Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Анализа

Македонски Состојби

ВМРО-ДПМНЕ рине лански снег!

Манчо Митевски

Лошите резултати, сиромаштијата, масовните протести и падот на рејтингот ќе ја натераат власта да сфати дека ќе мора да оди на избори

Македонија во последниве две-три години, без разлика на годишното време, живее во поларна зима - како смрзната, завеана и отцепена земја. Кога веќе станува збор за зима, се поставува прашањето што прави еден одговорен граѓанин, домаќин, директор, функционер кога ќе наврне снег? Дали зема лопата и го рине натрупаниот снег или размислува за ланскиот? Е, нашите денешни „слуги на народот“, премиерот и неговите, наместо да го чистат овогодишниот снег, кој како лавина речиси ја покри државата, па ништо не се гледа и тешко се дише, се занимаваат со ланскиот снег! Веќе петта година од уста не ја вадат поранешната власт на СДСМ, која, бидејќи не го чистеше својот снег, народот, како строгите градски комунални инспектори на изборите во 2006 и 2008 ригорозно ја казни. Палката на власта и' ја даде на партијата ВМРО-ДПМНЕ, која вети дека има знаење и капацитет за чистење снег и деблокирање патишта! Но, гледаме дека тие и натаму се преокупирани со ланскиот снег, а парламентарниот спикер Трајко Вељаноски наместо да ги задолжи своите од партијата да си го исчистат снегот во својот двор пред и во Собранието, бидејќи и за нив ќе следува казна, го тера пратеникот Бучковски да го направи тоа!

ВМРО-ДПМНЕ во отсуство на резултати од четири и полгодишното владеење - и во поглед на стратегиските интереси на државата и во поглед на секојдневните проблеми на граѓаните, се разбира, резултати има само кај политичко-идеолошките интереси на партијата (вмроизација на општеството) - се занимава само со критики на СДСМ, на Бранко Црвенковски, на опозицијата, на невладините, на олигарсите, на инакумислечките, третирајќи ги како последни остатоци на транзицијата. Тука е и незаобиколната Грција (поддржана од „непринципиелните“ САД и ЕУ), како виновник за сите неволји и застои на Македонија. А се знае дека власта ја добија за да ги спроведуваат своите ветувања, да ги решаваат проблемите, да ги подобруваат условите за живот на граѓаните и да ја внесат државата во НАТО и во ЕУ.

Ќе посочам неколку илустрации на изместената диоптрија на владејачката структура кон актуелните проблеми, занимавање со сите, но не и со себе и со својот придонес за денешните проблеми со кои се среќава Македонија. Појдовна позиција во овој релативизирачки пристап на премиерот Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ е тезата дека тие се заслужни за успесите, а за неуспесите се виновни сите други, само не владејачката партија и нејзиниот неприкосновен лидер. Еве два цитата за типично вмровско-груевистичко поставување на тезите и резонирање.

Првиот, „Не сакам да помислам низ што ќе поминеше Македонија ако во оваа светска криза наместо ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ја имаше власта на чело со Бранко Црвенковски, со Шема, со Јани, со Бузлевски и групата олигарси околу нив“, рече Никола Груевски на митингот по повод 20-годишнината на партијата. Но, не кажа какви застои и падови, изолација, беспарица, сиромаштија, губење работа и назадувања им се случија на македонската држава, на македонските фирми и на македонските семејства и граѓани, а не се знае и до кога ќе им се случуваат, поради дилетантскиот начин на справувањето со кризата и воопшто водењето на државата од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Вториот, од истиот митинг, „Ако светската криза е едниот крупен проблем со кој се соочуваме, блокадата за членство во НАТО и во ЕУ од страна на Грција, со цел условување да се смени нашето уставно име и идентитет е вториот крупен проблем. Да потсетам, оваа Влада каде што доминира ВМРО-ДПМНЕ, ги исполни сите критериуми за членство во НАТО, кои СДСМ претходно не ги исполни“, поентираше Груевски, но не кажа каква стратегија, какви црвени линии и каков политички консензус направи неговата Влада за да ги зајакне македонските преговарачки позиции и да и' парира на непринципиелноста на Грција. Не кажа и зошто Македонија на меѓународен план остана без пријатели и се најде изолирана и застана на опашката на сите регионални процеси. Не случајно од највисоко место на власта беше пласирана лага дека (во време на СДСМ) Македонија во 1995 година одбила прием во ЕУ (што беше демантирано од ЕУ и од СДСМ), за да се добие алиби за опструкциите и неспособноста на сегашната влада да го реши проблемот со името, а Македонија да тргне напред.

Ќе акцентирам една секвенца како пример до каде оди свртувањето на вниманието од сегашните проблеми и занимавање со случаи извадени од нафталин. Во расправата за иницијативата за распуштање на парламентот и за предвремени избори, реплицирајќи на дискусијата на пратеничка на опозицијата, која наброја неколку актуелни проблеми на граѓаните во здравството (од типот три бебиња во еден инкубатор, зарази од неисчистени апарати за дијализа и слично), една пратеничка од владејачката партија наперчено и' одврати на првата да не заборави дека во 2003 година во Свети Николе немало санитетско возило, а денес има!? Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ особено се занимаваше со ланскиот снег при интерпелацијата за министерката за култура Канческа-Милевска. Наместо да ја бранат министерката од обвинувањата за уништените тендерски документи, за незаконските хонорари и од тврдењата за кои се појавуваат и документи дека „Скопје 2014“ станал пералница на пари, со неколкукратно зголемување на вредноста на спомениците, театрите и музеите од реалната - некои пратеници цитираа текстови од весници од 2003 за министри од СДСМ!

Министерот за финансии, во расправата за буџетот во 2011 година, често беше во вербален клинч со пратениците на СДСМ, со тезата дека нивната влада до 2006 правела лоши, неразвојни буџети, а дека буџетите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ биле развојни, при што оној за идната година ќе бил најразвоен. Притоа, заборави да направи една проста калкулација. Претходната влада, со буџет од околу 6 милијарди евра, за четири години направи една централа, една започна (која сегашната власт уште ја нема завршено) и изгради едно парче автопат. Актуелната Влада за четири години, со вкупен буџет од околу 10 милијарди евра, не направи ништо капитално, ако не се сметаат селските тениски игралишта и сали, стадионот и, секако, незавршените содржини на кичот на „Скопје 2014“.

ВМРО и Груевски дојдоа на власт затоа што многу ветија. Бидејќи малку направија, сега се занимаваат со поранешни влади, извртуваат тези, релативизираат, сеат економски популизам и социјална демагогија, така замајувајќи ја јавноста како да е недоветна. Иако формално легитимитетот на власта не е спорен, фактички тој е веќе доведен во прашање. Но, лошите резултати, неостварувањето на стратегиските цели, големата сиромаштија и невработеност, стагнацијата на демократските процеси, се' помасовните митинзи, протестни маршови, надолниот тренд на финансиски-пропагандно стимулираниот рејтинг ќе ги натераат да сфатат дека им е доведен во прашање легитимитетот и дека ќе мораат да одат на избори.

Значи, за сегашниот снег се работи, па затоа актуелната власт треба да си го чисти и да одговара за него, а не да се занимава со ланскиот снег!


#
Статијата е прочитана 1993 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 18.12.2010 12:30:44
Тешко на Македонија и Народот со ваква влада.Пратам на телевизи што се случува околу нас и пошироко.Но ова што нисе случува нас во Македонија нигде го нема.Сите не прошиша само ние останавме заглибени во кал.Се прашувам дали ќе се роди некој да стави крај на сите овие глупости.Ќе треба закон се повеќе од потребно да се НАЦИОНАЛИЗИРА (одземе).Вака веќе не оди.Ако е криза нека биде за сите.
Од: Pero
Датум: 18.12.2010 12:32:09
Ovaa zemja pogolemo zlo od ova nema videno.Srekja nasa sto se' ima svoj pocetok i kraj.A nivniot vrtoglav pad e vekje zapocnat.
Од: љубица
Датум: 18.12.2010 13:16:34
Одоколу,одоколу , па право во целта -на избори , нели г-не Манчо? Опозицијата е постојано напаѓаната партија или владеачката?-да не помешавте нешто??? Во обидот да укажете на тоа колкава е маката на СДСМ од божемно -постојаната ,,прозивка,, ми се причини дека сакавте да ги оправдате за (не)делата од ,,нивно,, време или да покажете само колку се тие кутри? Би се согласила само ако тоа е констатација донесена врз основа на бројот на симпатизери. Разбирливо е дека ви пречи ,,ринењето на ланскиот снег,, , затоа што во него има и многу аргументи кои се косат со т.н чесност на ,,жолтата,, идеологија
Од: podsetnik
Датум: 18.12.2010 15:10:59
Е Љубице , Љубице изгледа несака да те служи меморијата. Направи си проста математика колку години во овие дваесет години владееја овие твоите. Во математиката нема лажа. А што се однесува до ланскиот снег, немој да ни кажеш дека уште ни се криви Турците, Словенците, Бугарите и цел свет само недај боже ВМРО да е крив.
Од: Трпче
Датум: 18.12.2010 16:57:57
nebitno koj da dobie izbori, krizata si e kriza, ne samo kaj nas. Rabotata e sto Izborite se kolateralna shteta, zatoa treba sto pomalku. Ne samo ogromni pari sto se frlaat na reketarite i mediumite lepachite na plakati, tuku po izbori se zaposluva partiski vo drzavna administracija pa taa so sekoj nareden izboren ciklus se poveke se debelee. Prifakam da ima sekoj 2 godini redovni izbori, ama da se namalat troshocite za propaganda za 80%, a administracijata komplet da se cisti pa posle pobednikot neka zaposli no max. 70% od tie sto ke gi izbrka, bidejki za tie ke treba otpremnini i drugi troshkovi. Nacionalniot kluc vo budjetska administracija da se sproveduva NE so vrabotuvanje na vraboteni od slabo zastapeno malcinstvo, tuku so otpustanje na mnoguzastapena nacionalnost.
Од: kosta gogov-AMINTA
Датум: 18.12.2010 18:42:05
E Manco,Manco...vie i takvite kako tebe, i SDSM mavavte so drvja i kamenja koga sk. aerodrom go dobi novoto ime,trebase da se oglasi VIKILIKS za da vi stane JASNO deka toa e vest politicki manevar.J asno vi etoa sega,a toa e samo primer kako se vodi drzava i kako se stitat nejz.interesi.Zatoa ostavete go Gruevski na raat da raboti,site vie mozete samo voda da mu nosete.
Од: karokan "gambit"
Датум: 18.12.2010 19:07:02
G-jo,g-gjice Ljubica i vsera po edno tvoe postojano "verglanje",pisuvav komentar so odgovor-prasanje,no na nekolku pati "pogresen kod",pa dignav race. (I sega ce dignam race poradi "pogresen kod", ako se sluci na dva-tri pati). Postojano igras so nekakvi brojki,te na pratenici,te na ucesnici vo odredeni opozicioni aktivnosti,te so brojki na simpatizeri i sl. Spored tebe,jas ne bi imal pravo da se javuvam nitu na ovoj portal,zosto nitu imam aktivnosti (osven ov ckrtanje),nitu simpatizeri,najmalku pratenici.(podednakva sansa za site-nova mislena leksicka forma vo nasiot jazik).Samo za ilustracija: Pri intervencijata na SSSR vo Cehoslovacka 1968 god.,samo 6 lica na Crveniot plostad vo Moskva izlegle na protesti!! Zamisli 6 lica od 250 milioni ziteli .Bile uapseni i zatvoreni.Od denesen agol,vo pravo bile 6-te lica ili ostanatite 249.999.994 lica???????????????? Prosta matematika,ako ja poznavas!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: filozof
Датум: 18.12.2010 19:12:57
A bre zabegan i site so tvoe mislenje.Zar ushte ne vi e jasno koj e kriv za stagnacijata na RM,krivi se fashistite od jugot,oni i nikoj drug!!!!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 18.12.2010 19:19:17
Нее проблем кој колку (не) чистел,туку е проблемот во тоа што тој како што велите е казнет двапати поради нечистењето повторно сака да ,,зачистува,, без средства за чистење,значи повраток на власт по ист терк.Се нема лопата(програма)се нема дури ни кој ќе биде одговорен за чистењето(влада во сенка).Дури и НСДП ве претрка па се појави и со лопата а богами со лица кој ќе чистат.Значи имаме избор за разлика од овие од Бихаќка.
Од: Od fakelaki
Датум: 19.12.2010 12:53:35
Samo Psihici zdrava vlada drugo nisto...........
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 19.12.2010 13:07:12
Милчо убаво велиш и се е така...но чипосаните и привилегираните ќе пукаат по сешто и за сешто само да им остане привилегијата...и криминалот...од кој и тие чепнмуваат...и тоа во добар обем...ја пополнија администрацијата како стаорците канализацијата...

Најди! во Утрински
Анализа
 

The EU saved 140 million people last year, says aid commissioner
Serbian president re-elected as party leader with massive majority
Kosovo election commission orders vote re-run