Број 2780  петок, 05 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Бунт во затворот „Идризово“

Осудениците со хебли и со стапови ги кршеле вратите
и катанците

Даниела Трпчевска


Бунт во затворот „Идризово“. По само два дена откако затворениците го прекинаа штрајкот со глад, завчера ситуацијата кулминирала во затворот.Бунтот избувнал на третиот кат од Затвореното одделение, каде што осудените на доживотна казна со хебли, стапови и ножеви го искршиле инвентарот, железните врати и катанците. Во текот на ноќта ситуацијата била смирена, иако никој од надлежните не објаснува зошто избил инцидентот и како успеале да ја смират тензијата.

Како што соопшти Управата за извршување санкции, завчера во вечерните часови се случило нарушување на куќниот ред, при што група осудени лица од Затвореното одделение во Домот почнале да кршат дел од инвентарот и врати во едното крило. Тие насилно го искршиле и катанецот на влезната врата. „Извршен е разговор со осудените лица, по што тие се смириле, тензијата попуштила и мирно влегле во одделението за престој. Состојбата будно се следи, а моментно се работи на откривање на мотивите и санација на штетите“, се наведува во соопштението.

Но, вработените и дел од осудениците во затворот „Идризово“ сведочат дека во затворот завчера се случувала вистинска драма. Затворот бил преполн со полицајци и стражари кои биле донесени во текот на ноќта од останатите затвори во земјава, со цел да ја држат ситуацијата под контрола.

Целиот курцшлус, според нашите извори од затворот, настанал кога околу 16,30 часот била донесена наредба да се префрлаат одреден број затвореници од нивните ќелии на другите катови. Дел од нив реагирале многу жестоко и го спречиле трансферот. Ситуацијата за миг излегла од контрола кога се нафрлиле врз инвентарот во Затвореното одделение, правејќи лом пред себе.

Според надлежните во Управата за санкции иницијалната каписла за инцидентот било преместувањето на затворениците, што е редовна појава.

„Такви преместувања на затвореници од една во друга просторија се вршат редовно од безбедносни или од други причини. Но, по инцидентот што настана во Затвореното одделение, синоќа ситуацијата беше смирена. Затворениците ја зедоа храната која им беше поделена“, вели в.д. директорот на Управата за извршување санкции Коста Димитров.

Затворските работници коментираат дека бунтот настанал бидејќи е можно преместувањата да прекинале некаков синџир или им ги нарушиле плановите на некои од осудениците. Сепак, останува дилемата како е можно во Затвореното одделение, каде што се наоѓаат лица осудени за најтешки кривични де��а на доживотен затвор, да има складирано хебли, стапови и ножеви. Надлежните само слегнуваат со рамената и велат дека при редовните претреси, „зад затворските решетки може да се најде буквално се' и сешто“.

Немирен ден завчера имаа и стражарите во Истражниот затвор во Шутка. Затвореник што се обидел да избега од затворот бил пресретнат и фатен од друг затвореник, кој го вратил назад.

Како што неофицијално дознаваме, затвореник кој пред три дена бил донесен во Истражниот затвор успеал да излезе од Затвореното одделение на просторот каде што се урива шеталиштето и се градат новите затворски простории. Тој, велат нашите извори, ја напуштил зградата и излегол во дворот каде што бил пресретнат од друг затвореник. Меѓу нив настанала расправија, по што „бегалецот“ физички бил совладан од другиот осуденик и повторно бил вратен во затворот. Директорите на двата затвори вчера не беа достапни за медиумите за да ги објаснат инцидентите што се случија.


Статијата е прочитана 431 пати.

Испрати коментар

Од: GetBet
Датум: 05.09.2008 00:37:17
Очекувам следната новина од затворот да биде: затворениците со базука ги оштетија келиите.
Од: ljupco,bitola
Датум: 05.09.2008 05:39:28
Neka gi abolicira Branko lugjeto,greota se... Strajkuvaat,gladuvaat vo zatvorite. ABOLICIJA ZA SITE posteni :lopovi, sverceri,ubijci clenovi na sdsm i ostanati sumski zverki !!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Лазe Радевски негира дека е сериски убиец
За двајца педофили вкупно 23 години затвор