Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Политика

Разрешената директорка премина кај Љубе

Разрешената директорка на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, обвинува дека нејзината смена е исклучиво од политички причини. Вели дека,откако деновиве преминала во партијата на Љубе Бошковски, почнале и притисоците врз неа и пораки да се повлече од функцијата. Владата ги отфрла обвинувањата на Јовановска.

„Добивав пораки ’повлечи се или лошо ќе завршиш’, но јас не го направив тоа и затоа на последната седница на Владата е донесена одлука за мое разрешување. Поради ова, ќе поднесам неколку тужби, а едната ќе биде за незаконско сменување од функцијата, иако професионално ја извршував“, вели Јовановска. Таа тврди дека во три и полгодишното работење како директор не добила ниту една критика или забелешка и дека ги спроведувала сите реформи за постигнување европски стандарди. „Тоа што е најважно е дека јас не бев партиски послушник на Груевски и не останав приврзаник на неговата погубна популистичка политика. Владата требаше да одделува шест милиони евра за проектот за самовработување. Јас не се согласував со парите од овој проект да се покриваат нивните незаконски и ненаменски потрошени средства во буџетот“, тврди Јовановска. Решението, вели, го добила вчера, но во него било наведено образложение за нејзината смена.

Од Владата реагираат дека директорката на Агенцијата за вработување била разрешена на предлог на министерот за труд и социјална политика, Џелал Бајрами, поради слаби резултати во работењето. „Жалиме што Билјана Јовановска сака да ги затскрие својата непосветеност, непрофесионалниот однос и неодговорниот пристап кон работата со изнесување лажни алиби и изговори во јавноста“, се вели во писмената реакција од Владата. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 2429 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 13.11.2010 16:03:08
Вмлоска работа 3,5 години била добра сега не чинела.Уште многу ќе се свестат кај отишле и со кого си имат работа.
Од: Igor
Датум: 13.11.2010 19:58:05
Секој што ќе се дрзне да го критикува фирерот преку ноќ е сменет како "неспособен и непрофесионален"...
Од: jas
Датум: 13.11.2010 21:05:52
Smena bila od politicki pricini, a kako e postavena na toa mesto ako ne od politicki pricini bas me interesira

Најди! во Утрински
Политика
Сообраќајот ми е главен приоритет
Полициски инспектори го „прегледувале“ Ангелов
СДСМ поднесе интерпелација за Канческа-Милевска






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry