манасиевски
Селмани
„Прочистени“ уште починати, СДСМ се сомнева

"""