Број 3268  вторник, 27 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

ВМРО-ДПМНЕ ја смирува топката по референдумската бура

СДСМ вчера возврати дека нема да учествува на однапред пропаднат референдум

Оливера Војновска

Откако со настапот на телевизијата Сител македонскиот премиер предизвика вистинска политичка бура, од неговата ВМРО-ДПМНЕ вчера ја смируваа топката. Во владејачката партија брифираа дека „се очекува пакет идеи од медијаторот Метју Нимиц во текот на мај и дека посредникот во спорот со името е во постојан контакт со двајцата преговарачи“. По реакциите во политичките кругови дека Груевски ги забетонирал преговорите, во ВМРО-ДПМНЕ вчера уверуваа дека „се надеваат оти новиот предлог на Нимиц ќе биде добра основа за решение на спорот“. И наводно, се' уште го држи оптимизмот решение за името да има до јуни и на крајот на шпанското претседавање со Европската унија да добиеме датум за преговори.

СДСМ вчера возврати дека нема да учествува на однапред пропаднат референдум. Што, всушност, е одговор на изјавата на премиерот Никола Груевски во случај медијаторот Метју Нимиц официјално да достави предлог „Република Северна Македонија“ за севкупна употреба, тој ќе го стави на референдум и самиот ќе се изјасни „против“. За НСДП изјавата на премиерот е неодговорна а за Нова демократија таа води кон оддалечување од преговорите и кон понатамошна изолација на земјата. Поради настапот на премиерот не е загрижен само коалицискиот партнер во Владата - ДУИ, напротив, го сметаат за охрабрувачки.

Според потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, референдум за каков што говори премиерот на подолг период ќе значи крајно нарушување на угледот на земјата пред меѓународната јавност и дефинитивно закопување на евроатлантските перспективи на подолг период. Тој го повика премиерот да ја преземе целокупната одговорност за таквата ситуација. СДСМ смета дека Груевски како премиер има обврска да соопшти за што се залага, какво решение нуди за овој спор, а не за што е против. „Логично е да се одржи референдум откако Владата конструктивно учествувајќи во преговорите ќе дојде до најповолно решение за овој спор и тоа ќе го стави на проверка пред сопствениот народ, притоа, нормално, водејќи позитивна, а не негативна кампања“, рече Георгиев.

Во изјавата на Груевски СДСМ гледа една нелогичност и прашува зошто премиерот би распишувал референдум со однапред утврдена цел - да биде неуспешен? „Дали на овој начин Груевски има намера на подолг период да ги закопа не само преговорите, туку евроатлантските перспективите на земјата? Четири години Груевски не собра храброст јавно пред целокупната јавноста да каже за што е. Сега гледаме дека се обидува да ја подели одговорноста со народот и за одлуката против што е“, констатира Георгиев.

За лидерот на НСДП, Тито Петковски, изјавата на Груевски „е неодговорна, но многу искрена“. „Премиерот покажа дека ниту преговара ниту има намера да преговара. Доколку има референдум, не може некој друг да го смисли прашањето. Станува збор за неодговорен политичар во најчувствителен момент за Македонија“, смета Петковски. Според него, најсилната карта на Груевски е популизмот. „Тој ја фрли паролата дека е патриот и ја спасува Македонија, а сите други се предавници. Тоа е најсилната карта за да распише предвремени избори со паролата ’Не го давам името. Четири години ве чував, ако ми дадете мандат - ќе ве чувам до бескрај’“, рече Петковски.

Пратеникот Сулејман Рушити од Нова демократија од изјавата на премиерот јасно ја чита пораката дека до јуни нема да има решение за името. „За жал, таквата изјава на премиерот води кон натамошна изолација на земјата. Тоа што одговорноста се префрлува кај граѓаните не води кон решение, туку само Владата купува време“, рече Рушити.

Портпаролката на ДУИ, Ермира Мехмети, смета дека последната изјава на премиерот, како и ставовите од грчката страна се охрабрувачки. Таа гледа гледа поместување од мртвата точка. „Сега знаеме кои се неприфатливите позиции на едната страна и за што е подготвена другата страна. Сепак, тоа е знак дека процесот е отворен, се создава клима и има интерес да се надмине спорот за да може да се деблокира интеграцискиот процес“, изјави Мехмети. Според ДУИ, изјавата на премиерот „соодветствува на новиот предлог на медијаторот, што треба допрва да биде објавен“. „Не сакаме да прејудицираме и да хипотетизираме како ќе изгледа предлогот и на што се однесува“, додаде таа. Прашана какво охрабрување гледаат во децидниот став на премиерот дека евентуалниот предлог „Република Северна Македонија“ за севкупна употреба ќе го стави на референдум и самиот ќе гласа „против“, таа одговори: „Ако знаеме дека нешто не е прифатливо, а се води процес за преговори, тогаш и мора да има нешто што е прифатливо“. Според неа, одговорот на премиерот се однесува на одредена хипотетичка ситуација и таа не верува дека значи подготовка за предвремени избори. „Да видиме каков ќе биде предлогот. Без да го знаеме предложеното компромисно име, не може да прејудицираме како ќе се произнесеме на референдум“, рече Мехмети.

Професорот Димитар Мирчев, член на Советот за меѓународни односи на претседателот Ѓорѓе Иванов, не гледа ништо ново во изјавата на Груевски. „Премиерот го рече тоа што го нагласувал повеќепати досега, што го мислат повеќето од нас и во таа изјава нема ништо ново. Нема ништо ново ниту во ставот на нашиот грчки сосед и тоа сигурно ги забавува разговорите околу спорот за името“, смета Мирчев.

На вчерашниот брифинг, владејачката партија се правдаше пред новинарите дека „Владата посакува и не е вина на Македонија што нема датум за преговори“. Го повторија ставот дека доколку се дојде до предлог што ќе биде прифатлив за двете страни, народот на референдум ќе одлучи дали да се менува името. Прашањето кое ќе се постави пред граѓаните ќе биде формулирано од парламентот. Сепак, ВМРО-ДПМНЕ потврди дека на референдум може да се најде предлог зад кој нема да застане премиерот и Владата. Оттаму ги негираа информациите дека меѓународната заедница врши притисок прашањето за името да не биде ставено на референдум. „Таков притисок нема, но има притисок и врз двете страни поскоро да се најде решение за името“, велат во ВМРО-ДПМНЕ.


#
Статијата е прочитана 3857 пати.

Испрати коментар

Од: Trpe od Gradcko
Датум: 27.04.2010 00:15:05
g-dine Gruevski kako premier ako sakate referedum kazete vas stav kako premier a ne kako graganin. Ne pravete farsa od referdum bidejki znaeme koj sme i sto sme i ne e potrebno vakov referedum a SDSM jasno vi stavi blanko podrska za imeto kakavo i da bil kompromisot samo ako se zacuva identitetot i jazikot. A samite kazavte na jadi burek deka ne mozete da gi napustete pregovorite i deka treba da pregovarate. Ako pred sudot vo Hag ja tuzite Grcija za toa sto ne ne primija vo NATO pod BJRM( ako go osuduvate..) a ne pod imeto Republika Makedoija i zatoa imate blanko podrska za imeto i napravete napredok na Makedonija kon EU i NATO ako ne kazete kade ke odime vo izlolacija ili nekoja druga drzavna strategija...i ne glumite populizam
Од: nekoj
Датум: 27.04.2010 00:18:02
Vcera bev malku drzok na ovaa tema i utrinski ne mi go objavi komentarot sto e vo red. Eve denes so ubavi zborovi: Gruevski-koja e tvojata strategija?? Mene ne me interesira koi strategii nema da gi prifatis tuku koi ke ni donesat resenie ?!?! Dosta manipuliras so narodot-pa ne sme site budali bre coveku! Predlogot Severna Makedonija ne e los. Jas bi glasal ZA. Sepak toa i sme-severna, toa i sme-slavomakedonci..Dosta veke so gluposti. Mi se losi od toa sto gledam kako Makedonija tone, a narodot kako shushumigi se mlatat..izgubeni vo prostorot. Dosta go lazes narodot-vreme e da si odis! So ili bez pomos od EU ke si odis skoro. Kako mozete bre luge tolku da ste nacionalisti, pa 21 vek e. Mora da se trgne napred veke ednas. Preku glava mi e od prostotilokot i neukosta na narodot.
Од: marina
Датум: 27.04.2010 00:30:54
bez eu nema idnina kako vo samica izolirani poradi eden grujo i vmro se odnesuvat kako da sme svajcarija a ziveeme kako da sme vo tursko siromastija gol grujo otvori oci site vo moja mala se nevraboteni.
Од: gragjanin
Датум: 27.04.2010 00:36:02
Gruevski, 4 godini verglashe za referendum ( strana 146 od prerodbata beshe, neli?), i sega odednash, toj bil protiv!? Shto sme nie, pa, toj vaka da si poigruva so nas? Ne' tretira kako moroni. Koj go terashe da insistira na referendum za imeto?
Од: maki
Датум: 27.04.2010 00:37:29
Gospodine Gruevski drzete se Makedonija e so VAs.Opozicioneri zelni za vlast, poglednete se vo ogledalo, ako ima pravda vo nego nema ni da se vidite, bidejki sami se izbrisavte so ovie vasi postapki. Vreme e da ve izbrise i narodot, bidejki vie ne ste povejke gragani na Makedonija.
Од: rambo
Датум: 27.04.2010 00:37:44
fer izbori+fer referendum+fer pregovori=demkratija Za zal Gruevski toa ne moze da go obezbedi
Од: ја
Датум: 27.04.2010 00:53:17
Неодговорен квази политичар е мојот коментар во врска со изјавата на племиелчето.Само се прашувам дали едно вакво негово однесување не ја води државава кон нова дестабилизација но на пософистициран начин т.е.кој е следниот потег на ДУИ и Али Ахмети по неуспешен референдум за името.Се се плашам дека тогаш ними ќе им заживее идејата за „нивниот квази референдум“ за т.н.Илирида и федерализација и поделба на РМ.Повикувам на разум кај сите мк политичари пошто овие„ децава“ очигледно го немаат.Доста им е ВРЕМЕ ИМ Е ДА СИ ЗАМИНАТ.
Од: Јован АН
Датум: 27.04.2010 01:20:35
До сега не сте константирале дека Грција ги “забетонира“ своите ставови,а сега дрвја и камења по Премиерот.Секој Македонец што си ја сака својата земја нема да се сложи со промена на името на нашата земја зашто тоа е и нашиот идентитет!Храброст е да се сочува името и достоинството наМакедонија и Македонскиот народ!Се’ друго е кукавичлук или издајство!
Од: Prijatel
Датум: 27.04.2010 02:10:18
E bas pametno allal da mue na SDSM prv pat nesto dobro da napravat vo istorijata tocno e taka i jas gi podrzuvam deka nema nikoj prav da odi na referendum oti tova e propas za Makedonija isto kese sluci kako so popisot za ramkovniot dogovor falsifikat i kuburot vo gas nokoj nema pravo de pregovara i menva ime na nekogo oti ova nikade vo svetot nese desilo i nekese desi osven kaj nasite korumpirani politicari pazise GRUJO oti istoto kete najde kako BC...
Од: Kimov
Датум: 27.04.2010 04:31:05
Do deka e ziv Gruevski narodot ke spie mirno. Poveke se sigurni so Gruevski od kolku so Crvenkovski. Zatoa ke go biraat dodeka e ziv.
Од: pameten
Датум: 27.04.2010 05:08:30
Crvenite linii se jasni. Svetot KJE ne' priznae kako Makedonija i Makedonci, no NE i kako Macedonia i Macedonians (Macedoine, Mazedonien etc) - zborovi koi shto ne' povrzuvat so antichkite makedonci so koi shto nemane vrska. Frankite bile Germansko pleme, sozdale drzhava i dale ime na narod koj shto zboruva (evoluiral) Latinski. Del od toj narod ostanal nadvor od Francija i denes se narekuvat Valonci.Nikoj ne go negira. "Antichkite" Bugari sozdale drzhava i dale ime na narod koj shto zboruva (evoluiral - bez padeshi) Slovenski jazik. Del od toj narod ostanal nadvor od Bugarija i denes se narekuvame Makedonci. VMRO, koja shto se sozdala kako Bugarski Makedono-Odrinski Revolucionen Komitet mora ovo jasno da go objavi i da ne' izvadi od kjorsokakot!
Од: stole
Датум: 27.04.2010 06:57:20
Pretsedatelot naVMRO-dpmne javno,glasno i jasno im dade naredba na vmro,ovcite kako da glasaat na referendumot za imeto na nasava drzava. So ova Gruevski dokazuva deka vo negovata partija nikoj nema pravo na sopstveno mislenje deka samo eden ima pravo da misli i da dava naredbi sto slepoto, gluvoto i nemo clenstvo ke gi sproveduva po avtomatizam. Eden takov "vodac" vo II Svetska vojna pred Moskva dozivea golem poraz a Gruevski veke pocna da go dozivuva svojot poraz pred cela Makedonija i Evropa
Од: novoselec
Датум: 27.04.2010 07:47:00
Cudni vreminja. Paradoks! NOB donese za prv pat oficijalno makedonsko ime a denesnite derivati na komunizmot go licitiraat. Sto za "fondovi" sto za da se dojde na vlast.
Од: Мите
Датум: 27.04.2010 07:57:03
ако се дозволи промена на името, идентитетот ќе биде зафрозен, можеби не директно од Грција, но индиректно од домашните издајници, пред се опозиционите партии, па веќе се изјаснија некој албански партии. А секаде во регионот имаме мултиетнички држави, почнувајќи од Србија (албанско и унгарско), Хрватска (српско и италијанско), Бугарија (турско и македонско), Грција (албанско, турско,македонско), Албанија (грчко,македонско) малцинство и никаде досега не се осмелила опозициона партија да го оспори националниот идентитет, само кај нас
Од: cicalche
Датум: 27.04.2010 08:06:15
Ako Gruevski si ja saka sopstvenata drzava i ako e patriot vo vistinska smisla na zborot, za dobroto na svojata zemja ke pretrpi i da dobie eden kup negativni poeni, pa i da padne od vlast ako treba. Toj e ovlasten od 70% (taka velat) od gragjanite na Makedonija da resava vo nivno ime .Od site dosegashni politicari samo pokojniot B.Trajkovski pokaza hrabrost za dobroto na Makedonija po cena na padot na svojot rejting. Dosta ne mavtavte, g-ne Gruevski i drugi gospoda od opozicijata, izolirani sme vo crna dupka, plus ne sme bezbedni teritorijalno ako ne vlezeme pod chadorot na NATO.
Од: the Macedonian
Датум: 27.04.2010 08:14:16
e kako be moze evropska unija da vi e pobitna od vas samite???ne mi e logicno kako moze poedinci da davaat takvi izjavi deka veke e redno vreme da se smeni imeto...e sto e sega, grcite ve fatija na kondicija??ma daj covece. pa ako e tolku ubavo vo unijata togas zosto na grcite im se slucuva ovaa kriza i ne samo na iv, ke vidime na koj se uste ke im se sluci....ili nasite se sovesni politiciari pa nema da dozvolat toa da ni se slucii otkakko ke vlezeme. sedete si madro da ne bidete modro...toa e mojot pozdrav
Од: Nervozen
Датум: 27.04.2010 08:22:49
ВМРО ја спуштал топката. Нивниот начин на владеење е секогаш ист, но сега доживува кулминација- партизација во сите институции на системот,синдикат,судство,невладини-владини = тие се смет��ат за држава и само тие се оние кои ќе одлучуваат за се.Кога доаѓаат на власт задолжително се зголемуваат поделбите, мегуетничките тензии, брзо богатење на блиските им на врвот ( за врхушката се подразбира) и т.н. и т.н. Ужасот продолжува, колку подолго - толку поголем ужас.
Од: Ристо тетово
Датум: 27.04.2010 08:23:43
Нашиот вожд априори го одбива (и би гласал против ) предлогот (евентуален) за името. Го прашувам Грујо, а го прашувам и Маки (ако знае) да ми кажат кое е прифатливото решение за тоа? Ги прашувам затоа што ако ЗА НИВ нема такво прифатливо решение (промена) тогаш нека престанат да не оптеретуваат со тоа и ЈАВНО НЕКА ГО КАЖАТ својот таков став (што е сепак во одредена смисла во ред) Ова го велам затоа што ако има прифатливо решение (според НИВ) тогаш би ги подржал во изнаоѓање на модел за заштита на идентитетот (за кое и јас давам целосна подршка)
Од: petre
Датум: 27.04.2010 08:31:16
bravo za Premierot samo taka se cuva Makedonija.Prasajte gi evropjanite dali ke si go smenat imeto.Ne ni treba evropa.Makedonskiot narod moze sekako.a SDSM zelna za vlast udira povlasta pravejki usluga na Albancite.Dosta so napadi,dosta so glupavi interpalacii,osvestete se vie od SDSM.Edna e Makedonija i treba da ja cuvame
Од: ФЕЛИКС
Датум: 27.04.2010 08:52:15
Виножитниов кампус со се нивните коментатори не убедува да се моќна опозиција и според Иванов им пристапиле над 10.000 члена плус на роденденот неколку стотини.Е сега имаме ,,салто-назад,, и велиме да нема да учествуваме на референдум,,однапред осуден на пропаст,,Значи признаваат да се малцинство во гумарабиката однесување и НАРОДОТ ЌЕ ОДБИЕ ВАКВО ОДНЕСУВАЊЕ.Плус што свесно замижуваат пред предлогот за СЕВКУПНА УПОТРЕБА.Само недоквакан и никаков политичар ќе прифат ваков предлог.
Од: Bubastis
Датум: 27.04.2010 08:57:37
E jas bi glasal ZA Severna Makedonija, znaci zasega sme 50:50. Aman veke, sakame vo EU a terame nacionalizam. Ke ni se smeat vnucite, za 50 godini site ke bidat Evropejci, poglednete malku napred, dosta se zakopuvate vo minatoto.
Од: nekojsi
Датум: 27.04.2010 09:00:13
Za komentarot na "maki" okolu brisenjeto na neistomislenicite so Grujo: ako ostaneme nadvor od EU, ke ostaneme vnatre so vakvi kako "maki" koi bi ne izbrisale. Birajte, EU ili brisenje od prerodbenicite? Jas izbrav veke.
Од: Нејасно!?!
Датум: 27.04.2010 09:26:14
Не знам што не е јасно или што има ново во изјавата!? Значи како што кажал милион пати до сега било кој финален предлог да се постиигне ќе биде ставен на референдум. Доколку како крајна понуда остане Северна Македонија за целокупна употреба премиерот лично ќе гласа против. Тоа не значи дека сите ќе гласаат против. Еве можеби сите Ваши читатели ќе гласаат за промена на името, тоа е индивидуално демократско право. Јас сум гласал за Груевски, ама не сум му дал мандат да го смени името... Такво право нема ниедна институција во Македонија (видете за секоја посебно кои надлежности ги има и ќе се уверите) освен самиот народ. Значи не Груевски, Б.Ц. Столе, Фрчко или незнам кој друг, ТУКУ САМО народот, ДОКОЛКУ ИМА ВОЉА
Од: debarcanec 2
Датум: 27.04.2010 09:43:37
Grujo spasi ne, odi si!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 27.04.2010 09:45:27
Дали Шерифот,глумец,од Бајките,се изјаснува со Титовото Не,или е тоа само одговор со Грчкото афирмативно:„Не“?Глумењето патриотизам,со единствена цел-останување на Неспособните на власт е најчесто Едиповска Трагикомедија!Грција Признава постоење на СлавоМакедонско население на својот простор,но секако Не,постоење на лица со префиксот„Антички“!И токму тука е „непопустливоста“на „нашата“Ретро власт која го живее својот Рекламен ЕПП филм,поттикнат од историските небулози!Заблуда е Фолк вербата во подобрување на состојбите,со влезот во асоцијации од типот ЕУ и НАТО!Единственото подобрување ќе е пристапот до Европскиот пазар,но тој не постои заради „прекрасната“македонска роба и нејзините„богатства“!Овој пазар не подразбира политички подобна трговија,ниту пазар кој ќе биде строго контролиран Исклучиво од Политичко-Стопанско-Полјоделска Псеудоелита,налик на„нашата“,туку сосем Слободен Конкурентен натпревар!Токму тоа е пречката за позитивниот одговор во решавањето на Илузорниот проблем!
Од: до некој и тие како него
Датум: 27.04.2010 09:57:29
Но незаборавај! Некој животот го дал за Македонија и тоа многу ги има, а ти имаш толку едноставно решение, засрамисе себичнјаку еден!!!!!!!!!!!!!
Од: vodno
Датум: 27.04.2010 10:29:38
Pogolemi nacionalisti od nas Makedoncite nema.Dosta ve laze ovoj kvazi politicar i celo vreme ve faka na nacionalna baza,shto za zal ke bide pogubno za drzavata.Zatoa,sto poprvo treba da si zamine i da dojdat vistinskite luge i da go resat sporot,.Vo sprotivno ambis...............
Од: od svedska
Датум: 27.04.2010 10:34:50
od 1 do 10 edna 11 za GRUEVSKI
Од: N
Датум: 27.04.2010 11:30:52
GLUJOOOOOOOOOOO, spasi ne, dosta ne zadolzi odi si, ne sotre i ne vrati nazad 100god. Ova drzavce slucajno da ne na majktai, mozda e taa nekoja vnuka na tvojot ACE.
Од: Dostoinstvo na gladnite
Датум: 27.04.2010 11:33:25
Petre ! Mu aplaudiras na premierceto za negoviot patriotizam , a zaboravas deka 40% od naselkenieto e nevraboteno. 30% se vo gola siromastija ( stradaat za korka leb) a ostanatite 60 % ne znaat kako da svrzat kraj so kraj na mesecot, 7% ziveat nekakov pristoen zivot a 3% se novostvoreni bogatasi i tajkuni so grabezi vo tranzicijata, koi se zbesnati od lesno steknato bogatststvo bez pot. E niv im e dobro vaka von EU vo "selo bez kucina" da pravat sto sakaat , bez kontrola, a narodecot nas kako ni go dal Gospod prost kako ovci da gi zamajuvaat so nekoi patriotizmi , anticki mitovi i dostoinstva. Koe dostoinstvo e Petre ako nemas utre da im dades hrana na decinjata. E... takvo dostoinstvo i patriotizam.!
Од: armakedon
Датум: 27.04.2010 11:56:01
izdrzi g-dine grueski makedonija i makedoncite(onie pravite) se so tebe
Од: srebre
Датум: 27.04.2010 13:09:06
i ljupce ne palese vo 90etite za imeto i sto dobivme?toj zamina biznismen za bugariaija isto ce napravi i negoviot ucenik,neli istorija se povtoruva....neli i ucenicite na kirl i metodij naum i kliment istoto gonapravile kako i nivnite ucetili..............
Од: весна
Датум: 27.04.2010 14:36:36
по неспособен политичар од Груевски ниту постоел ниту пак некогаш повторно че се роди, наводно избран од народот за да ги решава за македонија важните прашања, а всушност цело време наоѓа начин како да се извлече од ситуацијата кога терба да се реши некое важно прашање и народот пак е крив!
Од: meto
Датум: 27.04.2010 14:38:42
Kako ednas ne svativte vie od SDSM vo sto e rabotata. Premierot kaza deka e protiv ime za sevkupna upotreba a protiv toa se i 80% od Makedoncite. Samo SDSM i albancite ke bidat za ZA (ime za sevkupna upotreba) Nikoj nema da glasa ZA ako e ime za sevkupna upotreba , so toa bi se ispolnilo se sto bara Grcija. Kako ne svatite deka mora da se najde ime za megunarodna upotreba a ne za sevkupna i uste go obvinuvbate premierot za toa, za sramota..Branko ako prifatil se toa znaci deka e vo red????toj ako razbiral nesto ke go resel problemot do sega, samo steta pravi so negovite nepromisleni izjavi..Najdobro resenie e FYROM da se smeni so nekoe ime i za tie sto ne ne priznavaat pod ustavnoto, toavsusnost e dvojna formula i samo taka ke resi problemot a ako se prifati za sevkupna upotreba (sto nikogas nema toa da pomini na referendum bez razlika dali Gruevski bi glasal za ili protiv) e stetno za nas....
Од: pavle ALIMASKA,prilep
Датум: 27.04.2010 16:01:09
Народот вели кај сила нема правина.Јас многу тешко го прифаќам ова како нужна реалност,но факт е неизбежен.Примери има многу,а најмногу со нашите комшии СРБИТЕ. Имено,прво не ја даваа КРАИНА и КНИН во Хрватска,организираа референдум и ЗНАЕМЕ што стана со Краина. Потоа не го даваа КОСОВО,организираа референдум дека не сакаат странски сили да им дојдат.ЗНАЕМЕ КАКО завршија.Каде е сека Косово.Само ГРУЕВСКИ сака да ни продава М.......... за Бубрези.Изигрува голем „ ПАТРИОТ „. И јас не го давам името,кој будала ќе го даде,ама што потоа ИМАМЕ ЛИ АЛТЕРНАТИВА И КОЈА Е ТАА НЕКА МИ КАЖЕ ГРУЕВСКИ И МЕНЕ И НА СИТЕ ГРАЃАНИ,само не мора на слепците кои слепо гледаат во него ИДОЛ и МУ ВЕРУВААТ.

Најди! во Утрински
На прво место
Груевски ја чека дозволата од Грција