Број 3533  четврток, 17 март 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Елена Ристевска

пејачка

Денеска е ден за откритија. Конечно, претпладнево, заедно со „Тојота“ ќе одржиме прес-конференција на која ќе откриеме што се крие зад папарацо-приказната за т.н. моја нова афера во автомобил. Всушност, станува збор за герила-кампањата за автомобилот „тојота аурис“, чие заштитно лице од денеска ќе бидам и официјално.

Петар Горко

актер

Малку порелаксиран ден што се однесува до актерските обврски. Навистина вечерва играм во „Браќа Карамазови“ на репертоарот на Битолскиот народен театар, но денот ми е релативно слободен. Имам едно интервју за радио, веројатно некое кафе-дружење на Широк сокак, семејни обврски... Така уште десетина дена, до 27 март, кога започнувам со снимањето на новиот филм, во режија на Теона Митевска.

Влатко Плевнеш

музичар

Денот во овие претпролетни денови неизбежно започнува со утрински кафе на терасата. Денеска имам во план да го завршам аранжманот за уште една песна за новиот, шести албум на „Силви бенд“, кој планираме да излезе до крајот на годинава. Покрај тоа, со Силви работиме и на програмата за Виенскиот бал, каде што ќе настапуваме в сабота.


#
Најди! во Утрински

"""