Брoj 2767  среда, 20 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Каде ако не во НАТО?

Соња Крамарска

Настаните во Грузија отворија пат на нови анализи за иднината на Македонија. Оваа поранешна советска република, земја која како и Македонија е аспирант за членство во НАТО, деновиве се соочува со крваво сценарио откако во конфликтот околу сепаратистичката област Јужна Осетија интервенира руска армија, а во решавањето на кризата се вмеша без малку целиот свет.

Овие настани по којзнае кој пат го отвораат прашањето - какви се перспективите на Македонија ако подолго време остане надвор од безбедносниот чадор на НАТО во услови на нерешени базични прашања за нејзината државност (името, северната граница, суверенитетот).

Премиерот Груевски само пред неколку седмици, на прославата на Илинден, во својот говор изјави дека Македонија може да се развива внатрешно дури и во услови ако се остварат црните прогнози дека Грција ќе ја продолжи блокадата кон нејзиното зачленување во НАТО и во ЕУ.

Но, кој е тој пат? Ќе ја изнесе ли Груевски својата алтернативна стратегија пред македонската јавност или ќе слушаме само реторички изјави дека останувањето надвор од НАТО не е крај на светот.

А дека тоа навистина би можело да биде крај на светот, иако не во буквална смисла, покажаа случувањата во Грузија и видливата пукнатина во НАТО околу начинот на кој треба да реагира, бидејќи Америка бара Русија да биде казнета со изолација додека, пак, европските членки на Алијансата се претпазливи и не се согласуваат со изолација на Русија. Тоа може да биде сигнал за Македонија дека потпирањето исклучиво и само на Америка не е секогаш добитна комбинација.

Македонската влада треба будно да ги следи настаните во Грузија и да извлече и уште многу други поуки. Петер Семнеби, специјален претставник на ЕУ за Јужен Кавказ, вчера ја даде можеби најпоучната изјава за македонските власти, велејќи дека многу луѓе по она што се случи во Грузија ќе сакаат да изградат подобри односи со своите западни партнери, и тоа колку што е можно побргу.

Но, дали тоа го прави македонското раководство или работите се движат во обратен правец - да ги губиме пријателите. Од писмото на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, на премиерот Груевски, во кое тој му одговара дека (само) со решавањето на проблемот со името ќе се трасира патот за подобри односи меѓу Македонија и Грција кои ќе придонесат за справување и со другите прашања, најдобро се илустрира дека македонската официјална позиција е со светлосни години далеку од напредок.

Претседателот Бранко Црвенковски завчера во својот говор по повод Денот на АРМ прати суптилна порака до премиерот Груевски да не замислува дека прогресот во Македонија е можен ако не успее на патот кон евроинтеграциите.

Во таквата изјава на Црвенковски може да се препознае спротивставен концепт на претседателот на државата во однос на премиерскиот концепт кој преферира соло-игра. Меѓутоа, проблемот на Македонија е што двата концепта никогаш не се спротивставија јавно, на отворена сцена. Од состаноците на двајцата шефови, едниот на државата, а другиот на Владата, постојано слушаме за некакви усогласени ставови околу името кое е главна пречка на патот во ЕУ и во НАТО, а потоа во практика секој си тера своја политика.

Така, македонските граѓани се доведени во ситуација да се прашуваат каде ако не во НАТО, но одговорот од нивните водачи се' уште не им е доставен. Едниот е зафатен со пишување писма и не гледа дека од него се очекуваат многу одговори токму овие денови, а другиот го има одговорот, но по се' изгледа не е подготвен да влезе во суштинска битка за одбрана и наметнување на своите аргументи.

Изгледа како македонската државна политика да го загуби компасот, но дали е тоа привремено или за подолго време ќе почекаме да видиме.


Статијата е прочитана 1204 пати.

Испрати коментар

Од: Goran
Датум: 19.08.2008 22:36:51
Со оглед на тоа дека Груевски сака да биде диктатор како што беше Тито ништо чудно да се приклучиме на неврзаните.
Од: K
Датум: 20.08.2008 02:56:48
Ej Kramarska Gruzija e komsija na Rusija i TOA e problemot na Gruzija..sto se odnesuva do Makedonija koj ke ja napadne Grcija ili Srbija ....bog da cuva od vakvi novinari em prosti em od SDSM
Од: Ace od Avstralija
Датум: 20.08.2008 08:10:02
Gruevski ko Tito???? hahahahah.......... Otkoga toj dojde , site nie vo stranstvo gledame deka Makedonija odi napred demokratski kako i site normalni drzavi, prosto kazano MRDNAVME OD MESTO. SDSM i Brane Oktopodot nikoj ziv ni 0,0000000001% ne gi prepoznavaat kako normalna partija so malku kultura, osven kako zelni za vlast i upravuvanje i nikakvi idei vo bilo sto ne mozat da izmislat. Ne plivajte so SDSM, barajte treta partija
Од: jovan
Датум: 20.08.2008 08:19:49
Posle nastanite vo Gruzija ima promeni vo odnosite Istok-Zapad. Vo ovoj slucaj (barem za sega) Rusija izleze pobednik. NATO dobi dobar udar. Vo vakva situacija NATO veke nema da smee tuku taka da se zafrkava i da ispolnuva zelbi na Grcija. Koga veke sme se opredelile za NATO (toa e barem dobro) treba sega malku poveke da pritisneme i zaangazirame za da vlezeme. Dokolku i ponatamu ne sme im interesni i ne uslovuvaat so promena na imeto ,togas vredi da se poceka, bidejki na povidok e raganje povtorno na svetska sila koja ke parira na Amerika i NATO. Makedonija veke e zaobikolene od NATO, taka da nema nekoj seriozni zakani od nadvor. Sega vnimatelno da sledime sto ke se slucuva pomegu golemite sili i spored toa treba i nie da razrabotuvame strategija. Rusija pokaza deka jakne, no i NATO sega mora da pokaze sto ke prevzeme po toa prasanje.
Од: devicanecot
Датум: 20.08.2008 08:32:20
Znaci, samo cadorot na NATO i nisto drugo. Pod nego nema da vidime ni dozd, ni sneg, a bogami izgleda ni sonce!!.. Se vide po Gruzija. Amerikancite ja snabduvaa so oruzje. Gruzija trosese na oruzje po milijarda dolari godisno. A zamislete kakva ekonomija ima.Bese po vooruzuvawe vtora posle izrael. A za obucenosta i da ne zboruvame. Se americki instruktori. A nadvor od zemjata imaa duri 5000 vojnici vo mirovni misii, pred da poVlecat 2000 vojnici od IraK MINATATA NEDELA. Ima i drugi bezbednosni resenija. pogotovo za zemji kako nasata, koi vo globalnite sistemi na bezbednost, osven kako topovsko meso, ne mozat nisto da bidat. Ama izgleda tie ne mu se poznati na avtorot na statijata.
Од: stip
Датум: 20.08.2008 08:57:56
sakam da dodadam deka gospodinot goran a i drugite zaboravija vo vremeto na tito ni bese naj dobro. najlosoto bese za vremeto na brankovistite. zatoe i ne e loso da imame uste eden tito kako sto e g.gruevski.
Од: coraddo
Датум: 20.08.2008 09:56:32
novinarke,za vakva edna statija bi trebale da imate podgotovka i analiza,znaenje i vladeenje so mnogu poveke od ona sto i kako rekol Gruevski.za eden podsetnik,citajte gi kolumnite na Miroslav Lazanski,vo Politika.za navleguvanjeto za58-ta ruska armija,vo Gruzija e vinoven Sakasvili,satelitot na ucitelkata Kondi,deka svoite deca ne gi ispraka tamu ,tuku tugji kako i stranski platenici.najmila novinarke,vo edna izjava na amerikanski diplomat,jasno e receno deka prirodnite resursi vo svetot se neramnomerno podeleni,sto bi rekle Rusija ima-ovie nemaat,e aj sega ke im go zememe.naftata i gasot sto dotekuvaat na vasite sakani NATO clenki se ruski,Gruzija i Ukraina se samo tranzit zoni...i iako nema webmasterot da ve pocesti so moite razmisluvanja,barem neka vi gi prenese
Од: boro
Датум: 20.08.2008 10:26:54
ovie dolgi tekstovi me zamaraat. bi trebalo izgleda da se zakluci vaka: "grueski e losiot , a branko e dobriot"...?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Загинаа десет француски војници во Авганистан
Високите температури го вклучија алармот за пожари
Зденко
Во министерствата се делат астрономски хонорари
Тројца настрадаа во експлозија на трафостаница
И акциите на Берзата на „одмор“
Хигиена и болници
Чинго се врати во Пасквелија
Бан Kи Мун- Прво името, па другите проблеми
Мозоците на пензиската афера во притвор
НАТО најави дека ќе ги скрати „редовните контакти“ со Русија
Карикатура
Банките ги демантираат обвинувањата на Управата за перење пари
Verbatim
Црвенковски одби да го аболира Кирил Тодоровски
Елена Исинбаева

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.