Број 3375  сабота, 04 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Поволните планетарни влијанија влијаат на желбата за дружење, но и решавање на проблемите со кои сами не можете да се справите. Бидејќи за своите можности имате убаво мислење потребен ви е некој кој со аргументи ќе ве спушти на земја. Партнерот е најдобро решение.



БИК

Го спасувате она што може да се спаси. Пред се', насочени сте кон љубовта и желбата да ја зацврстите врската. Бидејќи сте упорни и тврдоглави никој не се сомнева дека ќе успеете во тоа. Периодов ветува многу убави моменти и олеснувања. Безрезервно препуштете им се на пријатните моменти.



БЛИЗНАЦИ

Бурните емоции ги насочувате кон пријателите и тоа поради несогласување. Не умеете смирено да реагирате, туку им ја фрлате вистината в лице и ги шокирате. Тоа често ви се случува, зашто не сте свесни кога на другите им е непријатно. Евидентни се засилените емотивни реакции.



РАК

Бидејќи вашите постапки извираат од страста, можни се и разочарувања. Размислувајте конструктивно, а не емотивно. Врската во која се наоѓате базирана е исклучиво физичка или, пак, фантазирате за тоа. Семејните односи влијаат на оптимизмот и на надворешната среќа.



ЛАВ

Колку повеќе луѓе и средби, толку подобро. Комуникативноста, една од вашите главни особини ви е во прв план, па ќе настојувате да ја спроведете во дело. Ако ништо друго, долгите телефонски разговор ќе ви помогнат да го надминете чувството на осаменост.



ДЕВИЦА

Се чувствувате осамено, а не ��наете што ви недостасува. Моментално мислите дека судбината ви го свртела грбот. Една од причините за мрзеливоста е намалениот имунитет, но и сознанието дека потрошивте многу повеќе од она што планиравте. Подобрете го економскиот статус.



ТЕРЕЗИЈА

И натаму сте креативни, комуникативни и расположени. Доколку сте возач, можни се проблеми во сообраќајот, бидејќи концентрацијата овие денови не ви е јака страна. Некој од соработниците може да ве извади од такт, затоа бидете малку повнимателни, но и поолабавени.



СКОРПИЈА

Чувствувате блискост кон сите со кои сте во контакт. Најмногу ви е пријатно во женско друштво. Машките припадници на знакот, конечно, чувствуваат благодат, љубов и разбирање од саканото лице. Одете на културно-уметнички настани и ќе се чувствувате одлично и исполнето.



СТРЕЛЕЦ

Полни сте со енергија и разбирање за се', а од мрзливоста ни трага. Имате премногу љубов, затоа и несебично ја делите. Саканото лице е прво на тапет и со него правите заеднички планови. Решивте во наредниот период да влеете нешто со што ќе внесете темелни промени.



ЈАРЕЦ

Поради нешто сте разочарани и тажни, а главна причина за тоа е недостатокот на љубов. Мислевте дека воспоставивте хармонија со саканото лице, но повторно се излажавте. Не грижете се - старата љубов постојано мисли на вас, а на повидок е средба.



ВОДОЛИЈА

Сите стапици успешно ги решавате, ги восхитувате шефовите, кои тоа од вас го очекуваат, но и соработниците. Снаодливо ги решавате семејните прашања, не сакајќи никого да повредите со сопствените чувства. Фантазирате за една средба.



РИБИ

Се' уште сте под впечаток на убави случувања. Уживате бидејќи решивте некои од своите идеи. Единствено што ви недостасува е да направите важни планови за приватниот живот. Тоа мора да го направите, наскоро планетите ќе ви испратат директни вибрации.








#
Најди! во Утрински