Број 2728  петок, 04 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

„Пред дождот“ на Манчевски стана првиот македонски светски класик

ДВД-изданието требаше да се појави порано и тажно е што не може да се набави во Македонија, рече Манчевски

Невена Поповска

Легендарниот американски издавач „Крајтирион колекшн“ го издаде македонскиот филм „Пред дождот“ на Милчо Манчевски на ДВД. Ова е прво комерцијално ДВД издание во светот на досега најуспешниот македонски филм. Настанот се одбележа вчера во просториите на НУБ „Св. Климент Охридски“, во присуство на премиерот Никола Груевски и претставници на Владата на Република Македонија, на дипломатскиот кор, како и бројни културни работници од земјава.

„Ова е уште една потврда на вредноста на културната дипломатија. Со ниедни пари не може да се купи тој публицитет, фактот дека земјава му станува поблиска на светот, и тоа преку едно уметничко дело, преку еден класик. Со ниедни пари не се купува да може дело од една мала земја да влезе во лектира на друга земја, да биде предмет на научни конференции, да биде дел од наставната програма на стотици универзитети во светот, и делото и авторот да бидат споредувани со делата на Џојс, Кундера, Бергман, Тарковски. Со ниедни пари не се купува и тоа десетици илјади пати да биде спомнувано во светските медиуми и на Интернет, авторот да има можност во интервјуа да го изнесува пред голем аудиториум својот став и да ја промовира земјата“, рече филмскиот критичар Марина Костова на вчерашната промоција.

На свеченоста присуствуваше и режисерот Милчо Манчевски, кој по повод издавањето на ДВД на филмот „Пред дождот“, истакна: „ДВД требаше да се појави порано и тажно е што тоа не може да се набави во Македонија. За мене беше тешка работа да се сними филмот, а другиот дел од работата беше задача на некој друг. Во Америка многу ретко влегуваат странски филмови и затоа за мене ова претставува голема работа. Јас пред се бев концентриран да го завршам филмот, а се друго е бонус. Сето ова е убава работа, но не е суштинска. Не сакам да ја намалувам вредноста на мигов, но за мене најважен е дијалогот на авторот со делото“.


#
Статијата е прочитана 809 пати.

Испрати коментар

Од: Mimoza
Датум: 04.07.2008 00:32:56
Ajde be kako ne vi e sram da davate tolkav publicitet za promocija na edno DVD! pa uste i premierot se naprcil ko da e premiera na film. Pred dozdot e dobar film samo dosta veke reziserot se vadi na stara slava. Podobro neka organizira sto poveke makedonski filmovi da se promoviraat vo amerikanski kina. Neli e ambasador na kulturata vo Amerika?!
Од: do Mimoza
Датум: 04.07.2008 03:59:20
Mimoza, ocigledno tebe nisto ne ti znaci The Criterion Collection. Od samiot toj fakt moze da se konstatira deka ne znaes mnogu za svetot na filmot. Bravp Milco! Dolgoto cekanje na DVD verzijata se isplati - navistina vleze na golema vrata.
Од: dragan , sad
Датум: 04.07.2008 04:29:02
Posle se ,vo vrska so tvorestvoto na Mancevski i afirmativniot karakter kon Makedonija, sto i da vidime ili cueme okolu ovoj covek - se voshituvam i gledam so pietet. Zatoa g-gja {ca} Mimoza - kritikata ti e primitivna i glupava.
Од: Citatel
Датум: 04.07.2008 10:31:16
Ne mi e jasno sto tolku prasina se kreva za komercijalno izdanie na DVD. Mancevski e veke dokazan i priznat reziser. Navistina ne mi e jasno sto poveke saka da dokazuva?
Од: unwritten24
Датум: 04.07.2008 10:43:35
Zdravo, Kade moze da se kupi dvd to ? Pzdrav
Од: perica
Датум: 04.07.2008 14:27:33
DVD-to moze da se kupi na pazarce Bunjakovec po cena od 100 denari.

Најди! во Утрински
Култура
„Танц фест“ - Скопје претставен на Светскиот конгрес на УНЕСКО во Атина
Фестивалот во Карлови Вари во знакот на Де Ниро
„Конструктор“ по четврти пат во Скопје
Премиера на „Коза или која е Силвија?“ на Драмски
Визуелен спектакл на Јозеф Наѓ

"""