Брoj 2803  сабота, 04 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Наука
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Лоша екскурзија на „Браќа Манаки“

Сунчица Уневска

Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во своето 29. издание се пресели од Битола во Скопје. И, како реагираа скопјани? Никако, што е и донекаде разбирливо. Бидејќи ова, пред се', е фестивал на Битола и на битолчани, „Браќа Манаки“ е фестивал чии корени се длабоко всадени во Битола, чија традиција и историја е врзана со овој град, со неговиот дух, со неговите жители. Битолчани го сакаат овој фестивал, тоа е нивното алтер его, низ него тие се препознаваат, а и тој се препознава во нив. Затоа тој со години успева и расте во Битола.

А што се случи во Скопје? Комплетна индиферентност. Не само затоа што овој фестивал во Скопје ја нема својата традиција и публиката го нема вистинскиот однос кон него. Публиката не му ја даде својата поддршка. А ни медиумите. Едноставно, сите се занимаваа со тоа што донесе овој преседан, зошто е направен и кој го дозволи, отколку со програмските содржини на фестивалот. Тие се во втор план на штета на фестивалот и на голема срамота пред гостите и странските медиуми.

Дали можеше да се предвиди ова? Секако. Тоа требаше да го предвидат оние што го организираат фестивалот, оние што треба да знаат што значи традицијата за еден фестивал, која сите можни филмски фестивали во светот се трудат да ја воспостават. Требаше да знаат колку е значајно за гостите да дојдат на еден ваков фестивал, посветен на филмската камера и фестивал со исклучително реноме во светот, како манифестација која ги негува вистинските уметнички вредности. Гостите дојдоа со полна доверба и со респект кон еден фестивал со такви корени и реноме, и со што се судрија тука? На тоа требаше да мислат организаторите, кои изгледа заборавија дека фестивалот е поголем од нив и поголем од сите нас.

Фестивалот „Браќа Манаки“ е сериозен бренд, интернационално познат и почитуван и длабоко поврзан со нашите вредности. А тоа се нешта кои странците, за разлика од нас, умеат премногу да ги вреднуваат.

Овој потег организаторот го оправдуваше со проширување, но, всушност, излезе дека намерата била друга. Интересно е дека сега сите институции и релевантни чинители кои ја дадоа својата поддршка на една навистина чудна идеја сега се правдаат дека не знаеле. А факт е дека преселувањето на фестивалот од Битола во Скопје на организаторите им беше дозволено од сите. А што значи во случајов тоа проширување? Одржување фестивал паралелно во два града? Тоа не го прави никој, и покрај изјавите на организаторите дека е честа практика. Напротив. Тоа не е честа практика и тоа од објективни причини.

Еден филмски фестивал трае пет, седум или десет дена и во тој период е поместена целата филмска програма, сите прес-конференции, средби, трибини, разговори по филмовите, репризни проекции и полноќни дружења. Сето тоа е доволно напорно и кога е сместено само во еден град и кога е сместено во мал радиус во кој мора постојано да сте во движење. Патување меѓу градови и да се тие само на 30 километри е неизводливо. Затоа такво нешто не прават ни фестивали со многу побогато искуство и далеку поголема и повешта екипа. Можно е единствено да се направи ревијален дел во друг град, а кој град ќе беше тоа во случајов требаше да биде јасно. Но, некој не сакаше да го види тоа, а сега е предоцна, барем за годинешниот фестивал и, секако, за неговото реноме.

Не дека немало проблеми и досега. Се зборувало и други години за внесување промени и порано, иако последните години особено, имало проблем меѓу организаторите и градот Битола. Бидејќи, се чини дека со години се провлекува недоразбирањето и фактот дека Битола не може да биде само на услуга на организаторот, таа мора да биде активен партнер на фестивалот и неговиот ’рбет во поглед на организацијата. Точно е дека и концепцијата на фестивалот треба да се проширува и дека тој треба да расте, но само ако сето тоа го надградите на неговата база, на неговата суштина.


Статијата е прочитана 330 пати.

Испрати коментар

Од: Живко
Датум: 04.10.2008 01:28:41
Кој ја води манифестацијата добро е и овака што пројдоа. На овој фестивал му требаат саглам луѓе кој отишле подалеку од Конопиште и виделе нешто и направиле нешто! Организаторот треба да се запраша за своите идеи, или нека ја препушти работата на оние што знаат.
Од: Nikola
Датум: 04.10.2008 08:27:09
Ostvaruvame-Se ce unistime, da ne bide, kako sto bilo! Toa e gesloto na DPMNE.
Од: Битола
Датум: 04.10.2008 11:22:24
Во 2006г. и локалната власт и цетралната беа во рацете на вмрото,тогаш дозволија фестивалот да биди ова штое,па сега Двојче како спасител се јавува,а тој смиот ја направи оваа каша.
Од: Игор Г.
Датум: 04.10.2008 11:53:37
Браќа и сестри патриоти вмровчиња, без навреди и лутеж, и без претерување, рака на срце, уште еднаш покажавте дека од секое дрво не бидува кавал. Оваа ваша тајфа раководители на Фестивалот кој знае дали може да биде ОБЕЗБЕДУВАЊЕ а не раководи...
Од: Јордан
Датум: 04.10.2008 12:27:18
За перфидноста и лукавоста на организаторот - секоја чест! Би требало со стручна помош на психоаналитичар на пациентот Томе Салкоски да му се овозможи таа умешност некако да ја пренасочи во начин „најдостоинствено“ да поднесе оставка; што е можно побргу. Манаки е Битолски фестивал. Точка.
Од: aman!
Датум: 04.10.2008 19:09:42
RESPEKT???? lele ve molam citajte sto pisuvate. kakov seljacki napad na makedonskiot jazik a nesto tamu pisuvate za tradicija!
Од: Крист.Јов.
Датум: 04.10.2008 22:06:51
До “АМАН“: “Аман“ брате кога толку се занесуваш дека го познаваш македонскиот јазик и дека си толку паметен во таа твоја една единствена реченица ти недостасува точка, запирка и голема буква. Оди си брате кај Латас, бумбарите, гласот на народот, бурекчијата...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Едиторијал