Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Анализа Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Фељтон
Политика
02.03.2009, 16:16

Репортажа

Пустец почна да се буди

Постепено се разрешуваат проблемите на најсиромашниот регион во Албанија

Од нашиот известувач
Киро Кипроски

ПУСТЕЦ - Во Пустец, каде што времето како со децении да беше застанато, полека работите се придвижуваат. Таков е барем првиот впечаток при посетата на ова место во регионот Мала Преспа, Република Албанија. Бележиме значителни промени во споредба со претходната посета пред три години. Улиците низ Пустец се асфалтирани, нема повеќе кал и вирови. Забележуваме нови куќи, уредени дворови... И покрај ова, на секој покрив и натаму има пластични буриња за дождовница, која се користи за периодите кога нема доволно вода.

„За две години од функционирањето на Општина Пустец со македонски градоначалник и Совет работите се движат напред“, ни вели Блаже Колевски. Постепено се разрешуваат многу проблеми од секојдневниот живот на жителите на овој најсиромашен регион во Албанија и пошироко.

Силно пече февруарското сонце. Орачите ги подготвуваат плодните површини за пролетната сеидба. Ралото и коњот и натаму се основните орудија за работа за жителите од овој крај. Тракторите овде се вистинска реткост.

При доаѓањето, на албанската страна од границата, многу брзо ги завршивме формалностите. Цариникот на исконски македонски јазик ни посака среќен пат и добар помин. На изненадувањето поради ефикасноста, кратко ни рече: граничниот премин е компјутеризиран, нема повеќе рачно евидентирање.

Во изградба се наоѓа сообраќајницата што ги поврзува селските населби на Мала Преспа со нашата држава. Поради снеговите и ниските температури, на крајот на минатата година работите беа прекинати, а ќе продолжат наскоро, најавува Едмонд Темелко, градоначалник на Општина Пустец. Земјените работи на целата траса се завршени.

Патот е проширен, поставени се потпорни ѕидови, изградени се канали, останува да се постави толчник и да се асфалтираат преостанатите 12 километри.

По патот за Пустец неколку жители со магариња натоварени со дабови дрва се движеа кон своите домови. „Зимата се' уште трае“, ни вели Тодор. „Убавово време го користиме да собереме понекој товар дрва“.

Проблемот со вработувањето беше и останува еден од најгорливите. Во разговорот се вклучија Петре и Тони, кои имаат фирма за ѕидање и изработка на фасади од камен и кои во првите пролетни денови заминуваат на печалба. „Само пет отсто од населението е вработено, а останатите се гурбетчии, како нас. Талкаме по корка леб“, велат тие.

Младиот Нико Трајко очекува со асфалтирањето регионот да се поврзе со Македонија, убавата природа што им ја подарил господ ќе ја промовираат во светот, а со тоа голем број млади луѓе ќе најдат вработување во туризмот, угостителството, трговијата...

Годинава, како што не' информира градоначалникот Едмонд Темелко, на Македонците од регионот на Мала Преспа ќе им се исполни вековниот сон да добијат универзитет. Американски универзитет ќе вложи за изградба на зграда во која ќе биде сместен универзитетот, за опрема и за се' што е неопходно да функционира. Сопствениците ги подготвуваат потребните документи, а напролет се очекува да започне реализацијата на овој капитален и мошне значаен објект за жителите на Мала Преспа, Албанија, Македонија и на Балканот. Во универзитетот како технички и друг персонал вработување ќе најдат десетици лица од Пустец.

Сретсело во фаза на карабина се наоѓа црквата „Свети архангел Михаил“, за која велат дека ќе биде најубава црква во Албанија. Темелите се поставени на стара црква изградена во 1754 година. Проектот го изработил инж. арх. Тодор Паскали од Охрид. Темелите беа осветени во декември 2002 година.

„Црквата се гради со години и ќе се изгради“, ни вели Васил Стерјовски, потпретседател на Општина Пустец. „За овие две години со зафатите што ги презедовме колку-толку му го олеснивме животот на населението. Многу комунални проблеми разрешивме, на пат сме да разрешиме и други. Засега најголем проблем е вработувањето. Треба да се градат погони, да се отвораат нови работни места, а со тоа да го спречиме иселувањето на младите, да не одат на печалба во странство“, вели тој.

Напролет, како што не' информираа членови на Иницијативниот одбор, ќе продолжат работите на изградба на црквата. Се прават напори за обезбедување средства за живописување на куполите и на ѕидовите на црквата. Годинава се очекува во непосредна близина на црквата да започне и изградбата на манастирските конаци.

Престојот во Мала Преспа го завршивме во ресторанот, сопственост на Крсте Секулоски, што се наоѓа на самиот брег на Преспанско Езеро, во селото Зрновско, оддалечено околу два-три километри од општинскиот центар Пустец. Крапот што беше фатен во езерото пред да дојдеме беше приготвен во тава со сос, со неповторлив вкус, но Секулоски не сакаше да ни го каже рецептот.

Во доцните вечерни часови го напуштивме Пустец. По пат ни одѕвонуваа зборовите на 86-годишниот дедо Иљо, кого го сретнавме во с. Зрновско: „Да речеш Македонија, Македонец е колај работа, да бидеш Македонец, да размислуваш македонски и да се бориш за Македонија е тешко...“ Тој пет години бил војник, а уште толку лежел во енверхоџинските затвори. Ни зборуваше за тие тешки времиња и за неверувањето дека и тој ќе ја почувствува толку посакуваната слобода, а му се исполнила и желбата да ја посети Македонија...


Статијата е прочитана 2303 пати.

Испрати коментар



Собраниската библиотека со назив „Борис Трајковски“
Здружение на Егејци влезе во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ
На изборите ќе нема толеранција за семејното гласање
Бошкоски се заложи за фер избори
Парите во хуманитарни цели
Се кандидираат во Македонија, но со албанска химна
Фрчкоски на симболични средби со граѓаните во пет до 12
Иванов има план да отвора народни канцеларии



Bitola, 03.03.2009 00:56:43
Ami ke mu trgni rabotata ,tie se vo NATO neli?
Кочани, 03.03.2009 07:53:56
Напред Македонци од Мала Преспа. Движете се напред, иднината е пред вас. Да живеаат Македонците од Мала Преспа.
zelezara, 03.03.2009 09:13:18
Abe ovie pobrzo se razvivaat od Makedonija
Македонија, 03.03.2009 10:03:05
Среќно брака и сестри,продолжете да се унапредувате..градете е земјата која е сакате и таму е Македонија...Македонија нека почне одтаму да напредува,кога веке од ваму неможе..Господ нека е со Вас.
Лирим, 03.03.2009 10:49:44
„За две години од функционирањето на Општина Пустец со македонски градоначалник и Совет работите се движат напред“!!!!!! Мислам не знам што да коментирам на оваа самобендисаност. Пустец е асфалтиран затоа што цела Албанија се асфалтира и зашто Албанија оди напред. До пред 6-7 години пола Тирана не беше асфалтирана ама видете сега!
Risto Gusterov, 03.03.2009 13:31:14
Ocekuvav deka G-not Kiprovski barem simbolicno ke go spomene moeto ime. Zosto??? Barem na nekoj nacin toa ke mi napravese cest i ke mi znacese kako satisfakcija za toa sto barem malku napraviv za novoizgradenata crkva vo Pustec. A sto e toa sto bese napraveno? Ako ne gi donirav potrebnite sredstva za izgradbata,na toa mesto i den denes ke imase samo kup kamenja. Ako zaedno so G-Catlevski,G-n Sarkovski i G-n Orce,site od Ordenot SV.Stanislav,ne doniravme sredstva crkvata ke ostanese do denes bez pokriv. Sledno sto pravam napor e da se zavrsat vnatresnite raboti i oslikuvanjeto kako bi mozele nasite luge od Pustec da imat mesto i da se custvuvat i ponatamu kako silni Makedonci. Ako namerata na Kiprovki bila da se negira filantropskata aktivnost na Gusterov i na site drugi koj pravat napori da pomognat,togas neka mu sluzi na cest kako mal makedonec.
pogled, 03.03.2009 13:46:24
1. Честито, 2. Ако очекувате некаков градежен бум на објекти, водете грижа за долгорочни урбанистички концепции на населбите. Не правете ја грешката како кај нас, кој каде што ќе стигне да гради.
Dejan, 03.03.2009 13:57:50
Lirim vo pravo si haha,sum bil 2 pati do Drac i sega navistina e napraven super.Cela Albanija se asfaltira-samobendisani bevme , taka e haha.
ile, Pustec, 03.03.2009 17:51:16
Во Пустец работите се придвижуваат???? Да драги мои, се движат но кон замирање!!!!!! Нека каже кој што сака, само Ве молам не проценувајте и оценувајте со само една прошетка низ Мала Преспа. Треба да се живее и доживее тоа место па да се осети придвижувањето!! Улиците низ Пустец се асфалтирани. Да, додека другите села се дават во кал и вирови. Работите се придвижувале?? Па луѓе мои знаете ли дека во тој крај се пие вода од езеро во кое, да ми простите, завршуваат и гомната? Знаете ли дека одговорните не успеваат да издејствуваат да се асвалтираат 10 км пат. Пазете, зборуваме за национален граничен премин. А да не зборуваме за тоа дека тој крај станува Мариово во Албанија. Има многу да се кажува и пишува. Не викам дека е како порано, но работите почнаа да мрдаат благодарејќи на самото население кое се растрча по странство за да спечали за живот. Препишувањето заслуги на некого е чиста лага!!!
02.03.2009, 19:29

Претходен број

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 18°C

Делумно облачно

Вторник
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 8°C

Среда
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
 
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Анализа | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Фељтон |