|
|
|
|
|
|
5 прашања 5 одговори
На Мијалков не му е местото во тимот
Насер Зибери, политички аналитичар
Светлана Унковска
Господине Зибери, како гледате на досегашниот тек на преговорите за состав на новата влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ?
Сега засега, не може да се тврди дека се водат некакви формални преговори за состав на владата. Од формална гледна точка, роковите утврдени во Уставот не се почнати. Но, тоа не значи дека надвор од очите на јавноста не се водат активности во овој правец. Во овој период, победничките партии и не мора да изнесуваат детали, односно до крај да бидат транспарентни. Се' уште не сме влегле во тајмингот предвиден за конституирање на Собранието или на владата. Кога ќе почнат да течат роковите, тогаш по сила на Уставот и законите, партиите ќе мора да дадат отчет. Бидејќи овие две партии и досега беа на власт, верувам дека нема да има посериозни проблеми и пречки за постигнување договор.
Како гледате на поставувањето на директорот на УБК, Сашо Мијалков, за нов шеф на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ. Како во ДУИ се доживеа оваа смена?
Сметам дека тоа не е добро. Секако, тоа немаше да биде спорно доколку Мијалков си поднесеше оставка од функцијата што ја врши (директор на Управата за безбедност и контраразузнавање) и да настапуваше исклучиво како партиски функционер. Ваквото двојно својство е недозволиво и спротивно на прописите и духот на Уставот, како и законите за МВР, за полиција, за органите на управата, за државните службеници. Неговата функција бара целосна департизација, затоа што, во спротивно, се загрозува непристрасноста, неутралноста и политичкото влијание во функционирањето на овој орган.
За мене беше непримерно и неговото присуство на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања, но тоа речиси никој не го забележа. Таа симбиоза на партиска активност со УБК е многу опасна за демократските процеси во земјата. И ако намерата на ВМРО-ДПМНЕ била да се исплаши „соговорникот“, сметам дека направиле погрешна процена. Ахмети, како и неколку луѓе околу него, кои де факто одлучуваат во ДУИ, се „калемени“ за многу посериозни и поризични ситуации од оваа. Ова не е некој предизвик со кој тие не можат да се справат.
Ќе успее ли Ахмети овој пат да договори заедничка владина програма со ВМРО-ДПМНЕ или повторно ќе биде попустлив пред својот партнер Никола Груевски?
Крајно време е да има владина програма, која ќе претставува израз на интересите и на ставовите на сите релевантни коалициони чинители. Така се прави во целиот демократски свет. Тоа би значело транспарентност, чесност, одговорност кон избирачите од двете страни. Во спротивно, едната страна ќе се чувствува измамена и изневерена. Не мислам дека е во интерес на ВМРО-ДПМНЕ да има партнер со кој ќе владее. Се надевам дека нема да се случи тоа и доколку не се инкорпорираат делови од нивната предизборна програма во владината, тогаш ДУИ во перспектива ќе има сериозни проблеми.
Колкави се шансите ДУИ да се избори за посилни министерски ресори и дали очекувате дека ќе го добие и местото претседател на Собранието?
Јас не би рекол посилна, но во секој случај мислам дека позицијата на ДУИ ќе биде поадекватна и помериторна. Затоа што во минатиот период беше сериозно руинирана нивната положба и неадекватно оценета и вреднувана. Во однос на функцијата претседател на Собрание, сметам дека таа не е толку значајна, колку што и' се придава значење, но во неа има голема симболика. Не велам дека сум целосно непристрасен, но ќе кажам дека би сакал Теута Арифи да ја видам на таа функција. Стручна, искусна, компетентна и кредибилна жена и плус Албанка. Подобро - здравје, како за земјата, така и за меѓународната заедница, која тоа многу ќе го цени.
Дали сметате дека Ахмети ќе остане цврсто на ставот со Груевски да потпише договор околу конкретните чекори во напредокот на земјава во ЕУ и НАТО, а со тоа и решавањето на спорот со името?
Не. И самиот Ахмети е убеден дека тоа е математички неизводливо. Од проста причина зашто решението околу спорот со името е сплет на неколку околности и не зависи само од волјата на еден човек или од волјата на една страна. Се' друго би било демагогија. |
#
|
Статијата е прочитана 4432 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: ВМРО или ДПМНЕ? |
Датум: 18.06.2011 00:48:25 |
|
Па може во ДПМНЕ да научат нешто од Зибери. Се повеќе македонски Албанци изненадуваат со својата политичка зрелост настпроти дилетантниот однос на УДБК-ината ДПМНЕ. Како во времето на ЦКСКМ и ЦКСКЈ... Повеќе коментар не е потребен. Во Македонија сите се ВМРО, но не се сите ДПМНЕ! |
|
|
|
|
|
|
Од: teodora |
Датум: 18.06.2011 07:38:26 |
|
g.Mijalkov,so pomos na g.gruevski ja pisuva svojata politicka biografija.Za toa tolku.
Se sekavam deka vednas po vojnata eden sto sakal da se istakne od piliciskite redovi,na mitinzite po selata koga trebalo da se agitira za senesti,na primer za odenje vo zadruga,se kacuval na binata, se razmavtuval so revolverot da go vidat selanite i velel-koj e za na ovaa strana,koj ne e na onaa strana.Jasno site odele vo pravec na za kolektivnoto obeinuvanjeOva na gospodata od vlasta potsetuva na tie novonastanati,nesigurni vreminja.Ova e vreme na nesigurnost |
|
|
|
|
|
|
Од: Учо-Гостивар |
Датум: 18.06.2011 08:44:58 |
|
Од порано ги почитувам мислењата и ставовите на господинот Зибери.И овој пат во потполност се согласувам со неговите согледувања и сметам дека треба да се земат во предвид.Овие мислења се соодветни за состојбите во Република Македонија а посебно што се од наш сограѓанин Албанец кој секогаш е умерен и праведен,неоптоварен со минатото.Со еден збор човек кој гледа напред во подобра иднината. |
|
|
|
|
|
|
Од: toni |
Датум: 18.06.2011 08:50:03 |
|
Pocituvani
ve molam dajte mi eden stvarenkonkreten razlog (a ne samo generalni floskuli ) zasto Albnacite bise plasele od Saso Mihajlov ? |
|
|
|
|
|
|
Од: Koce |
Датум: 18.06.2011 09:08:37 |
|
Samo napred vmr ovcicki, tepajte si go svojot narod za d aimate ubava idnina. Sramno. A ziberi, alal. |
|
|
|
|
|
|
Од: macor |
Датум: 18.06.2011 09:31:48 |
|
,,,,soglasen sum...jas sum simpatizer na VMRO, no nitu na DPMNE nitu na bilo koe e momentalno prisutno na politickata scena,,,VMRO vo koe veruvam e mnogu porazlicno, a za ideal go nema nitu alexandar nitu filip, ami Makedonija kako demokratska zaednica na site narodi vo nea, i Makedonija vo EU, a ne vo trlo i lajna do gusa... |
|
|
|
|
|
|
Од: Miki |
Датум: 18.06.2011 10:16:04 |
|
"Ахмети, како и неколку луѓе околу него, кои де факто одлучуваат во ДУИ, се „калемени“ за многу посериозни и поризични ситуации од оваа. Ова не е некој предизвик со кој тие не можат да се справат."Vaka se falese i Miloseviceva Srbija, a gubea kade stignaa.Slicno denes DUI se fali,ke se zasilat,edno ke kazat,na kraj ke svitkaat opas i kutat. DUI se debelo uceneti so dosiejata na UDBA, i od niv nisto konkretno veke ne moze da se ocekuva,osven da kutat i slusaat.
|
|
|
|
|
|
|
Од: Istocna Makedonija |
Датум: 18.06.2011 12:28:54 |
|
Na mnogu vazni ,,natprevari,,-pregovori za sostav na
nova vlada,sekoj ,,tim,,nastapuva so,,najsilnite,,igra-
ci i gi koristi site modusi da go osvoi ,,prvenstvoto,,
Najgolem potpornik na ovaa vlada i javno i vo poza-
dina e Saso Mijalkov i zosto cudenje sto e predvod-
nik na pregovarackiot tim na VMRO-DPMNE.Vo vak-
vi ,,mecevi,,pocesto odlucuva taktikata,ne igracite!.i |
|
|
|
|
|
|
Од: Engels |
Датум: 18.06.2011 12:56:47 |
|
Како не му е???Па тој е и Големиот Брат и Големото Уво - во едно... |
|
|
|
|
|
|
Од: Krt |
Датум: 18.06.2011 18:07:06 |
|
Mnogu ste vo pravo g-dine Ziberi i jas se slozuvam deka na Mijalkov ne mu e mestoto vo DBK. Ete za poicetok i za promena neka uci malku balet (tamu nisto ne se zboruva, a nemu toa odlicno mu stoi).Mu predviduvam golema kariera. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 18.06.2011 19:24:10 |
|
Долината на волците во Македонија никако да се уништи.На македончето му останува да си ќути и трпи.Повеке не сакам да пишувам,бандата на Мијалков ме прислушува. |
|
|
|
|
|
|
| ГЛОБАЛИСТ | | |
|
| ЕДИТОРИЈАЛ | | |
|
| Поглед | | |
|
| Мислења | | |
|
|
|