Што прават денеска
Раде Спасовски
шеф на дел. за јуниорски „Евросонг“
Денеска е денот „Д“. Од 17,15 часот почнува директниот пренос на националниот избор за претставник на Детската евровизија. Претходно, речиси цел ден сме во студиото на МРТВ, ангажирани со последните проби и подготовки. Кога ќе заврши изборот, малку релаксирање на крајот на денот, пред почетокот на натамошните подготовки.
Цаци Паковска
стилистка
Продолжувам со истото темпо на работа, како во последниве месеци, иако пред неколку дена завршивме голема работа со отворањето на бутикот во ГТЦ, „Стилисимо“. Одам во фабрика за да проверам како се одвива производството на моделите, па потоа во бутикот и ангажманите таму. Малку е напорно, но работата ме мотивира и ме исполнува.
Стојан Троицки
ест. менаџер
Во овој период од годината, обично, бев ангажиран со подготовката на „Макфест“. Но, бидејќи оваа година веќе не сум директор на фестивалот, можам да уживам во другите работи на животот. Денеска, пак, е весел ден за моето семејство. На свадба сме кај блиска роднина во Гевгелија и расположението е на високо ниво. |