Број 3486  петок, 21 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
3486

Виното ќе ги зближува Македонија и Грција

Тиквешиjата во соработка со северна Грциjа развива стратегиjа за вински туризам во регионот

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - Политиката не може да застане на сечиј пат. Индикатор за тоа е соработката меѓу македонските и грчките винарски визби за спојување на винските патишта во двете земји. Фондацијата „Тиквешки вински пат“ и грчката национална организација на енолози и винарници, предводена од актуелниот солунски градоначалник, Јанис Бутарис, соработуваат околу развојот на винскиот туризам во Тиквешијата и во северна Грција.

Двете организации аплицирале за проект за прекугранична соработка и се надеваат дека со него ќе можат подобро да пласираат заеднички производи на винските патишта и да обезбедат заеднички настап на странскиот пазар, што ќе им помогне на македонските винарници да се стекнат со поголемо искуство и полесно да се промовираат на поголем туристички пазар.

Македонската фондација „Тиквешки вински пат“ работи на развивање на винскиот туризам во Тиквешијата од 2006 година. Иако се смета за релат��вно нова фондација, сепак, Виолета Јанкова и Дивна Јордановска, основачки на организацијата, се дел од Управниот одбор на „Европскиот вински пат“, каде што се вклучени 18 држави-членки, како што се Франција, Италија, Шпанија, Португалија, Словенија, Хрватска и други.

Виолета Јанкова, извршна директорка за секторот за туризам на „Тиквешки вински пат“, вели дека иако ја очекуваат одлуката за тоа дали ќе бидат одобрени средства за проектот за меѓугранична соработка со Грција, сепак, и македонската и грчката организација активно работат на спроведување на проектот. Проектот е составен од две компоненти, односно едукација во областа на винскиот туризам и вмрежување на винските патишта на северна Грција и Тиквешијата. Доколку помине проектот и успеат да ги добијат финансиите ќе имаат одлични услови за едукација на населението за развој на винскиот туризам.

Независно од тоа дали ќе ги добијат бараните финансии за соработка меѓу двете организации за развој на винскиот туризам, „Тиквешки вински пат“ во февруари ќе оствари работен состанок со грчките колеги и раководители во однос на соработката за проектот. „Ќе се дискутира за можноста за пласирање заеднички производ за вински патишта, изготвување заеднички материјал и заеднички настап и претставување на странскиот пазар. Винските љубители се посебен пазар. Сметаме дека ако ги поврземе винските патишта во Грција и во Македонија ќе добиеме повеќе клиенти“, вели Јанкова. Додава дека иако двете места имаат своја историја и приказни, сепак, убавите вина и заедничкото поврзување ќе им донесат повеќе гости, а истовремено ќе ги олеснат и трошоците за настап на странските саеми.

Солунскиот градоначалник и еден од раководителите на проектот од грчка страна, Бутарис, во интервјуто за „Утрински“ изјави дека токму оваа соработка, размена на искуства и меѓусебна помош е начин да се приближат граѓаните на Македонија и на Грција и да увидат дека политичкиот спор е бесмислен и постојат начини за добра соработка меѓу двете држави.

Винските патишта во Тиквешијата ги сочинуваат винарниците „Стоби“, „Тиквеш“, „Попов“, „Пивка“, „Фонко“, неколку хотели и ресторани, како и првиот музеј на виното. Доколку се добијат средствата од проектот за кој аплицирала фондацијата ќе почне да се работи и на формирање туристички информативен центар, средување хотели и мотели, но, главно, на едукација на граѓаните од регионот за туристичките можности на винскиот туризам во Тиквешијата.

„Винскиот туризам кај нас е нова гранка. На луѓето од Тиквешијата се' уште не им е јасно како може да заработуваат од овој вид туризам, бидејќи едноставно овој предел досега не се сметал за туристички“, посочува Јанкова.

Виното е основа за овој вид туризам, а, според Јанкова, не значи само дегустација и прошетка низ винарските визби, туку и дегустација на виното што се произведува во домашни услови и храната од локалната кујна.

За гостите во Тиквешијата е направен и Музеј на виното каде што, покрај другото, може да се види и да се купи монографија за лозарството и за винарството во регионот. Фондацијата работи на издавање гастрономски водич низ Тиквешијата со традиционални јадења и специјалитети од регионот. Како посебно интересни Јанкова ги посочува маџунот, сок од шира, густ и со сладок вкус, кој се користи за правење слатки како араванија.

Заинтересираноста за винските патишта во Македонија досега е на задоволително ниво, но од „Тиквешки вински пат“ сметаат дека се' уште треба да се преземат многубројни активности за да се донесат уште повеќе туристи и вистински да процути оваа алтернативна туристичка гранка во државата. Проблемот, како што велат, не треба да се бара само кај државата, туку кај сите туристички тела во Македонија. Според Јанкова, треба уште многу да се работи на подигнување на свеста, генерално, потребна е упорна работа и постојано да се вложуваат време и пари за развој на алтернативните форми туризам, но и да има соработка меѓу туристички агенции во државата и оние организации што работат на подготовката на туристичката понуда и производ. „Ние, како фондација, изготвуваме готов производ и им го нудиме на агенциите. Им дадовме и понуда за турите низ винските патишта, како и понуда да бидат вклучени во водичот како застапници, да бидат рекламирани на нашата веб-страница, на мапата и, генерално, да бидат промовирани секаде каде што одиме ние. Понудата за се' ова беше околу 9.000 денари. Само една туристичка агенција ни одговори позитивно, а другите ни рекоа де��а можат и сами да се рекламираат. Но, никој не може сам да развие туризам. Потребно е здружување на сите фактори, хотели, агенции, ресторани, винарници, па дури и докторот и новинарот во едно туристичко место треба да работат на развојот на туризмот. Државата може да ни помогне со кампања, со инфраструктурни проекти, но се' друго мора да го развиваме сами“, вели Јанкова.

Главниот проблем, според неа, е тоа што туристичките агенции кај нас не се заинтересирани за промоција на домашниот туризам, не го согледале потенцијалот на инкаминг-туризмот, односно носење странски и домашни туристи низ Македонија, туку се фокусираат на извозен туризам, во странство.

Досегашните туристи се и домашни и странци, а, според Јанкова, околу 70-80 отсто од нив сами ги организираат винските тури. Според анкетите на фондацијата, околу 99 отсто од гостите воопшто не добиле понуда од туристичка агенција за вински туризам. Најголем дел од посетителите за винските патишта слушнале преку винарските визби.

За Јанкова и за нејзината партнерка во фондацијата, Дивна Јордановска, идеите за развој на алтернативниот туризам не застануваат само на винските патишта. Веќе имаат аплицирано за проектот „Рели-тур“, кој се фокусира на развивањето религиозниот туризам преку идентификација на манастирите во пограничните региони на Македонија и на Грција, изработка на патеки и тури за ваков вид туризам. Проектот е изработен заедно со универзитетот „Аристотел“ од Солун, Стопанската комора на Пела и СКТМ-Стопанската комора за туризам на Македонија.


#
Статијата е прочитана 3377 пати.

Испрати коментар

Од: 3G
Датум: 15.01.2011 12:24:38
Grcija ja menuva taktikata. Po neuspehot na silata sega voveduva svilen paternalizam so cel za hegemonija vrz makedonizmot.
Од: ПОЗДРАВ ДО МОИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ОД ТАА СТРАНА
Датум: 15.01.2011 12:59:13
На границата. Поздрав до сите таму што ги знам. Посебно до убавото село со топли бањи и топол базен од природна лековита вода. Со топла и ладна река. Со чешмата со три големи чепови со топла лековита вода. Село од таа страна на границата а сите имаат роднини во Македонија.Од таму треба да води пат до Кавадарци.А кога ке се изгради и Кожуф и ова со винското поднебје ете ја иднината и на еден начин обединувањето. Кој тоа кажува несакаме во ЕУ. Да сакаме ама како тоа што сме. Е тоа политиката од таа страна на границата не го сака. Тие несакаат а не ние. Или сакаат ако не обезименат. Трето нема.
Од: vasil
Датум: 15.01.2011 13:27:33
Ova e dobra vest koga Makedonia i Grcija imat namera da se sorabutuvat vo mnogu oblasti. Ama ke treba da se povletsat na ne tuzat vo EU za vinoto i vtoro, shto e najvazno treba da ne priznaat. Edna poraka na angliski do G.Boutaris: Unfortunately Greece has failed to be the first recognizing us under the constitutional name, but there is an occasion to do it as the 131st country. Let's do it!
Од: Зевзекмен
Датум: 15.01.2011 13:55:05
more ke ispadne da im prakame cisterni vino a oni ke go flashiraat kako original " Makedonian Wine", istp kako sto se prodava u Grcija " makedoniko halvas" a proizvedena kaj nas..
Од: Edi
Датум: 15.01.2011 16:15:54
zar uste ima nekoj sto veruva vo dobronamernosta na nasite mili braka i drugari od jugot, Gospodi spasi ne od vakva dobronamernost...
Од: mirko
Датум: 15.01.2011 20:50:20
Ovie ne sakat kontakt so Makedonija i begat kako gavol od tamjan - krst -Ne sakat GRANICNI PREMINI da se gradat - ili povrzuvanje so nivna firma vo Nikolic - DOJRAN so zeleznicka pruga samo so 6 km.od grckata strana .. Sprecuvat i Izbegavat sekakov kontakt so naselenieto da se postavi megu dvete granici I e Apsurd da se veruva vo takov komsija - neprijatel na idninata i segasnosta.
Од: Dark Avenger
Датум: 16.01.2011 07:59:26
Trojanski konj!!!

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Си велам
Ерол Ризаов
Едиторијал
Горан Адамовски
Поглед
Светлана Унковска
Без ракавици
Јосиф Ќурчиев
Мислења
Нано Ружин
Парите од ММФ дојдоа,има ли пожар?
Женски муабети
Мажи во 2010

АЛИСОН ЛЕ БОРЖ
Внуката на Ален Делон позира за „Ел“

Рефет Абази во главна конкуренција на Берлинале

ЖИВОТ
Како да се спречи кризата со вода