Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Татјана Стојаноска

социолог

Денот го започнувам со утринско кафе и прошетка за да се наполнам со позитивна енергија, како увертира на обврските што ме чекаат. Потоа продолжувам со интензивна работа на мојот докторски труд, попладнето е посветено на женски разговори со Кристи, Ирена и Еци, а вечерта е резервирана за љубениот.

Оливер Јосифовски

група „Љубојна“

По утринското расонување, веднаш седнувам да прочитам некоја страница од писателот Орхан Памук, односно од неговото дело „Се викам црвено“. Потоа имам обврска да свртам повеќе телефони и да се договарам околу претстојните настапи на групата „Љубојна“.

Ратко Димовски

радиоводител

Најпрво го пијам утринското кафе за да ми започне убаво новиот ден. Доколку времето е сончево, излегувам надвор да ја соберам потребната инспирација што ќе ми помогне во креирање музика, а доколку е облачно или врнежливо, се задоволувам со меланхолијата. Во вечерните часови и' се препуштам на мојата друга љубов - правото, за на крајот да се спремам за новата радиоемисија „Психоделични фреквенции“.


#
Најди! во Утрински