Автокефалноста ќе ја решаваат некои идни владици на МПЦ
Откако на патријаршискиот престол во Белград дојде Иринеј, односите меѓу Српската и Македонската црква се замрзнати
Билјана Јовановска
Дали македонскиот црковен проблем ќе го решава оваа генерација владици на МПЦ или ќе им го остави во наследство на идните поколенија?
Многу е веројатно одговорот да биде негативен и тоа на подолг рок.
Македонската и Српската православна црква во своите односи го допреа дното и вакво некомуницирање и игнорирање не паметат ни најстарите наши митрополити. Не се разбирале, средбите и дијалозите знаеле да бидат непријатни и бучни, зашто имале различни ставови за клучното прашање – автокефалниот статус на МПЦ, ама неформалните разговори и контакти постојано биле живи. Сега се' е ставено под мраз.
Најдобра потврда за крајно замрзнатите односи е фактот дека Синодот на СПЦ воопшто не одговори на писмото на македонските владици за подготвеност да седнат и да разговараат за отворените прашања. Пред писмото, кое МПЦ им го испрати по Велигден, вселенскиот патријарх Вартоломеј, на погребот на г. Павле му порача на идниот поглавар дека решавањето на деценискиот спор со „Црквата во Македонија“ мора да биде негов приоритет.
Од друга страна, пак, од врвот на Руската православна црква до Белград постојано се испраќа укажувања со слична содржина, зашто, како што потенцираат, воспоставување паралелни ерархии ниту е решение ниту може да биде. Врвот на СПЦ, пред се', патријархот Иринеј, упорно се оглушува на сите препораки. Немање волја и желба прашањето со МПЦ еднаш засекогаш да биде надминато или, пак, стариот патријарх едноставно не може да крене глава од проблемите што му се случуваат во неговиот патријаршиски двор? Неспорно е дека новоизбраниот поглавар Иринеј со своите изјави се' повеќе го оддалечува, отколку што го доближува дијалогот. Неговата „препорака“ отворените прашања да ги решаваме со „единствената призната црква во Македонија“, алудирајќи на Вранишковски, не само што е непристојна, туку е и далеку од здравиот разум.
За волја на вистината, на СПЦ подолго сме и' последно гајле, зашто таа има свои проблеми. Освен континуираниот проблем со осамостојувањето на Косово и последната одлука на Судот во Хаг, како капак на се' дојдоа вриежите во Рашко-призренската епархија, кои не стивнуваат со месеци. Напротив, добиваат во сила, бидејќи долгогодишниот тамошен владика Артемие го тргнаа од функцијата и физички од таа епархија, а стотина негови приврзаници ја брануваат црковната јавност, протестираат и речиси се задолжителен декор пред патријаршискиот двор во Белград.
Артемие, кој на мајскиот Собор трајно беше отстранет од СПЦ, вели дека е „осуден без судење и докази“, ама неговите опоненти го тврдат спротивното. Пензионираниот владика Атанасие Јефтиќ, за грчката агенција Рамфеа, вели дека за да се соберат финансиските малверзации на Артемие и на неговиот протосингел Симеон Виловски биле потребни 15 папки, секоја тешка по еден килограм и дека тие двајца имаат големи пари во разни банки. Други, пак, повеќе би сакале овој случај да не оди по судовите, бидејќи ќе бидат отворени многу работи што нема да и' одат во прилог ниту на СПЦ, а ќе бидат засрамени и многу владици.
Меѓутоа, кога во главата се има „проектот“, па уште и се нарекува Јован Вранишковски, тогаш и СПЦ и Грчката православна црква имаат сосема поинакви ставови во однос на криминалот. Во Грција, пред неколку години, тамошната јавност, не само црковната, се крена на нозе поради криминалните дејства на солунскиот митрополит Антим. Не се избираа зборови, а на клириците на ГПЦ воопшто не им беше едноставно ни движењето низ грчките улици. Меѓутоа, на оние што не ги штедеа главите на сопствените митрополити кои завршија в затвор, не им пречи криминалното досие на Вранишковски, кого згора на се', пријателски наклонетата кон нив СПЦ, со која имаа заедничка цел, нашиот ексвладика го награди со титули. Навистина, неговата т.н. ПОА се' уште лебди, не е запишана во триптихот на црквите. А и зошто би ја запишувале кога СПЦ го претставува Јован како свој, српски егзарх?!
Сименон Виловски, кој по расчинувањето во Рашко-призренската епархија, побегна во Грција и побара засолниште во Пирејската епархија на митрополитот Серафат, наиде на затворени врати, бидејќи таму се информирале за неговите незаконски активности. Врховниот суд на Грција и' го врати на Србија.
Случувањата во Рашко-призренската епархија не поминаа лесно, како што очекуваа некои од врвот на СПЦ и со одлуките за трајно отстранување на Артемие од СПЦ само ќе ја зголемат напнатоста. Сегашниот администратор на оваа косовска епархија, митрополитот Амфилохие, исто така, има сериозни бранувања и во својата Приморско-црногорска епархија, во која бројот на приврзаници му се намалува. Листата на проблеми во СПЦ не завршува тука, но ако се имаат предвид само овие наведените, јасно е дека Црквата на нашиот северен сосед едноставно има малку време за решавање на статусот на Македонската православна црква. И сами минуваат низ сериозна криза, или како што духовниците би кажале – низ искушенија.
Меѓутоа, да не го заборавиме и фактот дека нашите владици ги преценија наводната наклонетост на патријархот Иринеј и пријателските врски со врвот на МПЦ, така што од седнувањето на заедничка маса сме пооддалечени од кога и да е порано. Белградските аналитичари постојано укажуваат дека дел од српскиот епископат ја увидел грешката со Вранишковски и инсталирањето на т.н. ПОА, дека е крајно време за продолжување на дијалогот, ама сегашниот состав на Синодот или не ги дослушува или не е подготвен за разговор.
Ova e totalna ne istina na Novinarkata i eve kako go stavi vo kontekst; ,,Сименон Виловски, кој по расчинувањето во Рашко-призренската епархија, побегна во Грција и побара засолниште во Пирејската епархија на митрополитот Серафат, наиде на затворени врати, бидејќи таму се информирале за неговите незаконски активности. Врховниот суд на Грција и'го врати на Србија.Jas gi pratam ovie raboti do dnoto,Eve sto iznese Bg.Politika,Vilovski e osloboden od Vrhovniot Sud na Grcija,samo zatoa sto Srpskite vlasti nemaa nikakvi materialni dokazi,tuku samo;Politiko-Crkveni diktirani i Uceni od Evropskata Junija,infiltrirani vo Srpskata Crkva i Vlada,samo da se socuvaat ;Anfilohije i Atanasije,zosto Hag ima Najgolemo Dosije,za nivnoto potpaluvane za vreme borbite vo Bosna. Rasko Prizrenskata Eparhija Bese; Trn vo Oko na NATO i Euleks.Pod pritisok na ovie dve Institucii, a so Nivnite Instrumenti Anfilohije i Atanasije,moraa ,da bidat koolaboratori na: EU
,NATO i EULEKS.inaku ce go najdoa Seselj
Од: Vangel
Датум: 27.07.2010 01:01:20
Budalska rabota. Kosovo go izgubija, ce dojde red na Vojvodina, ce bigat pomali od MKD.
Од: stevo bojlerot
Датум: 27.07.2010 01:19:33
Gluposta covecka nema granici...
Од: Od Aristid praveden
Датум: 27.07.2010 06:39:49
За СПЦ, според ставовите и на претходниот и на сегашниот поглавар автокефалноста на Охридската архиепископија е решена во лицето на архиепископот Вранишковски.,кој е признаен од целиот православен свет. Со него е решен и расколот во СПЦ, кој е познат како МПЦ, настанат за време на владеењето на комунистите-- идејни непријатели на српството и на СПЦ. Е сега што македонските верници не го сакаат Вранишковски, а го форсираат неприфатливиот Стефан за тоа тие не се прашуваат туку поглавари на автокефалните цркви.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 27.07.2010 06:40:56
На овие не им е ниту битно тоа...убаво си се улебија...За парите се работи...?
Од: Dimitar Miladinov
Датум: 27.07.2010 07:47:57
Jas sum se boril so fanariotite za Bugarska crkva i uciliste. Sto terat na majka si srbite v Makedonija?
Од: dedo dimo
Датум: 27.07.2010 09:12:04
Jas neznam shto tolku se zagrizeni nashite Patrijarshi .Nie si imame svoja religija i taa e prvoslavna .Religijata ne e biznis ili za trgovija i nikoj nema licensvo toa da go prisvojuva toa ne e proizvedeno od nikoj .Prvoslanata religija ne e svoina ni na Srbi ni Rusi ni Grci ni Bugari ili Makedonci ,taa e na siot narod koj veruva vo gospod odnosno koj se osekaat za Kristijani .Jas ne mozam da svatam koga ke sushnam Srpski Uskrs , Grchki Veligden ,Ruski velikdeni tnt.Duri mi se gadi da gi slusham i mi izgledaat site kako MAFIJASHI Makedonskata prvoslavna crkva ne bi trebalo so nikoj da zboruva , Makedoncite veruvaat vo toa shto sami izbrale da veruvaat .Jas ne gledam nikakva razlika megu Prvoslavnite i katolichkite Kristijani, Site veruvaat vo edno a toa e JIsus Krais .
Од: Ратомир
Датум: 27.07.2010 09:34:49
Да, да, сите други се криви, само ние сме цвеќе за мирисање. Зборувате за „криминалот на Вранишковски“, а „Амнести инт.“ го прогласи за „затвореник на совеста“ - дали и оваа Лондонска НВО е под влијание на СПЦ - ГПЦ ? Од друга страна со криминалот во редовите на МПЦ, заради кои толку луѓе заглавија затвор (на пример Миладиновци и бившиот градоначалник на Аеродром...) државата нема храброст да се соочи.
Од: od nadvor
Датум: 27.07.2010 10:25:37
Se slagam so komentar na "dedo Dimo". Samo da dodadam: tragedija e, što hristjanskata vera ima tolku modifikacii, tolku mnogu "veri", koi što nikako nemožat da živeat pokraj sebe - vidi napr. 100% rascep megju katolici i protestanti vo Irska. Kako posle može hristjanska vera da ima šansa protiv vera islamska? Vo Evropa, kade verata ostanuva nekade na opaška na vrednosta (nezameravam nikomu, toa e realnosta na ova vreme, no..) se širi islamot a vozmožno e, deka vo slednite decenii ke bidat hristijanite vo malcinstvo. Neka se karaat megu sebe srpski i makedonski popovi - nivnite vnuki i pravnuki možda ke morat da odat zabradeni.. Taka e, statistika e statistika, faktite se fakti. Pozdrav.
Од: Od vnatre
Датум: 27.07.2010 11:06:56
Dobro kje bese avtorkata barem malku da go proanalizirase Stefan i kompanija.Da procitase sto misli EU za verskite slobodi kaj nas.MPC i IVZ ne se verski,tuku politicki organizacii!Osven so biznis,glavna rabota na Stefan e da osvetuva lopati na premierot!
Podelbi ima ne samo kaj hristijanite,tuku i kaj muslimanite,G-ne "Od nadvor" (suniti,siiti,vahabisti i mnogu drugi)!
Од: Перо
Датум: 27.07.2010 11:32:49
Не го прекрстувајте Зоран Вранишковски. Тој беше Владика Јован во МПЦ.
Од: ДАРОН
Датум: 27.07.2010 12:21:05
СТОП ЗА БИЛО КАКВИ ПРЕГОВАРАЊА СО БИЛО КОЈА ДРУГА ЦРКВА !!! САМО ТАКА ЌЕ НЕ ПОЧИТУВААТ. ИСТОТО ВАЖИ И ЗА ИМЕТО...
Од: stanoev slavco
Датум: 27.07.2010 12:44:02
Српската Црква запали многу пожари на овие простори,така да сега се занимава со гасење на оние во својот двор.Незнам зошто ние би се брзале.Нив на повидок им е проблем и со Црногорската црква.Во нивната Црква пак врие.И сега ние треба да им ја зголемуваме популарноста на таму некои владици кои или се со крвави раце,или заглавени во криминал или со ниски морални вредности.Дури би требало и да бидеме великодушни, и да го ослободиме нивниот Јуда од обвиненијата.Нека млати празна слама некое време и кога ќе види што сторил можеби ќе се покае.За да веруваш во Бога не е потребно да бараш дозвола од ниту еден човек.