Број 2704  четврток, 05 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

ЕФА: Грција води бедна политика спрема Македонија

Писмо од Европската слободна алијанса до Европската комисија и до Европарламентот

Брисел - Европската слободна алијанса (ЕФА) ги осуди грчките напади врз македонскиот јазик во институциите на ЕУ и обидите за негово искоренување. Писма со реакцијата на ЕФА се испратени до Европската комисија, Европарламентот и до сите грчки европратеници.

„ЕФА е длабоко загрижена од последната кампања на грчките европарламентарци кои во европските институции се обидуваат да го заменат, а во некои случаи и да ја искоренат употребата на терминот „македонски“, кога се опишува македонскиот јазик, македонската култура и лица кои се декларираат како етничките Македонци“, се наведува во реакцијата на ЕФА, во која членуваат партии на малцинствата и зелените во Европскиот парламент.

Во писмото до институциите во Брисел, ЕФА нагласува дека станува збор за координирани активности на грчката држава за непризнавање на македонскиот јазик и на македонскиот идентитет на етничките Македонци во Грција и надвор од нејзините граници.

ЕФА наведува дека за неа ваквото агресивно однесување на Грција по ова прашање не е нешто ново и оти и порано била сведок „на грчката бедна политика на непризнавањето на етничките Македонци во Грција“.

ЕФА уште еднаш потенцира дека „грчките обиди да го преименуваат македонскиот јазик преку телата на Европарламентот или Европската комисија не се во согласност со член 6(3) од спогодбата на ЕУ, кој гласи: „Унијата треба да ги почитува националните идентитети на нејзините членки, а Македонија е официјален кандидат за членка на ЕУ“.

„Навистина е апсурдно и грешно да се нарекува македонскиот јазик нешто што не е. Сите сериозни лингвисти се согласија за употребата на терминот македонски“, наведува ЕФА.

Европската слободна алијанса нагласува дека е „иронично што најсилните напади за постоењето на македонскиот јазик не доаѓаат од академскиот св��т, туку од самата грчка држава.

„Во грчката цензура од 1920 година македонскиот јазик (а не славомакедонскиот) бил наведен како јазик употребуван од дел од популацијата на Грција. Делови од оваа цензура се објавени и денеска може да се најдат во грчките архиви“, се вели во писмото што ЕФА го упати до европските институции во Брисел и грчките европарламентарци. (Макфакс)


#
Статијата е прочитана 1726 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Втора страница
Грчките војници сопрени на Богородица ги разбрануваа страстите
Црвенковски поканет во Атина од претседателот Папуљас
Франција останува на грчката страна за името
Мистериозни камиони
Verbatim

"""