Број 2926  вторник, 03 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

Здружение на Егејци влезе во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

БИТОЛА - Егејците влегуваат во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ. На првиот ден од официјалната изборна трка дел од здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија отворено и' дадоа поддршка на власта. За тоа избраа измислен повод.

Вчера, со задоцнување од речиси четири месеци, положија цвеќе на Спомен-плочата во Битола поставена на местото каде што е формирана Првата народноослободителна бригада од Егејска Македонија, иако на плочата стои дека настанот се случил на 18 ноември 1944 години. Како формален повод велат дека го избрале моментот кога на 2 март пред 65 години првпат се собрале и се сретнале првите борци од бригадата.

Ташко Иванов, координатор на Координативниот комитет на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија со седиште од Скопје, признава дека настанот не е случаен.

„Онаа Влада која ќе се залага за нашите барања ќе има и целосна поддршка од нас“, рече Иванов, објаснувајќи дека оваа нивна постапка не ја поддржуваат сите здруженија на Егејците.

Александар Поповски, почесен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија со седиште во Битола ја образложи ваквата постапка.

„Првпат во историјата, по 60 години, е поставено прашањето за Македонците од Егејскиот дел на Македонија токму од оваа Влада. Да се реши еднаш засекогаш проблемот со имотите на Македонците од Егејска Македонија и слободно враќање таму“, дополни Поповски.

Претставниците на егејските здруженија, покрај поддршката за локалните избори, дадоа нова иницијатива до актуелната власт во Битола.

Традиционалните средби на децата бегалци, кои пред Илинден се одржуваат во потпелистерското село Трново, да се дислоцираат на нов терен кој ќе биде непосредно до македонско-грчката граница.

„Се надеваме дека ќе се заземе став наместо трновските средби на децата- бегалци да се одржат триесет километри од границата со Грција да се одржат на самата граница. Таа ќе биде точно егејска средба на Македонците. Ние бараме терен и засега не знаеме каде ќе биде тоа“, рече координаторот Иванов. (А.Б.)


Статијата е прочитана 849 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 03.03.2009 00:18:31
VMRO im veti deka ce dobijat 35 milijardi dolari, normalno da glasaat za nego.
Од: centar
Датум: 03.03.2009 00:44:25
Kukniot sovet na vlez II od zgrada vo Gjoce Petrov ja podrza DPMNE, Ako treba i so bulduzer da go napravat pretsedatel Gerge oti bil pameten i makedonec!!! Do Egejcite, samo slepo veruvajte, ke ja oslobodi i Egejska Makedonija ako trebe pred izbori!
Од: Darko
Датум: 03.03.2009 00:56:42
Pa se razbira deka ke i da dadat podrska,zatoa sto ovaa vlast za prvpat vo istorijata se angazirase za nivnata maka, za ralika od prethodnite vladi koi molcea za nivniot problem.
Од: Bitola
Датум: 03.03.2009 00:59:28
Alo egejci,Grujo ve lazi deka nesto ke vi pomozi.Toj lazi za osum miljardi evra,pa vas deka ke vi go vrati Solun?????
Од: mitko bara objasnuvanje
Датум: 03.03.2009 01:51:17
Egejcite prvo neka ni objasnat zost barem 80% od niv vo Kanada se izjasnuvaat kako Grci (Anticiki Makedonci?)?
Од: Banja
Датум: 03.03.2009 02:12:54
Imam pretcuvstvo deka politicarot sto ,,hrabro,, go postavi prasanjeto za egejskite makedonci na krajot ke gi izbanja. Umniot Pavle Vaskopulos vo edna prigoda zamoli makedonskite vlasti da gi ostavat Makedoncite od Egejska Makedonija sami da se borat za svoite prava, so verba deka taka polesno ke gi ostvarat svoite prava. Celosno se soglasuvam so nego!
Од: cd
Датум: 03.03.2009 02:26:11
bravo utinski me iznenadivte !!!!!!!!!!!!
Од: zelezara
Датум: 03.03.2009 09:28:26
Kolku se naivni egejcive,ke vi go vratel imotot gruevski od Egejska Makedonija na sveti nikad.Sto bi rekle srbite OBECANJE LUDOM RADOVANJE
Од: Egeec
Датум: 03.03.2009 10:59:55
Prvo, jas sum po poteklo od Egejska Makedonija, tako mi bese pripadnik na DAG, a dedo mi, osven vo DAG, bese pripadnik i na spomenatata Prva egejska brigada vo NRM. Sepak, nitu mene, nitu na recisi site moi rodnini ni na kraj pamet ne ni e da glasame za DPMNE. Vtoro, ovoj tekst ne smee da bide pricina za niski komentari na citateli na smetka na Egejcite. Kolku za potsetuvanje, najgolemiot makedonski revolucioner-Goce Delcev i prviot kodifikator na makedonskiot literaturen jazik-Krste Petkov Misirkov bile EGEJCI.
Од: Не-сум-Македоноид
Датум: 03.03.2009 11:00:54
Многу треба да си глуп и згора прост, па да можеш и да помислиш дека ОВАА влада, на ОВОЈ начин, ќе го реши прашањето за имотите и патувањето ТАМУ на Егејците. И, згора, треба воопшто да не ја сакаш ОВАА Македонија.
Од: egeec
Датум: 03.03.2009 13:54:17
I ova vostanie go krenaa pre vreme kako Ilinden 903.Ne bile site generacii nekadri i nah,lab,li kako G,Lujo nas tuku vodele smetka za momentot i pozicijata.Od ovaa pozicija samo populisticki ke ima korist toj ,a na egejcite ke im ja vlosi sostojbata.Ako sami egejcite zboruvaa na sredbite deka huntata na Markos gi izbrkala so pomos na Amerikancite sto do sega e smeneto,i koj budala bi poveruval deka Amerika pak ne se poveke so Grcija otkolku so Makedonija i nasite sonarodnici od egejot.Ako vo 1948 ne dozvolile Tito i Stalin da ostvarat dominacija na toa morsko pristaniste iluzija e deka toa ke go dozvolat sega.A od ovie vrhovisti stradale makedoncite i vo 1914 dvajca se borele na ista kota eden sproti drug bez da znaat.

Најди! во Утрински
Политика
Пустец почна да се буди
Парите во хуманитарни цели
Иванов има план да отвора народни канцеларии
Фрчкоски на симболични средби со граѓаните во пет до 12
Собраниската библиотека со назив „Борис Трајковски“
Се кандидираат во Македонија, но со албанска химна
Бошкоски се заложи за фер избори
На изборите ќе нема толеранција за семејното гласање