Брoj 2780  петок, 05 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

За двајца педофили вкупно 23 години затвор

ШТИП - Педофилот Трајче Ефремов (60) од светиниколското село Ѓуѓанци доби 13, а неговиот пријател Раде Петровски (40) од Ерџелија, 10 години затвор за педофилски напад врз девојче со ненаполнети 14 години. Ваква пресуда им изрече Кривичниот совет при Основниот суд во Штип, со кој претседаваше судијата Стојан Михов.

Ефремов и Петровски извршиле полов напад врз ученичка во седмо одделение. Прво Ефремов, кому ова му било втор случај на педофилство, во април ја одвел малолетничката во неговата куќа. На седмоодделенката и' рекол дека од касетофон ќе и' пушти лента со гласот на нејзината мајка, која, наводно, ја советувала да биде во блиски односи со него. Ја одвел девојката во собата, ја пуштил лентата, од која се слушала само музика и недолични вицеви. Ефремов почнал да се соблекува, потоа ја допирал малолетничката. Девојчето плачело и се бранело, па насилникот не успеал во намерата да ја силува.

Раде Петровски, пак, влегол во куќата на девојчето, додека нејзините родители не биле дома, и додека спиела, почнал да ја бакнува и да ја допира. По вториот напад кој се случил, девојчето им раскажало на родителите за се што и' се случувало со двајцата педофили, кои беа приведени и на кои судот им ги изрече споменатите казни. (И.Б.)

 


Статијата е прочитана 262 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Лазe Радевски негира дека е сериски убиец
Бунт во затворот „Идризово“

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.