Број 3426  понеделник, 08 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
На прво место

Низ студентските домови се' уште шетаат лебарки

Постојните домови скапуваат под забот на времето, а се најавува изградба на три нови

Жаклина Ѓорѓ��виќ

Тешка миризба се шири од самиот влез во дрвените бараки од студентскиот дом „Невена Георгиева-Дуња“, кој со години не го променил својот изглед. Имиџот на овој дом е веќе познат и за оние што го знаат и за оние што не биле во него - тегли, чорапи, маички, долна облека... висат на прозорците со решетки и им служат на студентите и како фрижидер, но и како справи за сушење. Но, и тие, како и вратите, се дотраени и искршени.

Од подотворената врата на една од бараките на влезот во домот се гледа бојлер чие дно е прицврстено со лента за изолација, а од неа се наѕираат жици. Но, не е само ова дотраено. Списокот е долг, а тоалетите се први што паѓаат в очи. „Ништо не е реновирано. Не' заборавија“, велат студентите од познатиот ’Медицинар‘, кои се надеваат дека и за нив ќе дојдат подобри времиња.

Има ли Владата визија за студентските домови? Од една страна, постојните домови скапуваат под забот на времето, а од друга, пак, Владата најавува изградба на три нови студентски дома, од кои секој ќе чини по 60 милиони евра. А за реновирање планира да потроши само 600 илјади евра. И што се случи со идејата за изградба на нов студентски дом во „Стив“ што ја најави ексминистерот Перо Стојановски, а за која дури беа и одвоени средства од буџетот?

Во саботата официјално беше промовирано реновирањето на втората машка зграда во студентскиот дом „Стив Наумов“, што е втора реконструкција на домот во последниве неколку години. Бараки таму веќе ќе нема, бидејќи е планирано да се уриваат во почетокот на идната година. Министерот за образование, Никола Тодоров, како и студентите, е задоволен од условите во реновираниот дом. За идната година тој најави дека МОН обезбедило 38 милиони денари, со кои се планира целосно да се обнови „Медицинар“, а ќе има инвестиции и во студентскиот дом „Гоце Делчев“, за што се размислува за изработка на студија за јавно приватно партнерство за енергетска ефикасност, бидејќи годишно за струја за домот плаќале 100.000 евра.

„Студентите што сега се сместени во машката зграда во Стив Наумов до минатата година беа во бараките што се во очајна состојба и каде што сместувањето е под секое достоинство. Затоа сум навистина среќен што можеме да кажеме дека од оваа година 298 студенти имаат сериозно подобрени услови за престој и за учење“, изјави Тодоров, додека шеташе низ студентските соби, кои сега добија и посебни тоалети. За реновирање на оваа зграда Владата одвоила 32 милиона денари.

Тодоров најави и изградба на три нови дома, идеја што ја оправдуваше со анализа дека секоја година од 500 до 800 студенти останувале несместени. Претходно, во изјава за „Утрински“, тој појасни дека секој од домовите ќе чини по 60 милиони евра. Според министерот, тоалетите се клучна работа за зголемување на хигиенските услови. „Средуваме еден по еден дом. Во последните 20 години немало посериозна реконструкција во ниеден дом“, дециден е Тодоров. Министерот најави контрола на сите домови за да се види дали во нив навистина се сместени полицајци, како што се шпекулира. Тој најави и целосна реконструкција на „Медицинар“ поради „очајните услови во него“. Но, негова процена е дека, сепак, во него не може да се направи големо реновирање, па затоа се размислува за цврста градба.

Директорот на студентскиот центар „Скопје“, Крешимир Павиќ, вели дека се' уште не дефинирале што ќе прават со 600 илјади евра, колку што имаат во буџетот за реновирање на домовите. Бидејќи, вели тој, тие пари не се доволни за реновирање на сите домови. Прв дом што би требало да се реновира е „Медицинар“. Таму студентите се жалат дека немаат проблеми само со расипани бојлери и недостиг од топла вода, туку и со слабо греење, па затоа често си носат и греалки од дома. Потстанари во домот, заедно со нив, се глувците и лебарките. Но, немаат друг избор, бидејќи, велат, дека за легло само тука не им требале партиски книшки и пријателства.


#
Статијата е прочитана 1047 пати.

Испра��и коментар

Од: student
Датум: 08.11.2010 15:12:34
ne se spekulira , vo studentskite domovi sedat golem broj na policajci , vojnici, telohraniteli, i toa veke pet godini sedat , a studentite sto treba da sedat nema mesto za niv, povazna e partiskata kniska

Најди! во Утрински
На прво место
Ловат вештерки наместо покана за НАТО






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax