Број 3364  сабота, 21 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

Двојни плати за иста работа во Србија

Дали можат да се заработат различни плати за иста работа? Секако, и тоа од повеќе причини кои се определени од пазарот на трудот. Но, споредбите обично не се едноставни. Некој што работи во провинција често прима помала плата од некој што ја работи истата работа во главниот град. Тоа треба да значи дека работата во главниот град е помалку привлечна, па е потребно платата да биде поголема за да има заинтересирани кандидати за вработување во градот. Но, обично кога ќе се земат предвид сите околности што ја одредуваат вистинската вредност на платата, работата во провинција најчесто оди со поголема плата. Значи, за да се вработат луѓето во провинција, потребно е да заработуваат повеќе отколку кога би работеле во град.

Секако, ако има повеќе работни места во главниот град, провинцијата ќе се најде во многу незавидна положба, бидејќи ќе има поголема стапка на невработеност, што ќе влијае негативно на висината на платата која може да се заработи. А, тоа повторно ќе иницира иселување, кое може дополнително да ја влоши состојбата во неразвиените подрачја. Дополнителен фактор е што неразвиените региони немаат средства да ги подобрат општите услови за живот, бидејќи изворите од буџетските средства се мали. Па, така лошите изгледи за вработување, ниските плати и лошиот квалитет на живот можат меѓусебно да се условуваат и значително да ја зголемат платата која би била доволна да се поттикне вработување во провинција. На пример, двојните плати во Косово можат да бидат доволни да се чека на подобра работа надвор од Косово, а тоа е веројатно и причина што не се знае точно која работа им се плаќа на тие луѓе? За продуктивна работа тоа веројатно не е доволна плата, а како субвенции тоа не е правично, а веројатно тоа го имал предвид уставниот суд кога оцени дека се неоправдани двојните плати. (Блиц)


#
Статијата е прочитана 1413 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Не запира рекламирањето на Владата
Сите јадат повеќе од Македонците!
Буџетскиот дефицит достигна 111 милиони евра
Најголемо производство досега
Привршува автопатот Приштина - Скопје