25.09.2011, 17:12 Парис Хилтон ги шокираше Индијците
Кралицата на скандалите Парис Хилтон, откако не успеа да го задржи вниманието во Холивуд, особено откако и' го укинаа реалното шоу, отиде за Боливуд. Целта на патувањето во Индија не е прочистувањето на духот и барање одговори што ги поставува космосот, туку промоција на нејзините нови чанти.
Арно ама, и таму не помина блескаво. Во прилично конзервативна Индија, кадешто ѕвездите на црвениот тепих знаат да се појават во традиционално сари, таа облече дрско мини-здолниште со што прилично ги шокира Индијците. Освен тоа, големи индиски ѕвезди што ги повика Парис на промоцијата, не се појавија воопшто, зашто (објавија на Твитер) „имаат поважна работа“.
Како и да е, Парис има големи планови во Индија - преговара за снимање реклами , серии и филмови. |