Број 2852  вторник, 02 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Пиратите ќе го ослободат грабнатиот украински брод

Не е јасно дали е исплатен откупот од 20 милиони долари

Сомалиските пирати кои држат во заложништво украински брод полн со воена опрема, постигнаа согласност со сопствениците да го ослободат, се дознава од најновите информации. Вооружени напаѓачи го заробија бродот „МВ Фаина“, кој патуваше кон Кенија со 33 тенка, лансерни рампи за гранати и муниција на 24 септември. Портпарол на пиратите рече дека ослободувањето на бродот е „прашање на време“, но не наведе други детали за исплатата на откупот. Портпарол на украинскиот сопственик на бродот наводно јави дека ослободувањето би можело да се случи за една недела.

Нападите на сомалиските пирати значително ескалираа последниве месеци, предизвикувајќи загриженост кај меѓународната јавност. Минатиот месец тие го запленија саудискиот танкер „Сириус стар“, кој пренесуваше нафта во вредност од над 100 милиони долари. Во тек се преговори за ослободување на бродот и неговиот 25-член екипаж. Бродот „МВ Фаина“, кој моментно е закотвен во пиратскиот центар Харархере, има екипаж од 21 лице, повеќето Украинци. Пиратите првично бараа откуп од 20 милиони долари.

„Само е прашање на време и неколку технички детали пред бродот да биде ослободен“, јави француската новинска агенција АФП, цитирајќи го Субуле Али, кој зборуваше во име на пиратите. „Не можам да кажам колкав е откупот, но можам да кажам дека конечно е постигнат договор“, додаде тој. Михаил Воитенко, портпарол на сопственикот на бродот, Вадим Алперин, цитиран е од новинската агенција Асошиетед прес: „Сопственикот потврди дека постојат причини за надеж оти ќе биде ослободен нареднава недела“.

Поморски претставник на Кенија ја потврди информацијата за договорот и рече дека двете страни сега „дискутираат за модалитетите за ослободување на бродот, екипажот и товарот“. Кенија тврди дека оружјето е наменето за нејзината војска, отфрлајќи ги информациите дека било наменето за владата на полуавтономен јужен Судан.

Сомалија нема ефективна национална влада 17 години, што доведува до непочитување на законот и редот и на копно и на море. Пиратите моментно држат во заложништво повеќе од десетина киднапирани бродови. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 227 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Нова косметизација на Косово
Како Мумбаи за неколку минути се најде под опсада
Обама ја испраќа цврстата Сузан Рајс во ОН
Швајцарците се изборија за хероин на рецепт
Русија и Венецуела заедно вежбаат во Карипско Море
Во Романија победија поранешните комунисти
Руски хакер влегол во компјутерскиот систем на Пентагон