Број 2672  сабота, 26 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

САД: Северна Кореја и нуклеарно и' помага на Сирија

САД ја обвинија Северна Кореја дека и' помага на Сирија да изгради нуклеарен реактор кој „нема да биде за мирновременски потреби“. Локацијата, за која се наведува дека најверојатно е во Северна Кореја, била бомбардирана од Израел во 2007 година.

Сирија ги повтори негирањата дека има програма за нуклеарно оружје или, пак, каков било сличен договор со Северна Кореја. Сириски официјални лица изјавија дека локацијата што била бомбардирана од страна на Израел во септември минатата година бил воен објект во градба. Сиријците посочија дека градежните работи на локацијата извесно време пред воздушниот напад биле сопрени.

Кон крајот на октомври 2007 година ИСИС излезе со сателитски снимки пред и по нападот на локацијата на кои се забележуваше дека местото било израмнето со булдожери по бомбардирањето. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 304 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Саркози ги призна грешките во првата година од владеењето
Кина ќе разговара со претставници на далај-лама
Америка повторно го воведе извршувањето на смртната казна
Америка ги бара резервите свежа вода во океаните
Демократите во САД се колебаат околу расата на Обама