Почитув��ни, би сакал со Вас да споделам една дилема што произлегува од Законот за домување. Имено, сопственик сум на стан во колективна станбена зграда, во која има три влеза со вкупно 72 стана. Влезот во кој живеам има формирано заедница на станари, додека останатите два влеза немаат формирано Заедница ниту, пак, имаат избрано управител. Во зградата има само една потстаница за топлотна енергија преку која сите три влеза се снабдуваат со топлинска енергија, односно се греат на парно греење обезбедено од „Топлификација“. Потстаницата се наоѓа во влезот во кој е формирана заедница на станари. Останатите два влеза немаат намера да формираат заедница на станари, но и ако формираат, на нивно име нема да стигнува сметката за потрошена електрична енергија за потстаницата. Напоменувам дека досега сметката за потрошена електрична енергија за потстаницата се делеше на приватните сметки на сите станари на зградата. „ЕВН Македонија“ја доставуваше сметката на име на влезот во кој се наоѓа, а не на име на зградата. Со практикувањето на новиот начин на фактурирање на ЕВН, сметката за потрошена електрична енергија ��а потстаницата повторно доаѓа само на име на влезот во кој се наоѓа, а не на целата зграда, иако потстаницата ја користат сите три влеза. Од погоре изнесеното произлегуваат повеќе прашања: 1. Кој треба да ја плаќа сметката за потрошена електрична енергија за потстаницата, дали само влезот во кој таа се наоѓа или сите три влеза? 2. Како и со кого треба да се регулира начинот на плаќање (со ЕВН или со останатите два влеза)? 3. Доколку начинот на плаќање треба да се регулира со останатите два влеза, а тие не формираат заедница на станари или не изберат управител, со кого нашата Заедница на станари да ги регулира односите? 4. Доколку начинот на плаќање треба да се регулира со останатите два влеза, а нивните заедници на станари или управители не сакаат да го регулираат ова прашање, како ќе се реши целокупната ситуација? 5. Дали е можно ЕВН сметката да ја подели на три дела, за секој влез одделно, па да го тужи влезот што не го платил својот дел? 6. Дали е возможно „Топлификација“ да ја преземе обврската за плаќање на сметката за потрошена електрична енергија за потстаницата, па потоа таа преку сметката за топлинска енергија да ја наплати од корисниците? 7. Доколку останатите два влеза одбијат да плаќаат за сметката за потрошена електрична енергија за потстаницата, дали е можно да им го исклучиме напојувањето со топлинска енергија за нивните влезови, и во тој случај парно греење да има само нашиот влез и сметката за потрошена електрична енергија за потстаницата да ја плаќа само нашиот влез? 8. Дали е можно ЕВН повторно сметката за потрошена електрична енергија за потстаницата да ја дели на приватните сметки на сите станари на зградата? 9. Дали ЕВН ќе има разбирање за настанатата ситуација и по колку неплатени сметки за потрошена електрична енергија за потстаницата ќе врши нејзино исклучување. Апелирам за добивање итен одговор на поставените прашања од сите институции до кои е доставено ова писмо, имајќи предвид дека зимата наближува и евентуалното исклучување на струја во потстаницата ќе значи живот во незатоплени простории за сите семејства во зградата. Напоменуваме дека неплатени се сметките за електрична енергија за потстаницата од мај 2010 година кога ЕВН престана со претходниот начин на делење на сумата на сите станари.
Samo da te informiram deka i jas odnosno nie stanari vo edna kolektivna zgrada go imame istiot problem i jas kako odgovoren resiv da se obratam do EVN pismeno. Im napisav pismo so istiot problem za smetkata za podstanicata i eve veke 3 meseci nemam nikakov odgovor od niv. Pretpostavuvam deka i tie neznaat sto da odgovorat i najlesno im e vaka, ako ne se plati smetkata ke ne isklucat sigurno.
Од: Petre-1
Датум: 03.09.2010 07:31:40
Jасни и логични прашања. Но кој да ви одговори на нив. Државата не знае да одговори на нив, Топлификација воопшто не ги чита писмата што и’ де испраќаат а ЕВН ништо не ја интересира, виде ли неплатени сметки веднаш ги пушта монтерите да ги откачат жиците од струјомерот.
Од: Nikola
Датум: 03.09.2010 08:50:07
Prvenstvena cel na Zakonot e da se soberat okolu 600.000 evra od registracija ili nekolku milioni evra od kazni za neregistracija. Apsurdi ima mnogu. Dokolku vo zgradata nikoj ne moze da ja obavuva funkcijata Pretsedatel (ostareni penzioneri, angazirani mladi ludje so dolgo rabotno vreme i mali deca, neznaenje, nesloga..) i tie naodjaat za najpovolno da angaziraat upravitel, no upraviteli nema..? Zosto vedanas kazna? Potreben e mehanizam za vakvi slucai so koj se nalozuva upravitel, nama mesto za kaznuvanje.
Од: sime
Датум: 03.09.2010 09:46:29
Zakonot za domuvanje trebase da napravi revolucija vo odnosite na stanarite,megjutoa napravi haos,prvo mesto dosegasnite sto ili dvesta denari za ytekovno odrzuvanje cifrite se udvostrucija,utrostrucija i pooveke,a stose podnesuva do EVN bas im e gajle,ke te isklucat vitalni objekti vo zgraditee,parno,liftovi pa mooras da platis.
Од: nekogo
Датум: 03.09.2010 10:00:26
Jas mislam da go napravite broj 7 - da gi otkachite drugite dva vleza, pa samo taka kje se slozhat da plakjaat.
Од: mikica
Датум: 03.09.2010 10:52:41
hhheeeejjjj, drugar smesen si, ova ti e so ovoj takanarecen zakon za domuvanje "luda kuka"....baraat pocituvanje, a od drugata strana koga ke zaprasas nesto glumat ludilo.....epa, koga tie glumat ludilo, eve i nie stanaraite od uste 9.000 iljadi zgradi/a, od kaj im e ovaa brojka?/ke glumime ludilo,se dodeka ne se spustat na zemja da bidat dostapni, a toa za kaznite sto se zakanuvaat, neka se slikaat malce poveke.....reciprocno, neli?!
Од: Oskar
Датум: 03.09.2010 12:44:31
Mislam deka EVN napravi golem problem so prefrlanje na smetkata za zaednicka struja na Kuknite soveti so toa mnogu ni ja iskompliciraa sostojbata za redovno plakanje. Treba da se napravat napori da se vrati stariot nacin na plakanje preku individualnite smetki.
Писма
Редакција: Мајаковски бр. 2 Скопје 1000 Скопје тел 3236 900; факс 3236901 e-mail: [email protected]