Што прават денеска
Ненад Михајлов
социјален работник
Денот ќе го започнам со кафе во домашна атмосфера со најблиските. Тоа ми е нешто како добро утро, а воедно и лек за освестување. Потоа започнуваат моите работни обврски, кои се прилично релаксирани, и покрај фактот што сум теренец. Вечерните часови секогаш им ги посветувам на моите пријатели со кои уживам во домашна атмосфера или некаде надвор на кафе или пиво.
Ксенија Чочкова
Културен центар ЦК
Иако е празник, поголемиот дел од денот ќе го поминам на работното место во подготовка на престојните настани што организираме во мај и во јуни во Културниот центар ЦК. Значи, филмската вечер со Вардан Тозија, кореодрамата „No norms, no rules“, реоткривањето на чаршијата, планирано за 5 јуни, како и две изложби. Викендов, со надеж за убаво време, ќе го поминам во Охрид со пријателите.
Дејан Богоески
менаџер
Денес во продавницата „Ладоро“ ќе добиваме нови уникатни производи што ќе ни бидат актуелни во овој период од годината. Цел ден ќе биде во тој знак, верувам ќе имаме и многу муштерии, а вечерта ќе им се препуштам на најблиските. Добар филм, а потоа, зависи од расположението, излегување и средба со пријателите. |