Број 2800  среда, 01 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Пари за ин витро добија и Гинекологија и „Плодност“

Фондот за здравствено осигурување на Клиниката за гинекологија и на приватната гинеколошка амбуланта „Плодност“ од Битола им одобри по четири милиони денари за вештачко оплодување.

Со овој договор, како што истакна в.д. директорката на Клиниката за гинекологија, д-р Адела Стефанија, конечно за оваа метода, која клиниката прва ја започна во земјава, ќе добие пари од државата. „Со овој договор ќе може да се прават неограничен број вештачки оплодување и без ограничување на возрасната граница“, истакна д-р Стефанија, која додаде дека досега на нивната клиника за ин витро се заинтересирале околу 120 пациентки. Од Клиниката за гинекологија се задоволни со сумата од 80.000 денари за еден циклус, зашто досега воопшто не добивале пари за оваа метода, туку работеле како ќе се снајдат. Дали од оваа сума ќе има пари и за стимулирање на работата на тимот, д-р Григор Димитров изјави дека за почеток сето она што ќе го заштедат ќе го насочат во инвестирање.

Директорот на „Плодност“, д-р Таше Трпчевски, укажа дека вклучувањето во здравствениот систем на оваа амбуланта е пример за дисперзија на знаењето и стручноста надвор од Скопје. Тој смета дека цената за ин витро е најниска од бившите ЈУ-простори и вели дека треба да претрпи корекција. А во меѓувреме ќе мора да работат рационално. Со вештачко оплодување во оваа амбуланта за пет години се имаат родено околу 200 деца.

Колку Фондот ќе може финансиски да ја следи големата заинтересираност за биомедицинското оплодување, што се согледува од фактот дека во „Систина“ и во „Ремедика“ неделно се одобруваат од 20 до 30 оплодувања, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ѓорѓи Тренкоски, вели дека нивната математика покажува дека тие одобриле пари за месечно да се прават и над сто циклуси, а доколку се надмине квотата, тие ќе дадат дополнителни средства. (Ј.Ј.)


Статијата е прочитана 353 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Трите енергетски компании бараат 29 отсто поскапа струја
Споменик на револуционерот Узунов во Охрид
Битола има историски потенцијали, но останува далеку од туризмот
Градоначалникот Талески бара газда за стопанисување со јавните тоалети
Волци задавија 15 овци во прилепско Новоселани
Поради дрва на тротоар, казни за 70 прилепчани