24.09.2011, 14:55 Најмалку 40 загинати во судирите во Јемен
Силите лојални на претседателот на Јемен Али Абдула Салех убија во главниот град Сана најмалку 40 лица, меѓу кои и војници кои преминале на страната на неговите противници, изјави активист на протестниот одбор во Јемен.
- Над 40 лица загинаа денеска, во судирите кои се одвиваа на неколку локации во Сана, вклучувајќи го „Плоштадот на промената“, епицентар на антирежимските протести, изјаби неименуван активист.
Претходно денеска, лекарот Мохамед ал-Катаби изјави дека најмалку 17 лица загинале, а 55 се ранети во судирите во Сана.
Силите на претседателот Али Абдула Салех, кој ненадејно се врати во Јемен вчера, откако беше ранет во обид за атентат во почетокот на јуни, почнаа после полноќ стрелба на Плоштадот на промената, каде од јануари има камп на опозицијата.
Салех, кој е на власт 33 години, изјави дека нема намера да поднесе оставка, и покрај повиците на демонстрантите и на западните сили на чело со САД.
|