05.10.2011, 11:29 Две меѓународни награди за проектот „Amazing Macedonia“
Како што соопшти продукцијата „Трето уво“, свеченото доделување на наградите ќе се одржи во рамки на 14-от Меѓународен фестивал на туристички филмови во Сплит, од 12 - 14 октомври годинава.
Аудио визуелниот проект (40-минутна видео презентација во двд формат) „Amazing Macedonia“ - „Волшебна Македонија“, издание на „Трето уво“, во септември годинава беше номиниран и ја освои престижната награда „Golden Interstas“ - „Златен Интерстас“ што ја доделува Европската Федерација на туристички новинари со седиште во Рим, Италија.
Како што соопшти продукцијата „Трето уво“, свеченото доделување на наградите ќе се одржи во рамки на 14-от Меѓународен фестивал на туристички филмови во Сплит, од 12 - 14 октомври годинава.
Овој фестивал е под специјално покровителство на хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ.
Филмот има и номинација за престижната Гран при награда на Меѓународниот фестивал на туристички филмови во Сплит.
Овој филм, во мај годинава беше прикажан и влезе во официјална конкуренција на 47-от Фестивал на туристички филмови во Лече, Италија каде доби Специјална награда за културолошко, историско и амбиентално претставување на Македонија. Овој Фестивал беше под специјално покровителство на италијаскиот претседател Џорџо Наполитано.
Заради тоа, по покана од претседателот на Светската Федерација на Туристички филмови, продуцентот на филмот, Иво Јанкоски лично ќе отпатува во Сплит од 12-14 октомври годинава, каде ќе му бидат врачени двете веќе освоени награди.
- Доколку филмот освои Гран при на фестивалот во Сплит, тогаш проектот „Волшебна Македонија“ ќе се врати со дури три престижни меѓународни признанија, што претставува најголем успех за еден македонски филм во категоријата на туристички филмови досега, информираат од „Трето уво“.
|