Што прават денеска
Иво Јанкоски
продуцент
Го подготвувам десеттото издание на фестивалот „Балкан мјузик сквер“ што ќе се одржи на 12 и 13 август во Античкиот театар во Охрид. Гости ми се групите „Бесидиос“ од Германија, „Имам Баилди“ од Грција, а од Македонија - Елена Ристеска со групата „Гезме“ и потоа настап на гитаристот Дамјан Пејчиновски.
Фани Христова
диџејка
Деновиве се' се врти околу активностите на нашата новоформирана женска диџеј- група што ја направивме заедно со диџејката Тања од Битола и светски познатата Еј Кеј (А.К.) од Австралија, која е позната по соработката со Ријана и со Крис Браун. Со оглед на тоа дека Еј Кеј си заминува од земјава за една недела, сите денови сме ангажирани со настапи.
Кристијан Јованов
пејач
Денеска уште во раните утрински часови заедно со другарите се качуваме на планината Плачковица за да го прославиме празникот Илинден. Дружењето е традиционално, па така како и секоја година и овој пат организираме забави што траат цела недела. Планираме да останеме околу пет дена. |