Брoj 2789  среда, 17 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Вицепремиерот Боцевски имал само 2.000 денари и 20 евра!

Во вториот мандат се зголемува бројот на уметничките слики во посед на Груевски, и тоа од 18 на 25

Катица Чангова

Вицепремиерот за евроинтеграции, Ивица Боцевски, има само 2.000 денари на денарската платежна картичка и 20 евра на девизната кредитна картичка! Овој податок за имотната состојба на потпретседателот во Владата на Никола Груевски вчера го објави Државната комисија за спречување на корупцијата на својата Интернет-страница www.dksk.org.mk. Другите ставки што ги пријавил Боцевски во имотниот лист се однесуваат на неговата сопруга и на децата. Така, станот од 68 квадрати во Скопје и автомобилот „мицубиши“ се заведени на името на сопругата на вицепремиерот.

„Утрински весник“ пишуваше за недопустлива неажурност на Антикорупциска комисија кога станува збор за информации што се однесуваат на богатствата на јавните функционери. Сега тоа е поправено. На веб-страницата каде што сега може да се прочита содржината на новите имотни формулари кои ги доставиле членови на Владата и на Собранието.

Министерот за образование и наука, Перо Стојановски, е единствениот член на Владата кој не пријавил имотна состојба. Антикорупциската комисија објавува анкетни формулари за 21 актуелен министер, меѓу нив не е министерот Стојановски, како и на 10 поранешни министри кои се законски обврзани да дадат отчет за имотот и по заминување од функцијата.

По добивањето на вториот премиерски мандат, во поседот на Никола Груевски се зголемува бројот на уметничките слики. Наместо 18, во најновиот анкетен лист во посед на премиерот се 25 уметнички слики вредни 430.500 денари. Се разбира, туку се и бројните девизни и денарски картички со различни суми, ама се чини дека на претседателот на Владата најомилена банка му е НЛБ Тутунска банка.

Елизабета Канческа-Милевска, министерка за култура, пријавила благородни метали во износ од 1,8 милиони денари, што е речиси еднакво на 30.000 евра.

Нејзиниот колега по функција, министерот за одбрана, Зоран Коњановски, запишал дека поседува благородни метали од 60.000 денари, околу илјада евра. Коњановски има заеднички стан од 54 квадрати во Скопје што е во изградба, а вози „опел вектра“.

Стан од 80 квадратни метри во Косово, но не се знае во кој град, пријавил како личен имот министерот за локална самоуправа, Муса Џафери. Се' друго е на име на семејството.

Министерот за финансии, Трајко Славески, на свое име пријавил куќа во Охрид и „пежо 308“ од 2008 година. Уплатил 250.000 денари за купување гаража. Стоте евра и 40.000 денари во банка му се заеднички имот.


Статијата е прочитана 4781 пати.

Испрати коментар

Од: goce
Датум: 17.09.2008 00:12:40
Ova e stramota pa ova vladava na grujo bila goltarska, mozda nemaat pari ni za burek da kupat na pauza,eh makedonijo makedonijo koj te upravuva,dole grujo ke te snajde beter i od ljuBco
Од: marko
Датум: 17.09.2008 00:40:04
siromastija, kako da n egi sakas kog aodvaj prezivuvaat, na ko enivo dojdovme prosjaci da ni j a vodat drzavata
Од: macor
Датум: 17.09.2008 00:42:41
...apasi se tie.
Од: kole
Датум: 17.09.2008 00:51:08
Aiiii bogati... abre ovoj Ivica bil za zalenje kutriot... da sobereme nekoj denar pomos za Portparolot.... po imotnata sostojba sirotiot bil za Sutka...
Од: Баба Ката од Секулицу
Датум: 17.09.2008 00:54:19
Аман бре људи, овој го нема никуде по беу свет. Наши големци Боцевски и Коњовски, гледате ли, цркнае од работа, се за наше добро, а овамо испада сиромаси к’ко глувци у нашу празну цркву. Затој, молам ви се, кој знае да ми прате сметку да и испрату по некој динар од моју земјоделску пензију. Зашто ми е пензија к’д наши главари едва крпе крај с’с крај. А Грујо наш што има слике или иконе. Ја мислу иконе су, оти ногу сакае цркве и попове...
Од: Gox
Датум: 17.09.2008 01:30:41
Dobro,so koj pamet ne e..t ??? Ova e apsurdno..jas bi go objavil izvestajot vo site pogolemi svetski pisani i elektronski mediumi...Kako ne se sramat covece..bezobrazluk..
Од: jimmy1
Датум: 17.09.2008 04:18:00
Uh siromaskite stasale do "prosjacki stap". Go zamoluvam gradonacalnikot Kostofski da mu obezbedi mesto na Kameni most za prosjacenje. Sramota, sve se ova kriminalci. Pa toj Musa sto ne go proterate vo Kosovo. Za Bocevski jas davam 3000 denari, ke mu trebaat da si presadi kosa.
Од: Aman be Bocevski epten si "siromav"
Датум: 17.09.2008 04:50:38
Hahahahaaaaa.... nasiot Vice Premier Ivica Bocevski zamislete koja bruka SRAMOTA hihihiiii... so 2000 denari vo dzep i samo 20 evra u kniska!!!! Ahahahaaaa.... pa ja sum samohrana majka edvaj prezivuvam pa sin mi ni vo disko ne go pustam bez iljadarka vo dzep a kamoli vice Premier!!!! A bre Ivica KOGO LAZES????? Jaden ti nemas ni za edno kafe hihihihiiiii.....heheheeeee.... LAZGOVCI
Од: прашувачот
Датум: 17.09.2008 08:11:46
Не се тревожи Македонски народе. Ќе имает, ќе имает, дечките! Но, дали нешто за тебе, народе, ќе остават?
Од: jovan
Датум: 17.09.2008 08:42:38
Dobro de ,covekot si kazal kolku imal (minato vreme) ,a na krajot na mandatot ke ni soopsti kolku ke ima (idno vreme). Site taka pocnale. Vlegle vo politika so fico na guranje izlegle so mercedesi. Pa i Boce nas eve vleguva so vlog od 20 evra ,a ke vidime kolku ke se ofajdi. Ke stavi valjda uste cetir-pet nuli plus na tie 20 evra. Neka mu e so sreka. Nie ke mu drzime sreka da ima sto poveke "nuli" i onaka site sme so nuli, pa ke mu pomogneme.
Од: Драган,Битола
Датум: 17.09.2008 09:20:38
KКаква сиромашна влада. Живко Јанкуловски откако си отиде од власта купи огромен стан во Скопје, кола и што уште не, Коњановски прави хотел во Охрид, куќа,кола
Од: bo
Датум: 17.09.2008 09:30:01
sramota.so vakvi anketni listovi za imotnata sostojba samo go pravat "budala"celiot makedonski narod.
Од: Nikola
Датум: 17.09.2008 09:35:23
za komentatorite: normalno e Bocevski da ima 2000 den i 20 evra, mlad e i nemal vreme da zaraboti pogolem imot. Nenormalno e Premierot po 2-3 godini rabotenje kako brokerski cinovnik i 3 godini kako minister da zaraboti 4 stana, nenormalno e, Ministerkata za kultura rabotejci vo drzavna administracija desetina godini, da ima nakit vreden 30 iljadi evra.
Од: TRPE original
Датум: 17.09.2008 09:39:33
Па добро е.По ова излегува дека останатите граѓани се заглавени до немајкаде.Ако господата министри и представници на власта ни се голтари тогаш сликата на народот кој го водат е сигурно очајна.Замислете со нивната плата која е редовна и највисока одвај успеале да спечалат 20 евра.По ова можни се два заклучоци :1. Во Македонија толку е скап животот што едвај се турка месецот со министерска плата ;или 2.Претставниците на власта се "растурикуќи" и недомаќини.Епа сега онаа народната: Ако те води овчар тогаш си овца, ако те води говедар тогаш си говедо а ако напред те води ГОЛТАР тогаш јасно е што народ оди по него.ПС Апел да се отвори жиро-сметка за хуманитарна помош за Владата.Редно е стечајците и социјалците да превземат некој чекор за помош на владата а не да чекаат само таа да им даде ним оти добија по 2-3000 денари па редно е сега да им се земат барем по 4-5000 денари месечно.
Од: nebo
Датум: 17.09.2008 09:44:19
kolku se pametni sve ostaavaat na zenite i decata oni kako da nemaat nisto a samo ministrite rabotat pa kako koga zenamu ne raboti ili mazot i pa ima pari neka ne ne lazat ili da im dademe nie pari posto nemaat nisto a nie obicnite gragani imame i toa sve odi za davacki za drzavata
Од: Strumica
Датум: 17.09.2008 09:45:44
e sega duri crno ni se pisuva, ovie "zalnive" nemat skrsen denar pa sega drzavata ke ni ja bankrotirat - morat lugeto da zimat od drzavnata kasa pari za dorucek. Pa neka dojdat vo Strumica da gi hranime vo narodnata kujna i neka ne se sekirat ubava e hranata, mnogu luge se hranat od tamu
Од: SSSSSSSSSSS
Датум: 17.09.2008 09:49:42
Za greota!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Pa da im dadam jas malku od mojata plata 10.000 denari za 4- cleno smejstvo i 1 student. Navistina mi e zal , decava od Vladata na Grujo "STVARNO" bele siromasni. Znaci, zatoa drpaat koj kolku moze, a pak jas si mislev bile bogati..... Tuf, tuf za greota. E ova go nema ni vo Zanzibar. Grujo svesti se, dosta letate vo oblaci kako Petar Pan.
Од: zrze
Датум: 17.09.2008 09:52:01
So imotot koj go poseduvaat ovie ministri ne mozat ni da gi skoluvaat a ne pak svadba da napravat na svoite deca.Sramota kogo lazete.Dimovska Mirjana konceno treba da izleze od pregratkite na DPMNE i cesno da si ja zarabotuva platata od narodot.
Од: ma-ne
Датум: 17.09.2008 10:27:12
Така сите почнуваат, што се чудите.
Од: Prilepcanec
Датум: 17.09.2008 11:14:48
Sega,mislam,stecajcite ne treba da sedat so skrsteni race,tuku da postavat kartonska kutija vo parkot,sproti Sobran eto na RM,i da napisat:pomos za Boceski-bidejki,eve toj stanal socijalen slucaj.Na stecajcite im bea veteni 5.000 denari,a ministerot ima samo 2.000 denari.Ako e vakva negovata materijalna sostojba,zosto ne se prijavi kako stecaec,pa ke ima dvapati poveke.Se,razbira,togas koga negovata Vlada ke im gi dade na stecajcite. Gospode,kolku sme bile za zalenje.Zatoa ni vetija crkva,da se molime za spasenie.
Од: Коле
Датум: 17.09.2008 11:30:36
Случајно го познавам Боцевски, и морам да ви кажам дека не е нереален во она што го прикажал. Можеби месецов не му се погодил па останал на 50 евра на книшка, ама и да не се толку - не се многу повеќе. Не е исто со другиве стари волци. Е, за крајот на мандатот - ќе видиме.
Од: Трпе
Датум: 17.09.2008 11:46:25
Ова влада е собрана голтар до голтар.А тие се и најопасните.Од нив треба да се боиме.Земете ги пример Лјубчо и Снешка.Од гладни болви треба да се плашиме.Или како заклучок луге, кои не биле способни за себе неможе да бидат способни и за државата да ја водат напред.За то на Македонија цр��о и се пишува.Погледнете во светот кој се доагат на власт.Нашиве крвта ке ни ја исцицат.
Од: Viktorija
Датум: 17.09.2008 12:10:20
narode,zarem ne mislite deka krajno vreme e vo makedonija da izbereme CAR,ke bide eden i mnogu bogat,ke ima so sto da se falime pred svetot,so ovie goltari nikade ne odime a zalno e sto i drugi da dojdat ke bidat beter od niv,samo narodot strada.A gi ima eden kup sto zinale za bogatstva i grabenje.taka,carot ke bide eden i ke bideme ubavo carstvo,bogatstvoto ke ostanuva po narodot a siromastijata ministri,segasni i predhodni i funkcioneri,premieri i dr. glupaci ke rasoadime po beliot svet,neka se snaidzaat kako znaat.
Од: Petre
Датум: 17.09.2008 13:45:51
pa normalno... i site drugi potparoli i novinari se izlozeni na tuzbi, pa ako imaat para na transakciona ili imot ke im se zeme...ovaka ke odat vo zatyor ako ima mesto, a nema..
Од: dimitar
Датум: 17.09.2008 13:54:46
Абе толку ли немате попаметно нешто да напишете?
Од: ace
Датум: 17.09.2008 14:27:16
Im veruvav na VMRO ama so ova malce iznenadija... Jas kako student imam poveke pari vo banka od niv!!!! Pa da im pozajmam ako im trebaat, aj koga ke imaat ke mi vratat, vo sliki mozda!!!!
Од: Nikola
Датум: 17.09.2008 15:32:48
Stramota, kogo lazete i pravite budali, zarem navistimna mislite deka nekoj Vi veruva? dajte gi imotmite listi na zenite i decata, a ne da ne pravite maloumni, zenite i decata pobogati od tatkovcite- funkcioneri..... Ce ja procita ovaa statija nekoj stranec e ce ja isprati po svetov ce ni se utepaat od smeenje.
Од: Дедо Џоше од Мартиница
Датум: 17.09.2008 16:13:50
К`д ни прочита наша унучка овуј писание ја и Баба Митра очи истерасмо од плакање.Рече му на моја Баба Митра ај да помогнемо ову нашу сиротињу и да сакупимо неки динар и више да не пијемо пиво пред нашу коперацију сваки д`н до 7 , јал ова наша сиротиња че покачив шечер далеко било ,па куде ќе ни бидне крај.А с`г че идемо пред коперацију да чекамо ред за пивце да смиримо ову секирацију што нас снаџе.....
Од: flying Svedska
Датум: 17.09.2008 16:53:23
Ete fati siromastija, takvite kako Zaev i kompanija ukradija se sto mozese da se ukradi pa sega? ke bidat lugjeto so prazni dzepovi...nee nisto cudo! ke bidat gledani pod lupa!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Хашки, а наши!
Зденко
Драма на крајот од мандатот на Срѓан Керим
Нова демократија е процес што претстои
Затишје во СДСМ пред конгресот
Претходен број
Карикатура
Тирана повторно почна да не' именува како ФИРОМ
Празната судница го одложи стартот на процесот за првиот хашки случај
Заплеткани истраги
Бенчмарковите
Кој има храброст да го соопшти новото име
Малиот Ајнштајн
Verbatim
Се распадна украинската „Портокалова коалиција“