Број 3404  вторник, 12 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Култура

Саемот на книгата е уникатен и инспиративен настан

„Луѓето во оваа индустријата без исклучок, се исклучителни личности со многу идеи и уште повеќе идеали“, вели Катја Боне

Од 1 април 2010 година Катја Боне е директор на Одделот за комуникации и лице за односи со јавноста на Саемот на книгата во Франкфурт. Во ова интервју таа открива што ја фасцинира во индустријата со книги и на што особено се радува на Саемот на книгата.



Вие сте директор на Одделот за комуникации на Саемот на книгата во Франкфурт од 1 април 2010 година. Што гледате како Ваш најголем предизвик во новата позиција?

Сите координации во издавачката индустрија во моментот минуваат низ големи промени- нова технологија, нови пазари и пред се' секојдневно се појавуваат нови играчи со сензационални идеи и крајно ветувачки формати. Во исто време Саемот на книгата во Франкфурт има огромен спектар на постоечки клиенти и групи посетители со нивни специфични желби од саемот.

Според тоа, ние исто така мора да одиме напред со нашиот маркетинг и комуникацијата. Со своето огромно искуство за издавање на идеи и содржини, како и неговата улога како најважна контакт платформа во светот за издаваштвото, како профилот на Саемот на книгата најдобро може да биде пренесен на новите пазари и до новата публика? И тоа да се направи без да се занемарат пробаните и доверливи теми и квалитетот, или пред се' изложувачите и посетителите во текот на изминатите години? За ова треба да преиспитаме неколку работи и поинаку да размислуваме. И тоа во моментов ќе биде возбудливо.



Што Ве фасцинира во индустријата за книги?

Забележав дека луѓето во оваа индустрија без исклучок се исклучителни личности со многу идеи и уште повеќе идеали. Досега во ниту еден друг сектор не сум почувствувала вакво нешто. Освен тоа ми изгледа дека едвам која било друга индустрија е толку различна како бизнисот со книги. Тој го опфаќа целиот социјален спектар и константно поттикнува интересни дискусии за различни прашања. Тоа е она што го прави неверојатно жив.



Кои од лицата во овој бизнис навистина би сакале наскоро да ги видите?

Ох, многумина. Всушност, сите: добро познати и се' уште непознати автори, искусни и големи издавачи, но исто така и новајлии во индустријата, и секако, оние кои во моментот се во процес на ставање на содржината во нов формат.



Како го гледавте досега Саемот на книгата во Франкфурт?

За мене Саемот на книгата секогаш е уникатен инспиративен настан и „станица за полнење со задоволство“, за целата година. Во средина на есента, градот Франкфурт навистина цвета во културна смисла. 2008 беше година кога Саемот на книгата најмногу ме импресионираше со почесниот гостин Турција. За мене ова демонстрираше многу импресивно обединувачки елемент во литературата. Преку Саемот на книгата беше возможно да се изгради сосема нов мост во оваа култура.



Кои теми Ви се особено привлечни?

Во смисла на најважни теми, пред се', сум заинтересирана за образовни прашања, еколошко издаваштво и дигитизација (нумерирање). Плус Аргентина, како почесен гостин многу ми се допаѓа, бидејќи пред 15 години таму поминав неколку месеци додека студирав политика. Аргентинскиот менталитет - креативност комбинирана со голема доза на шегување на сопствена сметка е очигледен во сегашната уметност и литература како некогаш претходно.

Главно научно-фантастични наслови и книги за општествени утопии се на масичката покрај мојот кревет.



На што најмногу му се радувате на Саемот на книгата?

Почесниот гостин Аргентина и на соработката со многу интересни и пред се' многу професионални колеги.


#
Статијата е прочитана 391 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Наградата „Духовен воин“ за преведувачката на „Т’га за југ“
Дигитализација на фотографското културно наследство
Заврши најголемиот издавачки саем






Five thousand roses to clean soil in polluted Macedonian city
How Milosevic fostered 20 years of Serbian football violence
Former Croatian PM scrutinised by parliamentary committee