25.09.2011, 12:23 Авионска несреќа во Непал, 19 загинати
При уривањето на малиот патнички авион денес, на пет километри јужно од непалскиот главен град Катманду, загинаа сите 19 патници и членови на екипажот.
Авионот, сопственост на непалската приватна авиокомпанија „Буда Ер“, полетал од Катманду на туристичка обиколка на највисокиот врв во светот Монт Еверест, при што се урнал на враќање кон аеродромот.
Според претставник на аеродормот во Катманду, во леталото имало 16 патници и тројца членови на екипажот. Меѓу патниците, десетмина биле Индијци, тројца Непалци и тројца туристи од други држави.
На територијата на Непал се наоѓаат осум од 14-те највисоки врвови во светот.
|