Број 3082  четврток, 10 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Мислења

Мислења

Магична полнолетност

Петар Арсовски

Полнолетството има и обврски: тоа поставува некои други, возрасни (што и да значи тоа) стандарди на однесување

Деновиве нашата родна грутка стана полнолетна. Полнолетноста е единствено и магично време. Тоа овозможува пристап до лекции и до информации што претходно ни биле ускратени, ни дозволува да правиме нешта што претходно биле забранети. Но, полнолетството има и обврски: тоа поставува некои други, возрасни (што и да значи тоа) стандарди на однесување: од нас се очекува да се соочиме со заблудите, да ги надраснеме комплексите и да зачекориме во вистинскиот свет – со сите обврски што тоа ги подразбира. Токму затоа чувствувам потреба македонската роденденска торта да ја закитам со уште некоја свеќичка, но од оние што се однесуваат на вториот дел на полнолетството – обврските и возрасното однесување.

Наместо свеќичка бр. 1:

Како за роденденски подарок, Боцвана не' призна под уставно име. Секоја чест на Боцванците, ама мислам дека не знаат со кого фатиле работа и си ставија трн во здрава нога. Сега ќе мора да влезат во вителот на разврската на прашањето за името, да се соочуваат со лобито од Грција. Секоја среќа што каде да удрат со копачот од нивната земја излегуваат дијаманти. Кај нас, каде и да удриш со копачот, никнуваат античари, идиоти, антиквизатори и неидентификувани македоноиди. И додека ги нижеме овие меѓународни успеси, тие полека станаа мнозинство.

Наместо свеќичка бр. 2:

Во време на полнолетство мораме да се соочиме со сопствените заблуди, нормално поврзани со нашите најголеми проблеми и теми. А една од најголемите е прашањето за името. Во таа смисла, немаме изговор зошто да продолжиме да се самозалажуваме, и треба во духот на возрасното однесување да ги расчистиме сопствените небулози.

На пример, за мене една од најголемите заблуди е дека на меѓународната заедница и' се брза да не' внесе во ЕУ и во НАТО, и дека ако не утре, тогаш од понеделник, така ќе се зафатат со проблемот што прашањето ќе се реши за неколку часа. Точно е дека меѓународната заедница, најмногу САД, во големата поделба на влијание, генерално, не' вброила на „западната“ страна и таа приказна е завршена, ама тоа ни оддалеку не значи дека проблемот мора брзо да се реши. Ние сме заокружени со НАТО-земји, па немаме акутен проблем со стабилноста. Згора на тоа, се' уште постојат и други земји од оваа групација, кои не се влезени во НАТО и во ЕУ, и се' додека не сме последни во оваа група, меѓународната заедница може да си дозволи да чека: ќе не' стават „во лер“ и ќе чекаат ако треба со години додека сами не разбереме зошто прашањето мора да се реши со компромис.

Во овој контекст треба да се разгледува и втората наша заблуда по ова прашање, а тоа е дека времето работи за нас. Ова е спротивно на реалноста. Генерално е точно дека се' уште имаме време да го решиме спорот (се' додека и последната земја од регионот не влезе во НАТО и во ЕУ), но нашата позиција заслабнува со текот на времето од неколку причини: прво, без меѓународна соработка и НАТО нашата економија ќе продолжи да скапува, второ, колку повеќе време минува, поради нашата интерна какофонија и сепетничавост, се' повеќе аспекти од прашањето стануваат дел од пакетот, па така не е чудно ако почекаме уште малку навистина да почнеме да преговараме за идентитетот, а не за името. Трето и најважно, досегашниот тек на преговорите покажа дека владите во Скопје и во Атина немаат капацитет да ги доближат позициите, па така ако не се сменат позициите на барем едно место треба да очекуваме само подлабоко закопување во ровови.

Уште една заблуда е дека овој спор е прашање на меѓународни принципи. Напротив, најголемиот дел од прашањето е домашно – и во Грција и во Македонија, и токму тоа е најголемата пречка за негово решавање, што прашањето стана главен лост во домашниот рејтинг на македонските и на грчките политичари. Таквата позиција моментно е најголемиот инхибитор за решавање на името, бидејќи ги става властите во Скопје и во Атина во позиција на предавници ако постигнат договор. Имајќи ја превид политичката зрелост и таму и овде, тешко е да се верува дека ќе има некое значајно поместување.

Се разбира, и на оваа свеќичка за нашата роденденска торта има и малку шлаг. Имено, нашата меѓународна политика доживеа ненадеен успех – успеавме едно откритие на македонската медицина да го регистрираме под уставно име, и покрај енормните напори на Грција против тоа. Така, сега дури и грчките лекари ќе мора ова откритие да го нарекуваат Македонија. Со други зборови, патентиравме вирус и го нарековме Македонија. Соодветно, нема што.

Наместо свеќичка бр. 3:

Донесовме одлука – македонската дијаспората гласа во македонски избори. Нормално, од страв дека со истата дијаспора ќе мора да кокетира за гласови, опозицијата на овој потег се спротивстави многу анемично. Сега, спротивно на сите меѓународни стандарди, место сами себе да се владееме, ќе дозволиме да не' владеат „нашите“ од странство. Тие, ослободени од товарот да ги сносат последиците на своите одлуки, сега буквално без никаква одговорност можат да влијаат на политики, кои потоа не мора да ги спроведуваат: на пример, да поддржат задолжителна регрутација за која потоа не мора да ги испраќаат сопствените деца во војска, да влијаат за повисоки даноци кои не мора да ги плаќаат или да поддржат војна која не мора да ја војуваат. Ако е така, јас повеќе би и' поделил на Боцвана неколку места во македонскиот парламент. И тие не мора да ги спроведуваат политиките, бидејќи не живеат овде, а плус се објективни и неоптоварени со заблуди и комплекси.

Наместо свеќичка бр. 4:

Контраорганизацијата „Плоштад слобода“ сега се појави нова групација „Деница“. Тие сакаат црква на плоштад. Со смирени тонови, поддржани од мускулести типови во темни очила, кои како да излегле од ЕТА, најљубезно им објаснија на македонските медиуми дека тие се сетиле оти сакале црква. Никој не ги натерал, туку спонтано забележале дека не е доволно што двете најмоќни организации во државата – Владата и Црквата – ја поддржуваат идејата за црква на плоштад, па се почувствувале должни да им помогнат на послабите и да ја поддржат идејата за помошна црква.

Наместо свеќичка бр. 5:

Владата донесе одлука: земјата ќе се купува багателно. Кој купил досега, жалам. Се мислам дали можам, во овој дух на дарежливост, да влезам со една креда во дворот на поранешен ЦК, и со испрекината линија да си означам - до тука е мое. Ако е по едно евро квадрат, се исплатува.

Наместо свеќичка бр. 6:

На крај, како за роденденска забава, си ги спомнувам шарените и накитени кампањи, кои ни ги пуштаат по неколку часа секој ден. Не можам да ја избегнам сликата како од текстовите на Дуковски: народот напупен пред билборди, а од началството се редат и нежно ни шепотат в уво: „Осеќаш ли како знање улази у тебе? Уживај додека трае, зашто знаењето е сила, знаењето е моќ!“ Ако сакаш да умреш, ни тоа не може - нема место во „Бутел“.

(Авторот е магистер по политичка комуникологија)

 


#
Статијата е прочитана 666 пати.

Испрати коментар

Од: kaktus
Датум: 10.09.2009 00:45:14
Да се зборува за држава дека била полнолетна. Кај им текнуваат вакви глупости. Тоа може само на новокомпонираниве магистри. Кој знае кај се не ги купуваат титулите. Еј, глупост човечка-Бесконечна си!
Од: Brian, Canada
Датум: 10.09.2009 04:13:40
G-dine Arsovski od kade vi doagja taa destrukcija kon se sto e makedonsko, kon narodot makedonski vo i nadvor od Makedonija. Otvoreno navreduvate iljadnici makedonci nadvor od Makedonija kako iskompleksirani i polni so zabludi. Jas ne se cuvstcucam navreden, iako za mnogu polesni "kvalifikativi" redovno sum cenzuriran. Vie ste klasicen primer na "famozniot makedonski samounistuvacki sindrom". Ne ste ni prv ni posleden. Potsmevot i ponizuvanjeto na sopstveniot narod e nasocen kon samior Vas kako pripadnik na istiot. Neka Vi sluzi na cest.
Од: Ангеле Л. Вретоски
Датум: 10.09.2009 06:21:02
До Магистерот по СДСМ-овската и словенофилската политичка комуникологија. 1. Пишуваш како Боцванците не знаат со кого фатиле работа и си ставиле трн во здрава нога. Сега ќе морале да влезат во вителот на разврската на прашањето за името, да се соочуваат со лобито од Грција. Боцванците имаат повеќе памет од сите вас Словеноиди и од вашите омилени Атинјани.Понатака си земаш за право да ги омаложаваш Македонските Македонци нарекувајќи ги: античари, идиоти, антиквизатори и неидентификувани македоноиди. Значи ли тоа дека сите вие Словеноиди и довчерашни Југословеноиди со вашите казамати од Индризово па до Голи Оток ширевте цивилизација, наука, култура и.т.н.? Вие Словеноидите знаете повеќе од сите народи во светот и затоа спрема вас немало Македонци туку само некакви си потомци од: Аварите, Хуните, Пачанезите, Волгар��те, Зад-Карпатијците и од сета таа смеса се создале некакви си Словеноиди!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 10.09.2009 08:33:11
Како прво ова нее полнолетство на владата и нејзин ронден туку на државата.За изминативе години градењето на полнолетството го правеа и други чинители кој не се преставени како роденденски свечиќки.Ја заборавивте најголемата свеќа комбинирана со темјан а во врска со криминалната приватизација.Знам дека нее во ваша перцепција затоа што е од страна на опозицијата.Ваквата свеќа за разлика одругите свечиќки не се гаси со дување и искажани желби и ќе гори вечно за спомен на едно криминално транзициско време.
Од: Angele L. Vretoski
Датум: 10.09.2009 12:08:09
2. Ја напагаш Владата на Р.М. дека донесла одлука македонската дијаспората да гласа во македонски избори". Понатака пишуваш спротивно на сите меѓународни стандарди, место сами себе да се владееме, ќе дозволиме да не' владеат нашите од странство. Ние во Автралија сме сведоци кога и како гласаат народите кои живеат во Австралија а се дојдени од Европа, Австралија, Канада за време на гласанјето во нивните поранешни држави. Италјанците од Австралија имаат свои преставници во Парламентот во Рим. А што барате вие Словеноидите ние од дијаспората како што ја нарекувате, да ви праќаме пари и Вие таму во Р.М. да отварате банки од типот на ТАТ и сите нас да не ставите во мат.
Од: Slavjanoid
Датум: 10.09.2009 12:30:08
Do Angele Vretenovski: Objasni, te molam, koi se tie makedonski Makedonci, zasto jas, glupavata Slavjanoidka ne sum cula dosega za takov vid lugje.

Најди! во Утрински
Мислења
Шесткатница на плоштадот „Македонија“