Број 2990  среда, 20 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Што прават денеска

Зоран Љутков

- актер

Претпладнето од денешниот ден ми е исполнето со проби за претставата „Чернодрински се враќа дома“, во режија на Мартин Кочовски, во Театарот во Велес, чија премиера ја подготвуваме за крајот на јуни. Покрај тоа, веќе работам и на подготовките на Фестивалот на античка драма што ќе се одржи од 20 до 30 јули во Стоби.



Силвија Митревска

- уредник во „Просветен работник“

Уште од рано наутро со колегите од „Просветен работник“ ги завршуваме последните подготовки за денешната промоција на нашиот специјализиран и редизајниран месечник за образование. Убава можност да се видиме со колегите - нашите верни читатели од цела држава и заедно да го одбележиме настанот. Се надевам дека на сите наставници, воспитувачи и професори ќе им се допадне промоцијата, а сигурна сум дека ќе продолжат да бидат наши верни читатели.



Зоран Ѓорѓиев

- новинар

Според планот на денешните обврски како новинар-дописник од Струмица, прво имам снимање прилог од една поголема вежба на струмичките пожарникари. Понатаму, активностите течат според динамиката на денот, а вечерта сум на матурска прослава кај синот на една колешка.

Најди! во Утрински