Гамбит нов шаховски првак на Македонија!
Во директниот дуел за титулата совладан Алкалоид со 3,5-2,5, лекција од Данчевски за Инаркиев
Роберт Димитриевски
Скопската екипа Гамбит го презеде приматот од градскиот ривал Алкалоид, триумфирајќи на 17. Екипен шампионат на Македонија во шах што се одржа во хотелот „Дрим“ во Струга. До својата прва шампионска титула Гамбит стигна со победата од 3,5-2,5 во директниот дуел со „фармацевтите“ во седмото и последно коло, која на тимот без велемајстор му донесе вкупно 13 меч-поени, еден повеќе од досегашниот првак.
Дека новиот шаховски првак се надмина себе си против дрим-тимот на Алкалоид зборуваат трите сензационални поединечни победи. интермајсторот Орце Данчевски (рејтинг 2441) на првата табла со црни фигури го победи велемајсторот Ернесто Инаркиев (2675) од Русија, кој е 42. на рејтинг-листата на ФИДЕ, со црни и ФИДЕ-мајсторот Зоран Стојчевски (2393) на третата го совлада ВМ Трајко Недев (2525), а ФМ Љубиша Андоновски (2300) со бели на четвртата беше подобар од ВМ Звонко Станојоски (2514). Цел поен на фаворитот му донесоа ВМ Зденко Кожул (2579) од Хрватска на втората табла против ИМ Марјан Митков (2382) и Филип Панчевски (2407) на последната против Сашо Симјановски (2226), а ремизираа ИМ Александар Чоловиќ (2470) и ФМ Љубомир Илиќ (2299) на петтата.
„Верувавме во добар пласман на првенството, но и самите се изненадивме од победата над Алкалоид. Ја имав привилегијата токму јас да му го донесам решавачкиот поен на Гамбит со победата над Инаркиев во последната партија на шампионатот, која сите учесници и гости ја гледаа и со громогласен аплауз не' наградија за подвигот. Со Русинот одигравме Рихтер-Рауберова варијанта на Сицилијанска одбрана, која ми беше добро подготвена. Во контра освоив пешак и со техничка реализација во топовска завршница не му дадов шанса“, пресреќен е Данчевски, играч и претседател на клубот формиран пред две години, кој во ланското деби на држ��вните првенства стана вицешампион. Гамбит на 22 октомври во грчкиот град Калитеја ќе дебитира и во Европскиот клупски куп, а во ова елитно шаховско натпреварување ќе игра и в година во Струга.
Резултати од последното коло: Куманово - Кочани 2,5-3,5 (Крстевски - Филев реми, Симов - Симеонов реми, З. Илиќ - Васовски 0-1 службено, Димитриевски - Стојчев реми, Христовски - Тркаљанов реми и Садики - Зашев реми), Алкалоид - Гамбит 2,5-3,5 (Инаркиев - Данчевски 0-1, Кожул - М. Митков 1-0, Недев - Стојчевски 0-1, Станојоски - Андоновски 0-1, Чоловиќ - Љ. Илиќ реми и Панчевски - Симјановски 1-0), Стево Патако - Тетекс 2-4 (Д. Илиевски - Н. Несторовиќ реми, Б. Илиевски - Д. Несторовиќ реми, Јазаџиевски - Качаковски реми, Симовски - Л. Несторовиќ 0-1, Гоцевски - А. Петровски реми и Богдановски - И. Петровски 0-1) и Стефо Балто Инекс Дрим - Карпош 3,5-2,5 (Менкиноски - Танчев 0-1, Динев - Темков 1-0, Кајмакоски - Јанков 0-1, Велески - Вукелиќ 1-0, Паноски - Исмаили 1-0 и Котески - Јованоски реми).
Конечна табела: Гамбит 13 (26,5), Алкалоид 12 (35), Кочани 10 (23), Тетекс 7 (21,5), Стево Патако 5 (17,5), Куманово 4 (15,5), Стефо Балто 3 (15) и Карпош 2 (14).
Инаркиев - Данчевски
1. е4 ц5 2. Сф3 д6 3. д4 ц:д4 4. С:д4 Сф6 5. Сц3 Сц6 6. Лг5 е6 7. Дд2 а6 8. О-О-О х6 9. Ле3 Лд7 10. ф3 б5 11. С:ц6 Л:ц6 12. Лд3 Ле7 13. Кб1 Дц7 14. Тхе1 б4 15. Се2 д5 16. е5 Сд7 17. Сд4 Сц5 18. ф4 Лд7 19. г4 Са4 20. ф5 Тб8 21. Сб3 а5 22. Лд4 Сц5 23. Дф2 Тц8 24. ф6 г:ф6 25. е:ф6 Лд6 26. С:ц5 Л:ц5 27. Ла6 Л:д4 28. Т:д4 Та8 29. Лф1 Дц5 30. Тц1 Тц8 31. Лг2 Тг8 32. х4 е5 33. Те1 Ле6 34. Т:е5 Т:г4 35. Тд2 Д:ф2 36. Т:ф2 Т:х4 37. а3 Тц5 38. а:б4 а:б4 39. б3 Кд7 40. Кб2 Кд6 41. Те3 д4 42. Те1 Тф5 43. Тд2 Т:ф6 44. Ле4 Тфф4 45. Лд3 х5 46. Та1 Тхг4 47. Та6+ Ке7 48. Тб6 х4 49. Ла6 Лд5 50. Лб7 Л:б7 51. Т:б7+ Кф6 52. Т:б4 х3 53. Тх2 Тф3 54. Тх1 Кг5 55. Тб8 д3 56. ц:д3 Т:д3 57. Ка3 ф5 58. Тх8 Тгг3 59. Тб1 ф4 60. Кб4 ф3 61. Тф1 Тд4+ 62. Кц3 Тд6 63. Кц4 Тх6 64. Тф8 х2 65. Тх1 Кг4 66. Кд4 Кх3 67. Та8 Тг1 0-1 |