Писмо со сочувство од Иванов до Харалд Петти

Македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, испрати писмо со сочувство до кралот на Норвешка, Харалд Петти, по повод трагичните настани во Норвешка.
Претседателот Иванов во телеграмата истакнува дека веста за необјаснивиот чин на насилство во Осло ја примил со длабока тага и посочува дека искрено жали за загубените животи во таа голема трагедија.
„Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и за семејствата на настраданите и повредените, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име, да Ви упатам изрази на длабоко сочувство. Сакам да Ве уверам дека срцата на македонските граѓани се со Вас. Ве молам, Ваше височество, изразите на сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите“, наведува шефот на македонската држава во телеграмата. (МИА) |