Број 2802  петок, 03 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Дотраено здравство

Јасмина Јовановска

Во Македонија жените се' уште умираат од рак на дојка. Стручњаците ќе речат да се умре од рак не е ништо ново, зашто карциномот се' уште е неизлечива болест, па некогаш не помага ни медицината. Но, кога медицината оди напред, да се умира поради тоа што државното здравство нема доволно мамографи - апаратура за дијагностицирање или тие повеќе се расипани отколку во функција, е за секаква осуда. Уште повеќе што најскапо здравство е она кое нема апарати за навремена дијагностика.

Токму ова е реалноста на македонското здравство. Во Свети Николе жените умираат од рак на дојка и поради тоа што ова општина нема апарат за мамографско снимање на дојката.

Тие се принудени за еден мамографски преглед да одат во други градови, каде што повторно не можат навреме да се прегледаат затоа што има долги листи на чекање. Понекогаш тие листи се толку долги што се чека и по два и три месеци.

Не е подобра ни состојбата во другите општини, како и во главниот град Скопје. Иако има мамографи, тие се толку стари и истрошени што повеќе се надвор од функција отколку што на нив се вршат навремени и прецизни прегледи. А, секој изгубен ден во дијагностицирањето на ракот е ден помалку за борба против оваа злокобна болест која убива и се' помлади жени.

Државата му објави војна на ракот на дојка и тоа со подигање на свеста на жените дека треба да одат навреме на преглед на дојките. Кампањите се добредојдени и за поздравување за жените да се научат дека треба да одат на редовни прегледи на дојките. Впрочем, тоа го покажаа и 12.000 мамографски прегледи што се направени годинава.

Но, џабе и' на државата да фрла пари по кампањи, ако жените мора да чекаат ред за мамографија. Зашто, додека да дојдат на ред, карциномот може толку да се развие, што кога ќе се открие болеста, веќе може да биде доцна за успешно лекување. Оттука не треба да зачудува ни фактот што од околу 700 нови случаи на рак на дојка, 400 завршуваат под хируршки нож.

Лекарите ги обвинуваат жените за ниско ниво на здравствена култура и дека операцијата е данокот што го плаќаат тие од доцната дијагноза. А, кој ќе го плати данокот што на пациентките навреме не им се открива ракот на дојка, бидејќи мамографскиот преглед им бил закажан по три месеци или што морале да лутаат низ националниот здравствен систем затоа што има недостиг од мамографи?!

Значи, без навремена и прецизна дијагностика нема ништо од борбата против ракот. И овој проблем државата го дијагностицира, по што одлучи да го лекува со помпезно најавениот голем тендер за медицинска опрема „тежок“ 40 милиони евра.

Но, владиното решение за опремата во здравството никако да профункционира во практика. И по речиси една година од објавувањето од тендерот нема ништо од набавката на новите мамографи.

Се правеа избори на понуди, колку да се рече избор, па комисијата повеќе учеше како се прави меѓународен тендер, отколку што реално работеше на тендерот. Или можеби и овој пат, како и секогаш кога се во прашање големи пари, бизнис- интересите испливуваат над интересите на пациентите, па ништо чудно што тендерот падна во скандалозни води.

Колку и да се големи напорите на новиот министер за здравство, Бујар Османи, тендерот што поскоро да се реализира, ќе помине уште најмалку една година.

Дотогаш пациентките ќе се снимаат на дотраени апарати, ќе чекаат со месеци за мамографија и ќе завршуваат на операција, што секако ќе чини повеќе отколку еден тендер од 40 милиони евра.

Зошто трошоците за лекување на болните се многу поголеми отколку да се купат мамографи, а да не зборуваме дека здравјето нема цена.


Статијата е прочитана 597 пати.

Испрати коментар

Од: RR: Prosta matermatika
Датум: 03.10.2008 01:31:35
Kolku mamografi,citostatici i druga posovremena aparatura mozheshe da se kupi od 100- te milioni evra,koi Vladata gi potroshi za vreme na svoeto vladeenje (dve godini i nekoj mesec) za:sebereklamiranje i propaganda, za korumpiranje na mediumite(vo koi gi objavuva falbite) i novinarite-poedinci kako nejzini megafoni?!
Од: kole
Датум: 03.10.2008 01:44:45
Ministrite za zdravstvo vo kontinuitet se decurlana... fakticki gi vadat od skolska klupa za minister... tuka nema uspeh... i vtoro... tenderite se moment za ofajduvanje na tie od vlasta...tuka se vazni proviziite i procentite... Narodot... ima li nekoj da misli na narodot???
Од: Prof. Dr. Nenad Markovic
Датум: 03.10.2008 01:50:20
Steta da se tolku zboruva od opasnost od rakot na dojkata a da se spomnuva samo mamografijata. Kako da e zaboraveno deka zenite sami treba da pridonesat za preventiva na toj tumor so ednonedelno proveruvanje na svoite dojki. Toa e najlesnata, najsigurnata i najeftinata metoda. Zosto se zaborava? Pozdrav do site moi ucenici i sorabotnici.
Од: sara
Датум: 03.10.2008 11:25:53
uste eden razlog povece da vlezeme poskoro vo eu i toa so pridavka pa sto masa pari od eu ce davat za se pa i za zdravstvo ....pred portugalija da vleze vo eu zdravtsvoto bilo mnogu poloso od mak a sega e na svetsko nivo.......
Од: doktor
Датум: 03.10.2008 11:31:25
Namesto fondot za zdravstvo sto potrosi sredstva za EKG aparati za maticnite doktori,po pametno ke bese da kupi mamografi.Realno mnogu malku ima mamografi i se ceka mnogu za da se napravi mamografija.Programata za preventivni celi vo fondot ja pravat ne dovolno educirani osobi i bez dovolno iskustvo vooblasta koja ja rabotat.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Едиторијал